За Њупорт сезонава ова е сензација број 2 во ФА Купот. Прво го елиминираше Лестер, а синоќа и Милдсброу кој по оние 1:1 на гости, синоќа на домашен терен го совлада со 2:0.
Средбата го одбележа голманот на домаќините Џо Деј кој после последниот свиреж отиде кај тренерот и му рече: Тренеру, тепавме што тепавме, може ли да бегам сега, жена ми се пораѓа? Шибај му врати тој. Колку јак момент.
Инаку голманот за време на натпреварот го држел исклучен телефонот и немал појма дека жена му била итно примена во болница за да се породи.
"He said gaffer, thank you so much, can I go please?"
— Football on BT Sport (@btsportfootball) February 5, 2019
Newport County goalkeeper Joe Day cut his celebrations short as his wife went into labour during the game!
Now that is dedication to the cause 👊 #DontMugOffTheCup pic.twitter.com/rotTqYtjAR
На Њупорт во следно коло му се падна Манчестер Сити.
А на Џо Деј покрај Сити, му се паднаа близнаци. Нека му се живи и здрави.