Фудбал

Себа Џовинко во Америка како Меси во Европа

Иако е висок само 163 сантиметри, ’Атомската мравка’ од меч во меч докажува зошто важи за главна ѕвезда во МЛС. Во дресот на Торонто синоќа постигна еврогол од слободен удар против мексикански Тигрес и го внесе својот клуб во полуфинале на американската Лига на шампиони.

Сакаш 10 метри да го продолжиме голот за тебе?

Голманот исплива, едниот играч падна, а другиот застана на гол за да го спасува без раце. И во таква ситуација црепот промаши. Се работи за фудбалер на Ал Ахли на меч во азиската Лига на шампиони.

Бебето кое сака да прави мексикански бранови

Роден за лидер уште од најрана возраст. Браво мали!

Мурињо пак одби да признае пораз и го обвини својот клуб

Само што влезе во игра шпицот на Севиља Висам Бен Једер во рок од 4 минути даде два гола и го исфрли Манчестер Јунајтед од Лига на шампионите. Жозе Мурињо после мечот имаше скандалозно излагање.

Сонот на Јане се оствари, се запозна со Пол Погба

Долго најавуваната средба меѓу Јане Велковски од Скопје и ѕвездата на Манчестер Јунајтед конечно се оствари. Погба го пречека малиот јунак и заедно со семејството го смести во ВИП ложата на Олд Трафорд.

Фото на денот

Ако на некој уште не му е јасно што му се случи синоќа на Манчестер, Мурињо, господинот 120 милиони евра, а особено на Крис Смолинг, ќе сфатите од фотографијава.

Дриблингот на сезоната во Лига на шампиони

Ако синоќа не ја гледавте Рома - Шахтјор, тогаш бидете сигурни дека сте го испуштиле мадафака потегот на сезоната во елитното натпреварување. Го направи Бразилецот Исмаили Дос Сантос, а еден навивач искоментира под видеото: Мене ме боли колено кога го гледам ова.

Кој губи има право да го бутне детето за топки преку реклама

Рома слави пласман во четвртфиналето на ЛШ откако со 1-0 го победи Шахтјор. Гостите од Украина (пола екипа Бразилци) изгубија нерви во финишот па Факундо Фереира со сета сила турна едно од децата што собираат топки преку рекламите.

Односот на фудбалер платен 120 милиони евра

Не за џабе Мурињо го седна на клупа. Што ако за него Манчестер изброи 89 милиони фунти?

Биг Бен Једер го олади Мурињо, Севиља го исфрли Манчестер

Фудбалерите на Севиља за првпат во клупската историја се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако на „Олд Трафорд“ го победија Јунајтед со 1:2. Рома патува во следна фаза после десет години.

Како се бркаа(т) Јуве и Наполи на табела

Главниот конкурент во борбата за титулата на Јуве изминативе неколку сезони му е Наполи кој никако да го направи тој исчекор за да го зграпчи толку посакуваното Скудето уште од времето на Марадона. Како да подзагубија чекор и овој пат.

Мурињо и новинарските (глупави) прашања

Жозе е еден од оние ликови кој или го сакате или го мразите. На моменти изгледа арогантен, на моменти комичен, ама секогаш е отворен и работите на новинарите им ги кажува (плеска) во лице, онака како што ги мисли. Ова е најновата компилација од тие негови циркузи.

Фризура на денот

Изгледа дека Маруан Фелаини е решен да биде трол број 1 меѓу англиските навивачи, се додека биде дел од англискиот фудбал. Ја објави својата најнова фризура со која ќе се појави на насловна страница во магазинот GQ Style. Гасете нетот, ама од штекер.

Па има ли нормален голман?

Со должна почит за нивниот лик и дело, ама ние веруваме во онаа маалската дека за да бидеш добар голман треба да си малку така.

45 години наполни „пит-булот“ Едгар Давидс

„Си лета времето“ е првата помисла на навивачите на Ајакс, Јувентус и Барселона кога му честитаат роденден на еден од најомилените нивни фудбалери во клупската историја.

Манчестер Јунајтед го пречека Јане од Скопје

Она што се најавуваше и се очекуваше дека ќе му се случи, му го остварија. Сонот на Јане Велковски стана јаве. Се наоѓа во Манчестер во друштво на големите ѕвезди кои ќе ги гледа во ЛШ.

100 години се Исланѓаните понапред од нас

Што ќе се случува во Исланд на 15 март? Ништо посебно, само една обична промоција на дрес за потребите на Мундијалот во Русија. Ама таа обична промоција тие ја најавуваат на креативен и уникатен начин, затоа што се цареви и со 300.000 народ ќе играат на Светско, а беа на Европско и тоа во топ 8. Ние уште стадион не знаеме да наполниме, а да не зборуваме за некои стадиони во внатрешноста каде чешмите не ги менуваат.

Навивачите на Барселона го свират, а не знаат дека е анксиозен

Португалецот во дресот на Барселона, Андре Гомеш често е мета на критики, навреди, свирежи зошто не покажува ниво вредно на Барселона - но никој не ја знаел неговата душевна состојба.

Како Реал Бетис го билда тимскиот дух

Една од најважните работи за секој фудбалски и општо спортски колектив е играчите да функционираат сложно или како што се вели како семејство. За што поголема опуштеност меѓу нив се погрижи нивниот тренер кој ги разби сувопарните тренинзи делејќи им нова задача, која се покажа како успешна.

Кој е Иван Савидис - газдата на ПАОК кој со пиштол влезе на терен?

Политичар и бизнисмен кој во минатото служел војска во Советската армија. Важи за 30-ти најбогат човек на светот кој го спаси ПАОК од гаснење во 2012. Необично, не зборува грчки јазик иако 30 години живее во Солун.

Грчката влада го суспендираше фудбалското првенство

По гангстерското однесување на газдата на ПАОК кој се шеташе како шериф на терен со пиштол, владата донесе одлука сите натпревари од првата грчка лига да бидат во прекин на неодредено време.

Колку треба да си кромидарник за да плукнеш девојче во фаца

Џејми Карагер е легенда на Ливерпул со 17 години стаж и 700 настапи, но и со манири на тешко сељачиште кој не го пере тоа што се јавил да се извини за крајно идиотскиот потег.

Немој да си Ѕаѕа

После години и години, Валенсија сезонава е на прав пат со врвниот тренер Марселино и со Италијанецот Симоне Ѕаѕа во нападот. Викендов со 2:0 ја победија Севиља но триумфот како да остана во сенка на глупоста на овој вториот кој лошо исценира фаул.

Уште едно лудо Old Firm дерби во Глазгов

Во неделата се одигра еден од најжестоките дерби дуели на светот. Градската битка за Глазгов меѓу Ренџерс и Селтик. „Келтите“ славеа 2:3 после неколку пресврти а во 87. минута напаѓачот на Ренџерс Алфредо Морељос промаши чудесија од шанса за 3:3.