Она што се шпекулираше, а многумина го претпоставуваа и очекуваа, вечерва само се официјализираше. Плејмејкерот на Реал Мадрид и Хрватска, Лука Модрид е новиот освојувач на Златната топка.
Поради настапите на Наполи во Лигата на шампионите (триумф од 3:1 над Црвена звезда), мечот против Аталанта во Бергамо ќе го одиграат вечерва од 20:30. Но можно е и да не се одигра ако се случи тоа што со денови се најавува.
Здравко Мамиќ престојува како бегалец во БиХ, бидејќи во Хрватска е осуден на шест и пол години затвор. Организира прес конференција и таа минува во негов стил, со таа разлика што сега се најде јунак меѓу новинарите да му го плесне во фаца, ама во Мамиќ стил.
Заморот е нешто на што ние фудбалерите не би смееле ниту да помислиме, вели човекот кој и пркосеше на најопасната болест (два пати) и кој го брка рекордот на Хавиер Занети.
Во Чемпионшип сезонава е весело: Лампард го тренира Дерби и добро му оди (го елиминираше Манчестер Јунајтед од Купот), Лидс на нашиот Алиоски предводен од Карлос Бјелса дава многу голови и има најава за фантастичен втор дел од сезоната.
Се вика Карлес Алења, роден е во едно мало каталонско градче. Има 20 години и веќе го сметаат за можен наследник на Чави во средниот ред. Синоќа на додавање на својот идол го даде првиот гол во шпанското првенство.
Дерби е, и тоа она меѓу ПСВ и Феенорд. Домаќините имаат шанса за гол, а гостите им ја уништуваат и создаваат конфузија на терен на ептен нечесен начин, со уфрлување на уште една топка на терен. Колку ниско.
Со голот на Адем Љаиќ, Бешикташ го доби големото турско дерби против Галатасарај, а неговиот колега од одбрана, Хрватот Вида демонстрираше потег кој сигурно високо би го оцениле Кјелини и Бонучи. Многу искусно и интелигентно изведено.
Во престолнината на Република Ирска, Даблин, во 12 часот по средноевропско време се извлекоа квалификациските групи за ЕП 2020 година кое за првпат во историјата ќе се игра на различни места во повеќе градови.
Галатасарај денеска од 18 часот има дерби со Бешикташ, а последниот тренинг го одржаа со слаба посетеност од само 40.541 навивачи, само. Па и атмосферава не им е ништо посебно, нели?
За овој многу многу многу импресивен потег, потребни се многу многу многу муда и памет. На Фабиан Делф од Манчестер Сити не му чуеше за ризикот. Ф-р-а-е-р-ч-и-н-а.
Инспирирани од вчерашниот ден на СФРЈ кој на времето се празнуваше на 29-ти ноември, одиме со најносталгичната фудбалска приказна на овие простори. Последната нивна победа, последниот меч и начинот на кој и беше ставена бодликава жица да не може да припари на ЕП 1992.
Суперкласико нема крај. По сè што се случуваше, на крајот од Конмебол решиле и официјално реваншот да се игра на стадионот на Реал Мадрид. Фрштат казни на сите страни.
Групата Ј во Лига Европа е најзаплеткана. Севиља и Стандард Лиеж имаат по 9 бода на второто и третото место и во последното коло ќе се борат за пласман понатаму. Синоќа во Белгија Стандард славеше со 1-0 а на крајот можеше и поубедливо. 93’ минута во судиското продолжение - легендарна акција:
Баерн со 5-1 ја прегази Бенфика а играч на мечот беше Арјен Робен со два прекрасни гола уште во првото полувреме. Едниот може да пробате да го изведете на Сони Плејстејшн.
Не дека е престарен, има 32 години, ама по заминувањето од Јунајтед никогаш не се врати во препознатливата форма. Конечно и од него да видиме нешто. Ја измеша цела одбрана, во стилот на Меси или па Кристијано Роналдо, човекот кој го имитираше кога играа заедно на Олд Трафорд.
Фудбалерите на Олимпик Марсеј и дефинитивно го потврдија својот дебакл во Лига Европа каде по 5 кола останаа со само еден бод. Синоќа загубија 4:0 од Ајнтрахт Франкфурт со 4:0, а еден од тие голови сами си го пикнаа. Стрелец Луиз Густаво. Трагедија.
Пред 20 години едно голобрадо момче влезе како замена за Вегард Хегем во последните моменти од дуелот Ливерпул - Блекбурн. Имаше 18 години, а првата желба му беше да стане првотимец. Остај што му успеа тоа, него помина само со скромни 710 настапи и 186 голови. Стивен Џерард е една од оние легенди кои ќе те “натераат“ да навиваш за Ливерпул.
Пред 45 години во Кардиф се роди една од најјаките фудбалски легенди со број 11 без кој ништо немаше да биде исто во Манчестер Јунајтед и Премиер лигата. Мега спортист со лавовско срце кое никогаш не знаеше да папса по таа лева страна. Господ знае колку километри истрча.
Додека кај нас изумре и она „јави се јужна“ или „уууу, уууу, аааа, аааа, Македонија, Македонија“, некои клубови равиваат и гаат посебна хемија со своите навивачи. Вака тоа го правеа Трабзпор после триумфот над Фенербахче. Јако.
Порано вакви голови даваше само Пеле, а сега кој стигне, односно кој умее, а можат многу повеќе од тоа време. Најслатно е што ја прими на гради и сам си ја намести. Тоа се тие елементи за совршени ножички кои би требало да бидат прогласени за гол на годината во Мексико. Авторот е Габриел Фунес Мори, брат близнак на Рамиро Фунес Мори кој игра за Виљареал.
И покрај двете победи по ред во Лига на нации, македонската фудбалска репрезентација останува на истата позиција на рангот на ФИФА која ја држи веќе три месеци.
Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Барселона, Порто и Шалке се вечерашните осминафиналисти од ЛШ. Тотенхем и Интер за нокаут фаза ќе се борат во последно коло, а тогаш ќе има разврска и во групата на смртта, каде вечерва Ѕвезда беше елиминирана во Неапол.