Италијанските претставници во ЛШ ги добија најтешките можни противници на денешната ждрепка во Нион. Јуве налета на Реал, а Рома на Барса. Навивачите на Рома се отворија со разни шеги на своја сметка и тоа бајаги.
На денешната ждрепка во Нион беа извлечени четвртфиналните двојки за Лига на шампиони. На толку силни екипи, се знаеше дека ќе има некое финале пред финалето.
На првото видео што го објавивме тренерот на Лацио од многу радување беше готов да се струполи на земја и некако до некаде се задржа, ама затоа овој пат го направи падот на годината...
Навивачите на Милан веќе неколку кола по ред паѓаат во еуфорија на една нивна песна. На рефренот од таа песна наместо АЦ (Италијанците го викаат Ачи) Милан, синоќа навивачите на Арсенал пееја Оспина. Фино звучеше.
Арсенал го елиминираше Милан во осминафиналето од Лига Европа откако синоќа славеше на вториот дуел со 3:1. Милан поведе и бркаше барем уште еден гол за 0:2, што ќе значеше продолженија, но потоа на сцена стапија судиите.
ЦСКА Москва го направи најголемото изненадување на осминафиналните мечеви од Лига Европа откако со победа од 2:3 на гости го совлада Лион. Во дербито на вечерта Милан го загуби и реваншот од Арсенал, а Борусија не успеа да му возврати на Салцбург.
Фудбалерите на Милан го загубија и вториот осминафинален натпревар во ЛЕ од Арсенал, а дамка на натпреварот фрли судијата кој досуди непостоечки пенал само 4 минути откако Италијанците поведоа на Емирати. Топџиите потоа направија пресврт и славеа 3:1.
Некогашниот напаѓач на Лацио кој многу подобро се снаоѓа како нивни тренер, блескаше од радост кога Лацио поведе 0:2 во Киев и го завери пласманот во топ 8 од ЛЕ. Ама изгледа кондурите му клизаат како копачките.
Стефан Ристовски од клупа ја следеше драмата во Чешка која можеше да ја решат во 90-та минута ако Бас Дост не промашеше пенал. Лацио се извади за ремито во Рим, а во следна фаза патуваат и Атлетико Мадрид, Марсеј и Лајпциг.
Како тргна да се обвива тензијата меѓу Русија и Велика Британија, ништо чудно да се повтори ЕП 1992. Англија во случајов да биде Југославија, а на Италијанците да им се посреќи како на Данска.
По неколку перипетии, фудбалскиот клуб Челси конечно ќе може да почне со изградбата на новиот стадион кој ќе изнесува 1 милијарда фунти. Што бил проблемот со комшијата кој живее до стадионот?
Турските навивачи важат за едни од најфанатичните на свет. Не се случило нов играч или тренер да дојде во нивен клуб а да не го пречекаат еуфорично уште на аеродром. На Диего Коста му оставиле милион коментари на Фејсбук.
Фенербахче и Галатасарај се среќаваат оваа сабота во меч кој многу, ама по многу нешта наликува на една нивна средба од 2012-та година. Како е можно толку да се поклопат фактите?
Првиот му го даде на Панатинаикос и на рекордни 123 средби стигна до јубилејна 100-ка. Антонио Конте по синоќешната елиминација на Челси од ЛШ изјави: „Играчи на нивото на Меси се раѓаат еднаш на 50 години“.
Навивачите на Барселона не можеа да извадат појака парола посветена на осмиот човек во историјата на фудбалот кој стигна до 600 голови во кариерата за клуп и репрезентација.
Во 67. минута од мечот Барселона - Челси на теренот од клупа влезе Алваро Мората. Шпанецот е дете на Реал Мадрид па „Ноу Камп“ го исвиркуваше со сета сила. Ни центарфорот не им остана должен, ама сега ризикува суспензија.
По ремито во Лондон, фудбалерите на Челси капитулираа на Камп Ноу со пораз од 3:0. Меси стигна до 100 гола во ЛШ на 123 настапи, а првиот го постигна за рекордни 128 секунди во кариерата. Барса поведе 2:0 од првите два шута во гол.
Сте виделе ли човек со 14 освоени титули за Реал Мадрид од кои 3 во ЛШ, како и 5 Златни топки да трча по топка позади гол? Со оглед на тоа што нема да го препознаете на видеото, според параметрите сигурно ви е јасно за кој станува збор. Кристијано Роналдо во улога на совесен татко кој го поштедува синот.
Откако му се приклучи на Манчестер Јунајтед исчезна, особено на настапот против Севиља во понижувачкиот пораз од ЛШ, типичен за играч кој го изгубил патот. Повеќе се разгледува неговото позирање со кучето на Инстаграм, отколку нивото на кое игра.
Само е прашање на време кога претседателот на Лацио Клаудио Лотито ќе се ракува со милионерите од Париз, Мадрид или Манчестер за успешно завршена зделка за детето кое седеше на клупа во новосадска Војводина а од кого Римјаните направија ѕвер.