Млади новинари го седнаа Џорџо Кјелини на интервју во Алијанц стадиум на кое доби прашања за неговата кариера. Но тие го вратија стоперот на Јуве во детството, а тој искрено и отворено призна.
„Бев навивач на Милан, за жал, но потоа се подобрив и станав попаметен. Омилен играч ми беше Паоло Малдини. Имам брат близнак, кој навиваше за Јуве и сакав да му одам контра и да не навивам и јас за истиот клуб. Може ли да замислите колку беше среќен кога ме купи Јуве на 20 години?
Кога пристигнав тука, веднаш се заљубив во клубот и сега мислам дека е тешко да се најде поголем навивач на Јуве од мене на планетава“.
Најтежок играч за чување?
„Освен Роналдо и Меси кои се екстра вонземјани, секогаш велам и Златан Ибрахимовиќ. Тој има физичка сила, техника, карактер. Имав среќа да играм и против него и со него.
Два натпревари кои нема да ги заборавиш?
„Тоа е мојот прв меч за Јуве, бидејќи засекогаш ќе ми остане прв. Се работи за средба против Месина во октомври 2005-та. Победивме 3:0“.
„Другиот е онаа ноќ во Трст против Каљари, првото од низата на Скудета. Тоа беше ноќ на силни емоции, која секогаш ќе остане во мене“.
Тајните за играње во одбрана?
„Мора да пронајдете задоволство во тоа да ги сопирате играчите. Емоциите што другите ги наоѓаат во постигнување голови, треба да ги најдете во играње одбрана. Ако ги имате тие емоции, тогаш можете да станете голем дефанзивец“.
Џорџо Кјелини е еден од ретките староседелци во Јуве, како и еден од оние најверните кој остана во тешките мигови за тимот во Серија Б.
Зборуваме за уметник во одбрана и еден од симболите на клубот со 15-та последователна сезона во који има 8 Скудета во низа, како и по 4 трофеи во Куп и Супер Куп на Италија.
Инаку Кјелини бил на проба во Милан на 15 години, а го донел Давиде Балардини кој во тоа време работел за младинската академија.