Фудбал

Буфон за интерниот муабет со Роналдо после лудачките ножички

3 април 2018-та. Реал го треска Јуве на гости 0:3 во четвртфиналето од ЛШ, натпревар кој ќе се памети уште долго поради епската акробација на Роналдо. Џиџи Буфон признава дека бил исфрустриран, ама и свесен дека примил неверојатен еврогол.

Веројатно најдобриот почеток од центар

Други времиња, други правила, друга мода. Да имаше сега вакви, навивачите ќе бараа ВАР од секое нивно појавување. На оваа стара снимка го познавме само легендарниот Колумбиец Валдерама, другите и не се битни.

Де Лихт и не е баш Кјелини - 57% од примените голови на Јуве се негови

Кога на крајот од август Џорџо Кјелини ја доживеа можеби најтешката повреда за спортист, скинати лигаменти, во Јувентус очекуваа проблеми, но не го предвидеа опсегот. Противниците на „Старата дама“ открија слаба точка која им проработува дури и кога се бранат против бјанконерите.

Мрднатион уште свири низ Милано, а му се придружија и други навивачи

Вчера објавивме видео, односно повеќе видеа со еден навивач на кој му дојде преку дур од резултатите на Милан, па најави еден несекојдневен вид на протест. Одзивот не му е воопшто лош. Во Милано и околината како на секој чекор да има по една македонска свадба.

Ако Милан - Ливерпул од Истанбул е епика, што е ова од Германија

Имало мал милион луди фудбалски завршници, ама ова што го направија Ерцгебирге Ауе и Нирнберг во германската втора Бундеслига навивачите на овие два клуба ќе го памтат вечно. Само ќе ви најавиме кратко. Полувремето заврши 0:0.

Немало и тешко дека ќе има полуд црвен картон во 12 секунда

На мечот Коњаспор - Јени Малатјаспор, 8. коло во турската Супер лига, домашниот голман Серкан Киринтили од апсолутно нејасни причини направи невиден кикс. Свесен за својата глупост, тргна сам кон соблекувалната уште пред да види црвена боја.

И дете на Вардар ја распали како лудиот Пољак

Откако го објавивме голчиштето на стоперот од полскиот второлигаш Јастржебје, првиот што ни остави коментар, ни пиша дека и во Вардар неодамна се случила иста таква лудорија. И стварно. Се вика Максим Милошевски, има 15 години и голманот го направи гледач во Синеплекс.

92-годишниот дедо кој допатува од Уругвај да го види Атлетик Билбао

Хозе Луис Идалго, 92-годишен Баскиец кого животот го однел во Уругвај. Кога имал 20 години се преселил да живее во Јужна Америка со семејството, а пред неколку дена го донеле со авион на преубавиот „Сан Мамеш“, можеби за последен пат да ја види својата најголема љубов од младоста.

Сари, стави го Кристијано капитен

Нема да биде ништо чудно, ако по завршувањето на играчката карира, направи еквивалентно добра тренерска кариера. За разлика од многу негови колеги кои одат на прес за да кажат: „Многу е важно да победиме“, „Ќе направиме сè за да стигнеме до победата“ и сл., Роналдо редовно знае да каже нешто повеќе од тоа.

Мајка му на Жоргињо е најјака

Живи радости беше за жената кога стапна за прв пат на теренот од Стемфорд Бриџ. Одма удри на загревање и побара шанса да влезе во игра. Царица. 100 години има да живее женава.

Златан на водителот: Погледни во небото и јас ќе те видам

Во богатата компилација “Златан“ изјави, само откако игра во МЛС, влегува и една најнова поврзана со Бог, односно со Богот Златан. Да не беше оваа будалетинка, американскиот фудбал ќе немаше поента да се следи.

Добро де Чиро, дрес да не можеш да соблечеш

Еден од најдобрите натпревари минатиот викенд беше Лацио - Аталанта. Бергамашите имаа 0-3 на полувреме, а домаќинот се врати на 3:3 со два гола од пенал на Чиро Имобиле. Израмни во 90+3’ минута а од радост не можеше дресот да го соблече во трк.

Кога научи па овој италијански

Роден е во Белгија, неговите се од Конго, а пред да потпише летово за Интер, играше за Андерлехт, Челси, ВБА, Евертон и Манчестер Јунајтед. Или има добар/добра професор/ка или па му фаќа изгледа црпката за јазици. Со оглед на тоа што потпиша на 8 август за Интер, одлично парла.

40 години Ла Масија, 40 години една и единствена филозофија на игра во светот

Контрола на топка, па пас, контрола на топка па пас. Кој тренирал таму, знае дека ова им го даваат за домашна на сите, а нас ни го раскажа лично татко му на Ренато, кој прв од Македонците после Бабунски имаше привилегија да стапне таму.

Сега фрли го преку кров, за среќа викаат

Џошуа Брилианте е играч од среден ред на Мелбурн Сити. За време на мечот против Аделаида Јунајтед (2-1) во еден дуел со противничките голман и стопер, му испаднал заб кој после мечот го нашол.

Луд стопер во Полска, ја носеше над 50 метри и даде еврогол

По теркот на историските халфови, Полјакот Михал Бојдис од второлигашот Јастржебје реши да изнесе една топка од негова позиција, дури таму до противничкиот гол. А кога реши да распали, толку беше од голманот на Подбескиѕе.

Судијата кој ги лечи играчите со свирче

За да поверувате во насловот, не мора да верувате во бајачки, туку во судијава. Просто е како грав. Погледне што му направи на голманов. Кукурек.

Како ја опалија Чалканоглу и Наионголан леле мајко

Два убави, многу убави голови од 8. коло во Серија А. Турчинот од Милан постигна еден од оние многу тешки мајсторски погодоци од косо, кои заслужуваат внимание. Нема што да бара тука голманот, а ниту па на овој дрзок удар на Раџа Наинголан на мечот Каљари - Спал. Ама им легна и на двајцата.

Голман, ти не треба да браниш

Не знаеме кој го излажал голманчево од втората норвешка лига дека треба да брани. Чист промашај му е таа улога, кога го гледаш што може да направи во напад. Абе Жунињо го имате во тим, го запели другиот голман за статива.

Овој па како од небо да паднал

Мечот меѓу Сасуоло и Интер донесе голеада од 7 комада, односно гостински триумф од 3:4. Натпреварот во еден момент беше прекинат поради еден падобранец на терен, ама буквално падобранец. Што бараше тука да слетува само тој знае.

Еврогол во стилот на Барди

Не за џабе го споредуваме голчиштево со наш човек, затоа што во шпанскиот фудбал токму Енис Барди знае вака да ја свитка. Во исчекување на неговото деби ремек дело за сезонава, да уживаме во она на Дани Парехо од Валенсија кој ги постигна конечните 1:1 во Мадрид.

Каша попара пред голот на Лацио

Публиката на Олимпико во Рим денеска гледаше трилер натпревар меѓу Аталанта и Лацио. Гостите имаа убедливи 0:3 на полувреме, а во 92-ра минута од пенал Чиро Имобиле израмни на 3:3. Домаќините утнаа и два зицери во второ, но најголемата драма се случи пред нивниот гол во 89-та минута. Тука не се знае кој јаде, кој пие.

Школска маказа

Во првенството на Виетнам, од 4 гола на мечот Ха Нои - Кванг Нам, најубав беше првиот на гостите. Го даде Бразилецот Родриго да Силва Диаз.

Кога Ибрахимовиќ му предложил кладба на Лукаку

Во прилично долго интервју за Газета дело Спорт, Златан Ибрахимовиќ меѓудругото раскажал и една анегдота за Лукаку.