Фудбал

Во Кина одат на фудбал со роботи

Колку што фудбалската репрезентација на Кина не им носи радости на тамошните навивачи со бледите резултати, толку е голем интересот за фудбал со вештачка интелегенција. Играат роботи, 3 на 3 на терен со вештачка трева. Во Пекинг се играат Светски игри на хуманоидни роботи а турнирот во фудбал им е најинтересен и најпосетен.

Клоп: „За 23 години не бев ни на една свадба, сега на 2 за четири месеци“

Германскиот тренерски великан Јирген Клоп направи револуција и ренесанса во Ливерпул на кого му ја врати старата слава. Освои еден куп шампионски трофеи и признанија и на крај реши да замине.

25 години од најхрабриот пенал во кариерата на Тоти

Кој би рекол дека некој ќе има муда, на ваков начин да шутне пенал во полуфинале на Европско? Франческо Тоти тоа го направи против Холандија на ЕП 2000, после 0:0 во регуларниот дел. Храброста се исплатеше, Италија се пласираше во финале. И како од тогаш да се популаризираше паненката.

Збунувачкиот слободен удар на Џејмс од навивачки агол

Челси ја елиминираше Бенфика во осминафинале со 4:1, но после 1:1 во регуларните 90 минути. Капитенот Рис Џејмс во 2025-та има постигнато три гола, од кои два од слободен удар. Веројатно никој не очекуваше дека вака ќе ја изведе.

Горецка ја опали од 25 метри, голманот споменик

Баерн Минхен ја оправда фаворитската улога против Фламенго со триумф од 4:2. Бразилците си постигнаа автогол уште во 6 минута, два даде Кејн и еден Горецка, најубав на мечот. Голманот не се ни помрдна. Во четвртфинале ќе играат против ПСЖ, реприза на финалетo на ЛШ од 2020-та.

Мануел Ноер одамна не примил ваков гол

Баерн е во четвртфинале со ПСЖ, Жерсон даде чудесија од гол. Баерн Минхен со 4-2 го совлада Фламенго. Баварците после само 20-ина минути веќе имаа водство од два гола предност. Хари Кејн постигна два погодоци а едниот од головите на Фламенго кој го даде Жерсон беше маестрален.

Меси се закачна со Витиња, па се смирија

Во осминафиналето на Светско клупско првенство некогашниот клуб на Лионел Меси, европскиот шампион ПСЖ со 4-0 го растури Интер Мајами. За тимот од САД играа ветераните од Барселона кои имаат 37 и 38 години а ПСЖ лесно се справи со нив. Меси нервозен во еден момент го нападна Португалецот Витиња, но на крајот од мечот се смирија и гушнаа.

Кога Бергкамп се чудеше на сопствена мајсторија

Денис Беркгамп, едно од најкултните холандски фудбалски имиња и се разбира еден од најголемите холандски мајстори во историјата. Има пар голови кои се негова одлика и кои никој ги нема повторено.

Наставнику, ти си луд

Според описот на видеово кое го најдовме, наставници и ученици се собрале да играат фудбал. Игнорирајте го квалитетот на снимката и погледнете го потегов на еден од наставниците. Сте виделе ли некој да продаде ваква финта во маало?

Шева во која нејќеш да бидеш во средина

Фудбалерите на Барселона се загреваат на Вембли пред финалето од ЛШ 2011 против Манчестер Јунајтед. Вртоглавица од гледање се добива, а не па треба да им ја земеш. 

Нецивилизиран потег во тајландскиот фудбал

Се вика Аисарет Ноичаибун и игра за Бангкок, а тоа што му дале црвен картон и три години забрана за играње фудбал е малку. Не сме виделе до сега вакво силеџиство во фудбал. 24 конци заработила жртвата.

За историскиот гол на Алисон Бекер

16 мај 2021-ва. Ливерпул - Вест Хем 1:1, почнува судиско. Се чини неуспешна и разочарувачка сезона за Ливерпул. Им треба победа за да останат во игра за топ 4 и пласман во ЛШ. Од нигде никаде, на центар шут на Арнолд во 95-та минута, скока Бекер, создава вистинска лудница и станува прв голман во историјата на Ливерпул кој успеал да постигне гол. Клоп: Еден од најемотивните моменти во мојот живот. Бекер: Мислам дека Салах повеќе се радуваше на мојот гол, отколку на неговите од цела кариера.

Панчев го објаснува пеналот кој го погоди за европска титула

Вечно култни муабети се овие, неисцрпни веќе 34 години. Дарко го објаснува дуелот со Олмета, вреден трофеј во тогашниот Куп на Европски шампиони. „Кога голманот ќе се скрши на едната страна, ни со такси не може да се врати на другата“, вели Панчев.

Само Руни го има направено ова во МЛС

По блесокот во Евертон и особено во Манчестер Јунајтед, Вејн Руни 2018/2019 ја одигра во ДС Јунајтед. Погледнете на што налетавме од тоа време. Во еден момент се претвори во Фабио Канаваро, а потоа во Дејвид Бекам. Страшно е ова што го одигра.

Кој против кого во нокаут фаза?

Завршија групите од Светското клупско првенство. Ќорав натпревар не изгледавме. Немаше пренос на Арена, јебига. Ама се изнагледавме хајлајтси. Допрва почнуваат јаките битки.

Де бе другар, 7 метри е голем голот

Коџо Фо-До Лаба од Ал Аин, се прослави на Светското во САД со завршница против Видад, која не смее да си ја дозволи ниту на пријателска. Го имаме ли најголемото промашување на мечевите од групната фаза?

Сити му пукна петарда на Јуве, а Савињо испали проектил

По победите против Видад Казабланка и Ал Аин, Манчестер Сити го реши и Јувентус во 3. коло од Светското и тоа убедливо со 5:2. Стрелаа Доку, Калулу (автогол), Халанд, Фоден и Савињо, а за поразениот тим Копмајнерс и Влаховиќ. Бразилецот Савињо ја распали јако.

Кучето што сака гол-аути

Отиде во друга соба.

ФФМ реагирај, Македонец прави дар-мар во МЛС во САД

Горан Пандев неодамна во две интервјуа отворено зборуваше дека лично тој контактирал со млади талентирани деца со македонско потекло од дијаспората но дека наишол на негативни одговори на повикот да го облечат дресот на Македонија. Веруваме дека меѓу нив не е и Милан Илоски.

Како е претседателе Перез?

Колку треба да е мал светот, за да застанеш на семафори и до тебе да се најде Флорентино Перез. Иако зборуваше на телефон, го отвори прозорот и ги испоштува.

Халанд, не оди во длабокото, бранови има

Четворица фудбалери на Манчестер Сити се во вода, ама не е ова Дојран, океан е. Омар Мармуш му мафта и му вика да Халанд да дојде во поплитко.

Нејмар и кога брани, дрибла растура

Бразилецот пред пар дена потпиша нов договор со својот Сантос. Изјави дека таму во родниот и матичен клуб каде израснал и созреал, му е најубаво. Останува во Бразил. Таму се забавува и со младите фудбалери на маалски фудбал.

Аргентинците не знаат да губат

Интер со 2:0 го совлада Ривер Плејт со головите на Бастони и младиот новајлија Еспозито и се пласираше во осминафинале. Играчите на аргентинскиот гигант не навикнати на вакви порази во финишот направија тепачка. Прв инцидентот го почнал Аргентинецот Акуња кој го удрил Дамфрис и го навредил па имало тегнење и во тунелот, во подтрибинскиот простор.

Спектакл со Меси на 9 години, му скандираат „Марадона“

Лео Меси на 24 јуни наполни 38 години и по тој повод интернетот деновиве е преплавен од видеа со него. Неговиот прв клуб Њуелс Олд Бојс извади клип од архива од 1996-та. Уште на 9 години биле јасни работите што доаѓа. Му скандираат „Марадон, Марадон“.