Романците синоќа имаа чест да ја гледаат Шпанија во живо која си замина од Букурешт со триумф од 1:2. За вакви нинџи со топка, минимум еден час порано се оди на стадион пошто уште на загревање откачуваат. Тијаго Алкантара што сака и прави на топката. Пази ја прима не на гради, туку на рамо и потоа ја лепи.
Клизачот е до толку глуп, што не му ни успеа како што треба и затоа го потегна за рака. Плус играчов на Бермудите има многу да објаснува за потегов, бидејќи не му го направи на противнички играч, туку на селекторот на Панама.
Во 5. коло од квалификациите за Евро 2020, најдобрите македонски фудбалери освоија драгоцен бод на гостувањето во Бер Шева, со кој остануваат во игра за второто место во групата. Аријан Адеми ја потврди животната форма од Динамо и постигна ефектен гол со глава.
Неговиот сакан клуб од детството, Њуелс Олд Бојс на својот Твитер профил објави архивска снимка со мајсториите на Лионел како мал. Идентични дриблинзи, брзина и луциднос како денес.
Фудбалскиот клуб Малага (игра во Сегунда) е извор на нејасни информации, шпекулации и чудни зделки. Наводно имаа сериозни планови за сезонава, ама на крај, како и секоја во последниве 4-5 години, ни сами не знаат кај тераат.
На денешен ден во 1994-та, на Олимпико почна да се создава една историска личност, која кој знае кога повторно ќе ја доживеат. 18 годишниот почетник познат како Франчесто Тоти го постигна деби голот за Рома. Две децении потоа стигна до рекордни 786 настапи и 307 погодоци. Легенда е млак збор за опис.
За време на пријателската Англија - Перу, на „Вембли“ во Лондон полета најневеројатното авионче направено од хартија. Колкави се шансите ова стварно да се случи?
Во светскиот фудбал има аксиома: Нголо Канте е со сигурност еден од најскромните и најпријатните играчи, далеку од бурниот живот на суперѕвездите од насловните страни. Канте е људина.
Новинар од Аргентина го има на мегдан Златан, сега па кој знае кога. И на милион интересни теми, тој се обиде нешто да го гњави за Де Роси. Ни 10 секунди не успеа да го задржи. Златан го потепа со арогантно контра прашање.
По ниту една логика вака не се расчистува топка. Па да ја оставеше ќе беше 100 пати попаметно. Несреќниот ни доаѓа од Аргентина, а овој лоб не се гледа повторно. Уникатна глупост е ова.
На 2 септември заврши летниот преоден рок кој остави силен белег во Серија А. На чизмата слетаа јаки фаци кои се очекува да го подигнат квалитетот на италијанскиот фудбал, како и да го зголемат интересот.
Еден од најисмејуваните напаѓачи со сомнителни квалитети или солидни за Скандинавија, направи трансфер од Розенборг во Копенхаген. Дресовите во неговиот роден град се продале како алва, ама данскиот напаѓач на првиот тренинг се појавил со две леви нозе.
Фудбалот на Олимписките Игри 1996, а и секогаш, e една од најгледаните дисциплини, зошто практично сите репрезентации на Светското 1994 во Америка во своите состави имаа млади ѕвезди кои после се појавија на ОИ.
Третиот читател од темата која ја отворивме летово насловена како Википедија во тефтер ни испрати детален материјал од СП 2002. Овој е поспремен од другите и го бива и за цртање.
Поминаа 14 години по еден од најневеројатните трансфери во фудбалска Европа, кога како гром од ведро небо се појави веста дека Реал Мадрид го доведува фудбалерот кој едноставно не беше тип на играч за „кралскиот клуб“.
Ги имаме Снајдер и Ван Перси, ама во женска верзија со една хируршки прецизна комбинација која не се гледа така често во женски фудбал. Секоја чест и за двете. Шах - мат им направија.
Среќа, карамбол, зицер од два метра итн, итн. Не можеш да и најдеш НЗС на акцијава во Португалија за играчи до 23 години. Како нема еден швенг од публика да им видиме реакција.
Неодамнешната Твитер кампања на Рома каде мислевме дека вработиле човек кој го бива само за хумор, излезе топ, ама ептен топ. Со други збори, многу е сериозна и уште повеќе корисна. На две семејства им го продолжија животот.
А на „Меаца“ дојдоа еден куп нови играчи и тоа звучни имиња како Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, два светски напаѓачи кои стигнаа од најсилната лига на светот. Тифозите на Интер сметаат дека тренерот е најзвучно засилување. Еве и зошто.
Во 8. коло од руската Премиер лига, најголемото изнендаување досега сезонава, Ростов, го совлада на гости Локомотив Москва со 1-2. Во 91’ минута од мечот гостинскиот стопер Чернов двапати лудачки ја спаси сопствената мрежа и осигура победа за Ростов.
Ако сите голмани беа како Мануел Ноер, сите ќе беа дриблери и во шеснаесетник жива душа ќе немаше. „Рогај ја бе, не ја пимплај“ е златен маалски совет кој треба да важи и за Бугаринов.
Има 34 години, возраст кога фудбалерите полека стигнуваат до крајот на кариерата. Ама не и Португалецот кој за 10 секунди истрча 92 метри со брзина од 33,12 км/час.