Фудбал

Овие во Серија А се спрдаваат, друго објаснување нема

По серијата огромни расистички скандали и гафови, раководството на Серија А реши да покрене кампања во борба против расизмот во фудбалот, ама толку невешто го направи тоа, што сите се запрашаа дали се нормални?

Нов лудачки понеделник со Серија А

Пред две недели пишувавме за ненормалниот пресврт на Каљари во 96-та минута кој стигна до победа против Аталанта по негатива од 1:3. Овој понеделник повторно е Каљари актер, ама на губитничката страна. Примија два комада во судиско од бандата на Инѕаги.

Се сеќавате ли на овој катапулт?

За Александр Алиев се знае дека е најмладиот играч кој дебитирал во Динамо Киев со 17 години и 6 месеци, а неговиот тренер за него рече дека бил најдобриот изведувач на слободни удари во Европа.

Интер доаѓа во Бугарија, Јунајтед се падна со Клуб Бриж

По ЛШ, попладнево во Нион се одредија и паровите за 1/16 финалето на Лига Европа во кое се најдоа многу сериозни клубови кои ќе го направат овој турнир уште поинтересен во продолжение.

Столе џабе бранеше одлично на мечот кој го прекинаа левичарите од Рајо Ваљекано

Во неделата вечер, напаѓачот на шпанскиот второлигаш Албасете, Украинецот Роман Зозулија дојде на гостување кај клубот кој пред три години на барање на навивачите се откажа од договор со него поради некои негови ставови.

Реал оди на Сити, а Јувентус доби противник од Франција

Очекувано, во седиштето на УЕФА во Нион се извлекоа интересни парови кои би требало да донесат ултра добри натпревари на почетокот на следната година.

Голманот на Шалке треба да оди на психијатар за ваков фаул

Шеесет и седма минута, играат Шалке и Ајнтрахт Франкфурт. Мијат Гачиновиќ од Ајнтрахт излетува во една контра, ама излетува како брз воз и голманот на Шалке Александер Нубел. И прави убиствен кунг-фу потег за кој добива директен црвен картон. Српскиот репрезентативец да слави втор роденден.

Џиџи Буфон и на стари години се фрла како мачка

Пред неколку кола направи пар грешки кои го чинеа Јувентус против Сасуоло (2:2), но Буфон против Удинезе викендов го обели образот и покажа дека уште не е за старо железо како што мислевме.

Најчудната измена на колото, сите стоеа збунети

На крајот од мечот Манчестер Јунајтед - Евертон (1:1) се случи необична епизода: во 89’ минута новиот тренер на гостите, Данкан Фергусон го извади од игра Моизе Кин и го стави Умар. Чудно е што 19-годишниот Кин го стави само 19 минути претходно место Бернар.

Го видовте ли гестот на Роналдо со капитенската лента?

Ем што со два гола против Удинезе беше главен автор на победата на Јувентус, ем што во 80’ минута кога Гонзало Игуаин кој излезе од игра а беше капитен, Роналдо реши капитенската лента да не ја става на себе, туку му ја проследи на Матуиди, кој во тој момент беше играч со најдолг непрекинат престој во Јуве од сите на теренот.

Детево од Реал одлепи тоталка на израмнувањето во 95-та

Реал Мадрид синоќа успеа да се спаси од пораз на Местаља дури во 95-та минута. Пред голот се случи една мешаница од која профитираше Бензема, а за време на славјето највпечатлива беше прослава на 21 годишниот Федерико Валверде.

Контрата и голот на Фиорентина во 92-ра се врв

Имаа водство на непријатното гостување во Фиренца 84 минути и држеа два бода предност пред Јуве. Сè тоа падна во вода кога еден нов клинец ја прими на центар и одигра дрска соло акција, без пардон што покрај него трчаше Милан Шкриниар, а бранеше Хандановиќ.

Дејан му го расипа дебито на Гатузо

Џенаро Гатузо со пораз ја стартуваше тренерската авантура во Наполи кој продолжува со резултатската криза. Им пресуди големиот талент од Парма, 19 годишниот Дејан Кулушевски кој има македонско потекло. Прво гол, а потоа асистенција до Жервињо и тоа во 93-та минута.

Кога Кутињо ќе погоди тоа е спектакл

Баерн Минхен го потепа Вердер со 6:1. Се разбира дека Левандовски е стрелец, во случајов двоен, ама овој пат внимание заслужува Кутињо кој оствари хет-трик. Два од трите негови гола се доста јаки.

Барди испука проектил за победа на Леванте во финишот

Нешто слабо го има со голови сезонава, ама кога ќе погоди тоа е голчиште. Втор гол на Енис Барди сезонава во шпанското првенство и повторно мајсторски, овој пат бомба за триумф на Леванте на гости против Гранада од 1:2.

Е не со Гатузо ќе го заменат

Toa што е најлогично, разбирливо и за очекување, го направија со стил, ама и на (пред)време. Зошто да чекаат до 2022-ра, кога може уште сега да го осигураат на подолги стази. Така работи само голем и професионален клуб како Ливерпул.

Марадона како луто чиче што му смета галама

Во тренинг базата на клубот кој го води, Химнасиа Ла Плата, дошле десетина деца да земат автограм од него. Во целиот тој џагор, Диего се изнервира и им свика на децата дека нема да добијат потпис ако урлаат „Диего, Диего!“

Заработија од ЛШ колку што немаат годишен буџет за плати

Пред осум години беа во Серија Б. На Јуве, Милан и Рома им продадоа шестмина важни првотимци, ама повторно останаа силни и храбри и одиграа со страст и пот. Затоа сега го добија заслуженото и плус направија финансиски бум.

Убав деби гол во ЛШ на наш Никола во Јуве

17 годишниот Никола Секулов го дочека првиот гол во младинската Лига на шампиони каде Бјанконерите му пукнаа петарда на Баер Леверкузен. Македонецот кој за жал одлучи да заигра за Италија сам се избори за оваа соло акција.

Јуве не му ја мисли, најден е наследникот на Киелини

Роден е на 5 март 1998 година во турското градче Карамурсел. Има 21, а веќе игра како да има безброј сезони во кариерата. Антиципација одлична, снажен во воздушни дуели, уште појак на земја, долг чекор, сигурен на топка и уште подобри долги топки. Има и од кого да учи, а Јуве е среќен што го најде наследникот на Џорџоне.

На никој не му е јасно зошто ја фати со раце

Играч на Стандард синоќа против Арсенал беше свесен дека нема да стигне една долга топка, па ја прибра со раце ко на рагби. Топџиите креваа раце во стил што прави човеков, а овој изгледа мислеше дека игра со другарите кај Гуц. Е добро де, да не губиме време.

Каква Лига Европа бе, се знае на кои им е најјако

Неисцрпни се видеата кои излегуваат од прославата на Аталанта која е во транс. Па кое друго мало клупче кое доаѓа од град со 120.000 жители уште во деби сезоната успеало да влезе во осминафиналето на ЛШ. Погледнете го и Гасперини како откачил. Овој пат имаме снимка од соблекувална.

Јунајтед и Волвс до покер за само 10 минути, Рома едвај куртули

Гладбах испадна од ЛЕ со гол примен во 90+1' минута од Башакшехир кој направи голем подвиг. АЗ се држеше полувреме на „Трафорд“ а во второ Јунајтед им даде 4. Пресликан дуел и во Вулверхемптон.

Арсенал даде 2 гола за 2 минути и оди во следна фаза, Лацио испадна

И покрај тоа што губеа дури со 2:0 во 69' минута и беа на прагот да испаднат од Лига Европа, фудбалерите на Арсенал во неколку секунди постигнаа 2 гола и се спасија од бламажа.