Англија и Косово одиграа меч со дури 8 постигнати гола, а на крајот од дуелот во Саутемптон славеше домаќинот со 5-3. После натпреварот, Стерлинг даваше автограми на навивачите и израдува едно дете.
Додека во Европа се играат квалификации за ЕП, во Азија се борат за влез на СП 2022. Мохсен Мохамед ќе ја памети синоќешната вечер додека е жив, а богами и сите што беа на стадион. Вакво нешто не се гледа ниту во најсилните фудбалски лиги.
Фасцинантно од синоќешните квалификациски натпревари е што Косово успеа на Англија да и даде три гола и тоа на гости. Поведе во 37 секунда, ама затоа до крај на прво прими пет, а во второ даде уште два за конечни 5:3. Автоголот што си го даде е како за во градинка.
Славната кочанска фудбалска приказна која од третолигашка, оваа сезона ја има еден ранг погоре, се разви најмногу со помош на нивниот модерен начин на работа на социјалните мрежи, особено на Твитер. Да го ѕирнеме нивниот амбиент од лице место.
После толку долго ривалство кое им трае 15 години, да земеш на Роналдо да му скандираш Меси или обратно е скроз банално. Плус не се од вчера, ако мислиш дека ќе им посметаш или ќе ги понервираш. Волци се бре, не ве ни слушаат.
Дечково, Италијанец, бил на патување низ Летонија. Случајно налетал на нашиот капитен и му пришол да се сликаат. Кога му спомнал за карта, Пандев без размислување му нашол и дечково го гледал триумфот на Македонија во кој токму Горан постигна гол.
Во 2013-та на Франческо Ачерби му дијагностицирале рак на тестисите. Стоперот бил на операција, но после една година се случил рецидив, односно болеста се повратила. Решил да се бори храбро и еве го стана стандарден репрезентативец на Италија.
Додека траат квалификациите за Европско 2020, како и Светското во кошарка во Кина, англиското фудбалско подземје не застанува. Најјако беше во трета лига од каде доаѓа луд хајлајтс.
Ај што неговиот Бурсаспор го победи елитниот Фенербахче со 2-1, туку што он стана главна ѕвезда во цела Турција. Само не знаеме дома дали било сè во ред кога се вратил.
Тие имаа најдобра намера, да му ја земат, ама завршија лошо, особено тој едниот кој ни крив ни должен требаше беше соборен на земја од свој колега. Цепки ситуација.
По ремито против Словенија и Израел, македонската фудбалска репрезентација ја продолжува позитивната гостинска низа. Петте освоени бодови на гости нека бидат мотив плус и за реванш средбите против Полска и Австрија.
Супер прво полувреме за македонската фудбалска репрезентација. Веќе до 17-та минута разбиена е Летонија со два гола на гости. Елмас, Барди и Пандев одиграа акција со која ја извадија од колосек одбраната, а Барди испука бомба на прва.
Светскиот шампион Франција очекувано со 4:1 ја декласираше Албанија во квалификациите за ЕП 2020. Гризман не успеа да постигне гол, а промаши и пенал, но УЕФА токму неговиот потег го прогласи за нумеро уно. Богами заслужено.
По завршувањето на мечот од квалификациите за ЕП 2020 Србија - Португалија (2:4), син му на фудбалерот на Манчестер Јунајтед со уште едно другаче посакал да се слика со Роналдо.
Со оглед на тоа што Амазон си иба мајката, а тоа донесе огромна загриженост бидејќи планетата загуби важен прочистувач на воздухот, редно време е Прилепчани да се откажат од домашен фудбал за доброто на светот. Пошто и онака го немаат.
Напаѓачот на Реал Сосиедад Александар Исак има само 19 години, ама како искусно го излета чуварот, секоја чест. Дриблингот без допир на топка се случи на квалификацискиот меч Фарски Острови - Шведска 0:4 на кој Исак беше двоен стрелец.
Словенија со 2-0 ја совлада Полска во квалификациите за Евро 2020, а вториот гол кој го даде Андраж Спорар падна после најубавата асистенција можеби на сезоната.
Репрезентацијата на Велс предводена од Рајан Гигс ќе има тешка задача да освои едно од првите две места пред Хрватска и Унгарија. Ама патот им го олеснува Павло Пашаев од Азербејџан.
Србија во сабота со почеток од 20:45 на домашен терен има пресметка против селекција со која играше во група и на претходните квалификации за ЕП 2016. Ах какви спомени имаат од тој дуел. Во Лисабон тогаш загубија 2:1, ама голот што го дадоа е „тражили сте гледајте“.
И покрај тоа што секогаш во својата група е меѓу двата главни фаворити за пласман на Европско, селекцијата на Италија сепак успеа да направи серија за почит или поточно да оствари рекорд на кој може да подзавиди и една Шпанија.
Шкотите речиси секогаш играат во традиционални сино-бели бои и тешко е да се поверува дека оваа брутална репрезентација позната по фајтерска игра некогаш играла во розови дресови. Пред три години така се појавуваа на гостувања, а и пред 100 години играле во оваа боја.
Сè што сте гледале и паметите од голмански интервенции заборавете, бидејќи тоа што го направи легендарниот Рене Игита ќе остане во аналите на фудбалот. Колумбиецот собра енормно голема храброст тоа да го стори не на тренинг, туку на натпревар против една Англија. Се случи на денешен ден пред точно 24 години.
На 22 август Реал Мадрид одлучи да го прати јапонскиот вундеркинд Такефуса Куба на позајмица во новиот прволигаш Мајорка. Таму се соиграчи со нашиот репрезентативец кој ќе ужива во потезите на малиот.