Фудбал

И Левандовски на актерскиот список

Па пауза од скоро два месеци, Роберт Левандовски постигна гол за Барселона, која славеше 1:3 на гостувањето против Алавес. Во еден момент полскиот напаѓач влезе во непотребен глумачки фазон, нетипичен за него.

Прва топка заборав нема

Фудбалот е игра за сите и стари и млади и машко и женско. Доказ за тоа е и еден симпатичен дедо кој носталгично подигрува.

Голчиштето на Кварацхелија за пресврт и победа на Наполи

Шампионот на Италија игра многу слаба сезона и се наоѓа на седма позиција со само 35 бода или -22 зад лидерот Интер. Во 22. коло ја запишаа 10-та победа и тоа едвај против Верона која се бори за опстанок. Гостите поведоа во 72-ра минута, а Наполитанците се вратија со помош на автогол, а потоа со мајсторија на Кварацхелија кој е далеку од ланската форма.

Како Атлетико го шокираше Реал во продолжение?

Шпанскиот репрезентативец и некогашно дете на Реал Мадрид, Маркос Љоренте (29) во длабоко судиско продолжение погоди против „кралскиот клуб“ и му донесе злато вреден бод на Атлетико Мадрид кој со Барселона и Жирона останува во трка за титулата.

Арапски коментатор ја пееше мундијалската химна на Шакира за време на последниот пенал

Зеленортските острови го изведуваат последниот пенал против Јужна Африка во четвртфиналето кој ќе го промашат и ќе загубат со 2:1. Коментаторот го пее хитот на Шакира од СП Јужна Африка 2010. Каков цар.

Поентата беше да ја расчистиш, а не да си ја збрцаш во гол

Во бразилскиот шампионат Атлетико Паранаенсе го совлада ПСТЦ со 4:0. Во 40 минута при резултат 0:0, голманот на домашниот тим фати пенал, ама не знаеше дека има соиграч од сомнителен калибар кој ќе конкурира за автогол на годината.

Историски подвиг на голманот на Јужна Африка со 4 одбранети пенали вредни полуфинале

Африканскиот Куп на нации влегува во самата завршница на спектакуларен начин. Ронвен Вилијамс направи нешто кое не му успеало на ниту еден друг голман, па дури ни на Европско и Светско првенство.

Миовски прави дар-мар, погоди и против големиот Селтик

Абердин минатата недела го отпушти тренерот поради многу послабите резултати за разлика од лани, па попладнево со нов тренер извадија голем бод против шампионот Селтик. Бојан Миовски денес беше прецизен и против „келтите“, со мајсторски гол го совлада ветеранот Џо Харт во 50' минута. Селтик израмни во 63' минута преку Никола-Герит Кун.

Роналдо се смешкаше додека Меси одеше во кадар

Ал Наср го растури Интер Мајами со 6:0 во пријателски меч одигран во Ријад, Саудиска Арабија. Лионел Меси беше на клупата за резерви, влезе пред крајот на дуелот во последните 7-8 минути а Кристијано триумфот го следеше од ложа на трибините.

Кога Рене Игита спасил киднапирано девојче во ерата на Пабло Ескобар, а потоа го уапсиле

Легендарниот јужноамерикански голман кој загуби од Панчев и дружината на Мундијалот во Италија, има освоено Копа Либертадорес, стрелец е на 43 гола во кариерата, но и неправедно бутнат 9 месеци во затвор поради што го пропушти Светско во САД.

Драмата на фудбалерот на Ирак кој доби црвен картон за имитација

За време на осминафиналниот меч од Купот на Азија меѓу Јордан и Ирак кој Јорданците го добија 3:2, ирачкиот центарфор доби црвен картон поради една необична епизода.

Кралски пречек за Видал во Чиле, со коњ на терен

Кралот Арту како што го викаат навивачите на Коло Коло, имаше вистинско шоу на враќање во својот матичен клуб по цели 17 години одисеја по светот.

Белингем на сред меч го нарече Гринвуд силувач

Со двата гола на Хоселу Мато, Реал Мадрид го доби Хетафе со 0:2 и сега е прв на табела со +2 пред Жирона и +10 пред Атлетико и Барса. Џуд Белингем беше уловен во непријатна ситуација. Го нарече мејсон гринвуд „силувач“, за што може да биде казнет. Инаку додека играше за Манчестер Јунајтед Гринвуд беше обвинен за силување, но до судење никогаш не дојде.

Ал Наср го понижи Интер Мајами со 6:0, Лапорт даде гол од 70 метри

Беше најавувано како шоу меѓу Роналдо и Меси, но Португалец не играше поради повреда, а Меси влезе во 84 минута. Но и без нив, пријателската меѓу екипите кои се прославија поради двете мега ѕвезди, заврши со спектакл од 6 комада, сите во мрежата на тимот од САД. Хет-трик на Талиска и лудачки лоб на Лапорт од своја половина.

Велемајсторија на тинејџер на Јунајтед во 97-ма минута за победа од 3:4

Манчестер Јунајтед го доби Вулверхемптон на гости со 3:4 во драматичен финиш. Јунајтед имаше 0:2 и 1:3, но домаќините на два пати стигнаа до израмнување и тоа второто за 3:3 се случи во 95-та минута со голот на Педро Нето. Само 2 минути подоцна 18 годишниот Коби Мејно, кој пред само пет дена даде деби гол за првиот тим во ФА Купот, ја почувствува првата радост и во Премиер лигата.

Дел Пјеро на квиз кај прекрасната Елеонора

Легендарниот италијански напаѓач успеа да остане концентриран и да гледа во амблемите на клубовите, според кои треба да погоди за кој играч се работи. Заврши со 4/4.

Топ 5 голчишта на Батистута против 5 европски гиганти

Габриел Омар Батистута денеска полни 55 години. Беше славна и моќна аргентинска 9-ка, кој и ден денес важи за икона на Фиорентина. Се повлече пред 20 години со 238 клупски и 54 репрезентативни голови. Му се тресеа голманите. Одиме со негови неодбранливи мајстории против Арсенал, Манчестер Јунајтед, Барселона, Јувентус и Интер.

И Алкараз го прокоментира трансферот во Јувентус

Вториот најдобар тенисер на светот според АТП листата не остана имун на бранот духовити коментари по повод трансферот на аргентинскиот фудбалер Карлос Алкараз (21) од Саутемптон во Јувентус. Исто име и презиме имаат па многумина се зачудија од кај тенисерот оди во Јуве.

Ливерпул го декласираше Челси, малиот Бредли направи дар-мар

Фудбалерите на Ливерпул играат во страшна форма а доказ за тоа е и триумфот од 4-1 над Челси во дербито на Премиер лигата. Сините ги отвори Диого Жота со фантастичен соло продор уште во 23’ минута. А сите зборуваат и за 20-годишниот бек на Ливерпул Конор Бредли кој го постигна вториот гол, имаш и две асистенции и заслужено беше играч на мечот, вторпат во само три дена!

Имаше ли фаул на Гризман пред решавачкиот гол на Атлетико против Рајо во 90-та?

Рајо Ваљекано се држеше 90 минути против фаворитот и имаше 1:1. Во 81-ва минута на Депај му беше поништен гол со ВАР поради офсајд, а 9 минути подоцна се надзираше иста судиска одлука. Гризман му асистираше на холандскиот напаѓач кој погоди за 2:1, но претходно во дуел игра го собори противникот за што гостите бараа повторно поништување, а нивниот тренер Франциско Родригез доби црвен.

Болницата на Барселона и кам бекот на сите повредени

Каталонците синоќа ја совладаа Осасуна со 1:0 и се на делба на трета и четврта позиција со Атлетико Мадрид. Сезоната им е доста проблематична. Заостануваат -8 од лидерската позиција, Чави најави заминување и плус имаат долга листа на повредени. Овој месец се најавува враќање на Жоао Феликс, Рафиња, Маркос Алонсо, а Гави ќе го немаат до крај на располагање.

Кога не може на терен, само вака знае да врати

Не бива повеќе фудбалер од Нејмар, а човек на место никогаш не ни бил. Вакво простачко однесување не поминува кога веќе си станал светска ѕвезда која влече многу фанови, особено деца.

Хендерсон во Ајакс направил рекорд во продажба на дресови уште пред да заигра

Јануарскиот преоден рок привршува тивко, без некој бомбастичен трансфер. Се појавуваат првите незадоволства кај ѕвездите кои заминаа на дебело кеширање кај Арапите. Кам бек во Европа направи Џордан Хендерсон и веднаш направи бум.

Го знаете ли вие Елајџа Анулувапо Олуваферанми Олувалана Адебајо?

Денес на големо се зборува за мечот меѓу Лутон и Брајтон кој домаќините неочекувано го добија убедливо 4-0, а веќе после 127 секунди водеа 2-0. Хет-трик на мечот постигнал еден интересен Нигериец роден во Англија.