Фудбал

Знае бе магарето кај да се постави

Во ситуација кога и Кјелини и Де Лихт ги нема во состав, Јуве пак е раат позади бидејќи тука е капитен Леонардо Бонучи да спаси ситуација како линиски голман (без раце се разбира). Ова беше силна топка која влегуваше во гол за 2:1 за Русите. Искуство е во прашање.

Кајл Вокер застана на голот на Сити и влезе во јак голмански филм

Врвни сцени имаше синоќа во Лига на шампиони на мечот Аталанта - Манчестер Сити. Во 81-ма минута Клаудио Браво доби црвен, а Пеп не можеше да стави друг голман бидејќи имаше направено три измени. 

Џентлменски гест на Сон во Белград

Тотенхем си замина со убедлив триумф од Маракана од 0:4. Сон Хјунг Мин беше двоен стрелец, а еден од головите го искористи јавно да му се извини на Андрес Гомеш од Евертон на кој изминатиов викенд без никаква намера му скрши нога. Кореецот не можеше на себе да дојде од мака.

Луда драмолетка на Максимир: Адеми даде гол за 3:1 во 89-та, Шахтјор врати со два во судиско

Еден од двајцата македонски претставници во ЛШ вечерва беше и стрелец, но кога Модрите мислеа дека ја имаат победата, украинскиот состав погоди во 93-та и 98-ма од пенал со ВАР. Мртва трка за втората позиција, Динамо и Шахтјор имаат исто бодови.

Дали ова во Унгарија е најбрзиот жолт картон во историјата?

Центарфорот од Босна и Херцеговина, Армин Хоџиќ игра за Фехервар во унгарското првенство. На дуелот против Залаегерцег кој заврши 3:3, Хоџиќ доби жолт картон буквално во 3 секунда од мечот.

Сите 53 гола на Златанчо за Галакси

Се чека официјална потврда од Ибра што понатаму. Ќе направи ли нов трансфер или ќе остане во САД? Не веруваме дека размислува за пензија со оглед на тоа колку гола даде и како одигра во МЛС. 53 комада на 58 меча за две сезони.

За да те извади на полувреме треба да си дрвце

Маркос Алонсо некогаш важеше за еден од најдобрите леви бекови во англиската Премиер лига, ама веќе некое време не може да се спои со топката. Тренерот Лампард со право го држеше на клупа, а вчера против Ајакс реши да му даде шанса. Така играше што на полувреме го извади од игра и го стави малиот Рис Џејмс кој му донесе на Челси 4-4 во 74’ минута со убав дебитантски гол.

Тешко на Барселона со ваква хемија меѓу Меси и Гризман

Уште кога го направи трансферот се отворија муабети дека не го сакаат, а тоа не е добро ни за него, ни за нив, а најмалку за клубот кој губи од Леванте, а потоа не може да ја победи Славија Прага.

Лео, па вака мајка не ти се израдувала

Пред мечот Барселона - Славија Прага (0:0, не знаеме кога последен пат не дале гол на „Камп Ноу“), децата кои излегуваат на терен со играчите не можеа да дочекаат тој да се појави, додека гостиве од Славија нервозни стојат во тунел и слушаат како одзвонува името на тој што треба да го чуваат.

Третиот гол на Валенсија беше бомбастичен

Тимот од Местаља губеше 0-1 на полувреме од Лил во ЛШ, ама во второ заиграа како треба и со 4-1 го потопија францускиот претставник. Третиот гол за домашните го даде токму Французин, Кондогбија, од 30 метри.

Фудбалер во Хрватска отепал кокошка, па добил црвен картон

Ама искрено човекот признава дека немал намера и дека сакал само да ја избрка. Судијата според правилата го искучил од игра, а газдарицата од куќата добила нова кокона.

Курт Зума во стилот на Турам на Градски

Кој има добра меморија ќе се сети како Лилиан Турам направи слалом од гол на гол на мечот Победа - Парма, кој се одигра во Скопје на 14 септември 2000-та. Не ја даде Турам, а ниту синоќа Зума против Ајакс, ама битна е желбата. Лампард со симпатичен осмех, демек леле леле што ќе беше ова ако влезеше.

Таа со нога се игра, ама ти си знаеш

Артуро Видал е добро познат борец на терен, каде става глава онаму каде други играат само со нога, ама буквално. Плус успешно му беше додавањето до Меси.

Па дали е нормален каков слободен изведе Зиеш на Стемфорд Бриџ?

Не е нормален ниту голот, ниту аголот, ниту начинот на кој го изведе ова. Фацката што ја направи сè кажува. Арно ама има уште нешто.

Каква ноќ во ЛШ, Борусија од 0:2, стигна до 3:2, а Челси од 1:4 до 4:4

Уште полудо е што Челси стигна до реми за 11 минути и веднаш им поништија гол за 5:4, а Борусија го шокираше Интер со три комада за 26 минути. Пресврт направи и Валенсија, а Барса и Наполи одиграа само реми. Елмас остана на клупа.

Кога ќе му дадеш на пензионираниот Тоти да ја изведе од средина

Симболот на Рома има 43 години и е далеку од престарен за да не ја одржува формата по турнири. Не трпи пораз и сега, па кога прими неговиот тим гол, вака им одговори.

На Чиро изгледа многу му фуфка од летање

Франчесто Ачерби му го откри стравот на италијанскиот напаѓач. Некои мислеа дека заспал, а тој уствари се плашел, особено на турбуленции. Инаку игра во страшна форма.

Да де, сега ВАР ти е крив што си дикле

Десниот бек на Монако, Рубен Агилар откако доби црвен картон во 90+2’ минута од мечот Сент Етјен - Монако, реши бесот да го искали на ВАР техниката.

Будеску е тука за да не се заборави Артим Шаќири

Константин Будеску е романски репрезентативец кој игра во домашното првенство за Астра Ѓурѓиу. Против Поли Јаси во понеделникот (4:0) даде два комада од кои и првиот и вториот беа „ексепционал“ што би рекол коментаторот.

Фото на денот

Вардар - Хајдук, Градски стадион, 1985-та. Толку.

Ги видовте ли ножичките на 35-годишниот Тевез?

Бока Јуниорс го совлада Арсенал Саранди во првенството со 5:1, а првиот гол на мечот кој беше избран за погодок на колото, го збрца Карлос Тевез кој направи фантастични ножички за 3 гол сезонава.

Ван Дајк во 3 секунди го објаснува истрајниот Ливерпул

Само оваа сезона, фудбалерите на Ливерпул пет пати дале гол во судиско продолжение. Е сега пазете го следниов податок. 35-ти пат во историјата на Премиер лигата успеале да победат по истекот на регуларните 90, а тоа е десет пати повеќе од било кој друг премиерлигаш.

Учете од него додека го имате

Можеби ја нема истата кондиција, што е нормално за годините, ама затоа неговото искуство и самото присуство на терен се непроценливи. Што ти е стара коска. Мајсториште.

Бесрамна глума на Ицо откако Роналдо му го почеша мевот

Кристијано Роналдо го закачна малку Фернандо Ицо со лакт на дуелот Торино - Јуве, а овој легна да се витка на земја, како бубрег да му извадил. Тешка патетика е ова и скроз погрешен пример за младите. Не бидете црепови, кога 20 камери има и ќе се види дека се брукате.