Фудбал

Дуото на Македонија го однесе Палермо на челна позиција

Кога Нестогол и Алекс играат во прв тим, одма е друго. Палермо освојува бодови на гости кои го носат на лидерското место и тоа со натпревар помалку.

По што го препознале напаѓачот на автобусот на Бока во Буенос Аирес

Извесен Мартин Фирпо е човекот кој фрла голем камен кон автобусот на Бока Јуниорс при што неколку фудбалери се повредени од скршените стакла. Полицијата го препознала и го уапсила, а тој изјавил дека се кае за тоа што го направил затоа што не размислувал во моментот на афект и адреналин.

А голманката кој ја врти а?

Лош, многу лош анти фер плеј потег во австралискиот женски фудбал. Па уште се прави наивна, демек сè си е ок, нема ништо спорно.

Пази ова: Навивач на Свиндон не пропуштил натпревар од 1981-ва година

Јунакот на приказнава се вика Дерек Елстон. Последен пат пропуштил натпревар на неговиот Свиндон на 5 декември 1981 година. Дали врнело, дали било топло, дали се оперирал или немал пари за бензин - ништо не го спречувало да патува за омилениот тим.

По колку кила кревал Хавиер Занети на нозе во теретана

За челичните бутови на легендата на Интер, не знае само оној што не прател фудбал. Тие му беа заштитен знак и со нив се движеше и пробиваше како товарен воз кој немаше човек кој можеше да го сопре. Си вежбал човекот.

Не само Барса, и Реал извади голобради таленти

Новиот тренер на Реал, Сантијаго Солари одлично ги познава децата од академијата на клубот затоа што неколку сезони ги водеше во Кастиља. За реваншот од Купот на Шпанија против анонимната Мелиља (6:1), Солари реши да одмори неколку првотимци и да им даде шанса на најмладите.

Видео од кое ќе ве здоболи глава

Ова е едно од оние видеа на кои тешко е да се даде опис и уште потешко е да се разберат. Нејсе, битно него да му е добро, а личи дека е така.

Дресовите во кои Барселона ќе игра следната сезона

Мешавина меѓу иновација и традиција - Каталонската гордост следната сезона ќе носи нови дресови кои донесоа различни коментари по социјалните мрежи.

АС: Реал Мадрид сериозно заинтересиран за Елиф Елмас

Реномираниот шпански АС, се повикува на македонскиот портал Скопје24 и на насловната страна на својот сајт објавува занимлива вест.

Асистенцијата на скорешниот италијански премиер Ренци

Матео Ренци пред неколку години важеше за еден од подобрите градоначалници на Фиренца, а подоцна стана најмладиот премиер во историјата на Италија. Денес е лидер на политичка партија и одвреме-навреме игра фудбал со сопартијците. Ама добро игра.

Многу брутална шега на сметка на Рома

Твитерџијата на Рома е број 1 за хумор, сатира и сè што спаѓа во мајтап и реметење. Но овој пат доби тешка задача, а тоа е да одговори на овој тежок трол.

Пеналот на тајландскиот Роберто Баџо

Азиското фудбалско првенство 2018 донесе голем интерес на овој континент. Преполни стадиони, многу голови, акции, шанси. Синоќа во реваншот од полуфиналето играа Тајланд и Малезија. Првиот меч завршил 0-0 а реваншот 2-2. Во 95’ минута од мечот, најдобриот стрелец и играч на целиот шампионат, Тајланѓанецот Адисак Краисорн (8 постигнати гола), добива пенал да ја однесе својата земја во финале.

Најголемиот татин син кој со врски заигра во Лига на шампиони

Навивачите на Локомотив Москва веќе му посветија еден ироничен standing ovation во моментот кога дебитираше во Лигата на шампионите против Галатасарај. За се бил заслужен татко му кој е гигант во Русија и близок пријател на Путин.

За Барса заигра и малиот вундеркинд Рики Пуч

Додека Меси и Суарез беа на трибини со синовите, на теренот Барселона со 4-1 ја совлада Леонеса во шпанскиот Копа дел Реј и се пласираше во осминафиналето. Моменти за одбележување се трите асистенции на Иван Ракитиќ, двата гола на Денис Суарез и дебито со асистенција на Рики Пуч (19) кој влезе во 55’ минута место Бускетц (Ориол не Серџио).

Сељачката

Пеналот нема да го коментираме, бидејќи судијата беше блиску и веројатно виде дека сопката е внатре, ама затоа ќе го коментираме начинот на изведување. Па добро бе, можеш ли појако од ова? Стадионот се стресе, а не па пречката.

Црвен е малку за потегов на Фелаини

Сме виделе многу неспортски потези во фудбалот, ама ваков потег, па уште во Премиер лига е некако многу срамно да се направи. Како ќе му беше него вака да го влечеа за коса, која ја имаше како грмушка.

Како ли да го крстиме овој дриблинг?

Какви нинџи излегуваат од ова саливе да се чуди човек. Голманов после ова побарал да не го ставаат повеќе на гол.

Диригентот Унаи Емери за четвртиот гол на Арсенал

Арсенал и Тотенхем во неделата го одиграа најдобриот меч во сезоната во Премиер лигата. Градското дерби го добија „топџиите“ со 4:2 после пресврт (беше 1:2), а последниот гол на мечот кој го даде Лукас Тореира беше поведен од маестро Емери.

Едни кикирики па може да ти направат беља

Синоќа во Франција играа Монпеље и Лил. Гостите славеа 0-1 иако во 80’ минута Монпеље можеше да израмни на неферски начин. Откако домашните навивачи го гаѓале голманот на гостите Мајк Маињан со кеса кикирики, овој ја исфрлил топката во аут за да се пожали кај судијата. Ама овие си ја изведоа ко ништо да не било па Маињан мораше да спасува чист гол.

Голот пред син ми по кој може да одам во пензија

Ја почна кариерата во Торино во 1996-та кога Мбапе и Донарума не биле родени. Од 2002-ра во Киево се менуваат играчи и тренери, а тој не мрда. Активен е 23 сезони од кои 17 на Бентегоди. Не е славен како Тоти, ама жилав и упорен е како него. Се работи за идолот на навивачите на Киево.

Колку луѓе и клубови го одбиле малиот Модриќ зошто бил слаб и низок

Околностите во кои се наоѓал најдобриот фудбалер на светот за 2018, секого би натерале да крене раце од сè и да се занимава со нешто трето. Но не и Модриќ кој ги издржал сите омаловажувања и потценувања.

Најкреативните и најсмешните голови во историјата на фудбалот

Имаме куса компилација од 11 голови која трае помалку од 1 минута. Пола ни се познати, на пола се изнасмеавме. Видеово е циркуз медрано, да не знае човек што попрво да издвои, дали пеналџијата, тој со аутот или цурите од слободен удар.

Аха да, ќе ти веруваме со тој опасен брк дека имаш 16 години

Најмладиот стрелец во Индија на 16 години се испостави дека нема уствари 16 години. Лага многу добро позната во индискиот фудбал која се има случено и во една Италија.

Најјакиот скаут во Европа кој ги открил Модриќ, Мбапе, Шкриниар и Икарди

Откако стигнал до врвот и бил главен оперативец на Монако, Тотенхем и Сампдорија, сите мислеле дека Роберто Печини ќе оди во некој од гигантите, но тој се решава за скромен живот и ги шокира сите со одлуката да стане шеф на скаут служба во едно мало симпатично клупче.