Фудбал

Роналдо и натаму го игнорира Меси, Лионел 2 пати по ред гласа за Кристијано

Наградата The Best која што ја доделува ФИФА од 2016 година, синоќа во Милано ја доби Лионел Меси. Во претходните три изданија секој пат победуваше играч на Реал Мадрид (два пати Кристијано и еднаш Модриќ).

Пушкаш наградата за лудачките ножички на младиот Романец

Анонимниот 18 годишен фудбалер на Дебрецин, Даниел Зори 2019-та ќе ја памети по евроголот кој се постигнува еднаш во кариера и не само тоа. На ФИФА наградите го освои првото место, победувајќи го и Меси. Празник за очи е ова.

Корпа и стегна бе

По пауза од четири години, Лионел Меси ја освои наградата на ФИФА за најдобар фудбалер во светот за 2019-та, вкупно шеста во неговата кариера. На гала церемонијата во Милано водителката му пријде, ама немаше среќа. Колку и да не го бива за зборење, требаше да ја испоштува.

Ти го мислиш ветеран, тој те демантира со 300 гола

За фудбалерите од 18 до 22 години се вели дека се млади, оние од 25/26 се сметаат за најзрели, а веќе од 30 на прсти им се бројат годините до пензија. Епа Златан е “полуден“ на стари години.

Лоб на колото - многу фудбалски, со осет

Учесникот во ЛШ, Ред Бул Салцбург првпат после 8 одиграни кола не освои цел плен во австриската лига. Пред гостувањето кај ЛАСК имаа 7 победи на 7 меча, а во Линц спасуваа бод во 90-та минута (2-2). Томас Гојгингер направи голема мајсторија за првиот гол на мечот за домашните.

Босански мотивациски говор во соблекувална

Алија Брацо Хаџиосмановиќ е култна личност на сараевскиот фудбал. Важи за почитуван фудбалски зналец во оваа земја. Тој е и претседател и тренер на нисколигашот Врбањуша во БиХ. На својот Фејсбук објави видео на кое се гледа како тера еден од играчите да даде заклетва.

Има автоголови и „автоголови“

Работите во чешкиот фудбал веќе пар години се многу сменети. Спарта Прага веќе не е апсолутно доминантна над градскиот ривал Славија која има сериозно богати кинески сопственици, игра Лига на шампиони (го водеа Интер на гости до 92-ра минута) и која викендов со 0-3 ја прегази Спарта на гостински терен.

Барселона направи страшен тим, а има најлош старт во последните 25 години

Каталонскиот клуб уште еднаш го поткрепи аргументот дека не секогаш тим составен од ѕвезди може да стане успешен колектив.

Судијава не е свесен колку испил

Од младински натпревар во Чешка ни доѓаат скроз неочекувани сцени во кој линискиот судија не знае кај тера и што прави. Човекот нема компас, а не па да знае кај се головите, топката и играчите. Тоталка е у офсајд.

И Меси промовираше свој бренд на облека, му помага сестрата на Томи Хилфигер

Лионел Меси и официјално влезе во светот на модата. Го претстави брендот за облека Messi во бутикот Santa Eulalia кој посто од 1843 година и кој денес продава Balenciaga, Moncler, Tom Ford и Stone Island. Во овој бутик сега можа да се купи и брендот на Меси.

Кој вика дека со 35 години си стар за евроголови

Напаѓачот на Колорадо Рапидс, Кеј Камара постигна ефектен гол во мечот против Спортинг Канзас Сити и беше творец на целосниот камбек: губеа 2:0, на крај славеа 2:3. Ова е 12 гол за шпицот на 27 меча сезонава.

Мурињо го подрече Линделоф

Португалецот работи како стручен коментатор, гостува по емисии и студија, а на Скај Спортс почна да зборува за шведскиот стопер Линделоф од Манчестер. Само што кажа дека не е баш добар во воздух (he is not so special in the air), овој го потврди тоа на загревањето во живо.

Види го ти Сасуоло правење акција

За тие што не знаат, Сасуоло е убава екипа, остајте вие името, плус ефикасни се. Лани постигнаа 53 гола. За споредба (Милан 55, Лацио 56, Интер 57). Го имаат Берарди кој скоро ви го фалевме, ама имаат и одличен тимски дух. Погледне од каква каша излегоа и што одиграа.

Во Хондурас уште се под стрес после голов

Потребен е доста добар режисер за да може да смисли една ваква акција како за на филм. Исто така ќе му треба и магионичар за да му направи нешто на голот. Замисли ова да му се случува во финале на ЛШ на клубот за кој навиваш?

Тралалајка е, ама ептен му фаќа црпката за фудбал

Колку и да кажеме дека е несериозен и непрофисионален кон својата професија, кога ќе му дадеш топка во опасна зона не знаеш на што си. Два првенствени меча по ред ПСЖ се мачи со 0:0, тој ја презема одговорноста и ја решава.

Ноер треба да брани докторска пред голманов од Египет

Сите мислевме дека Мануел Ноер е синоним за голман со муда кој сака да царува до пола терен. Ама не знаевме дека постои една ваква будалетинка од Египет. 

Играат во трета македонска лига, ама пола село и јаче ги гледа во живо на Фејсбук

По деталното претставување на модерниот македонскиот третолигаш Осогово кој сезонава влезе во втора лига, ни стигна мејл од читател кој ни тврди дека едно ново мало клупче се стреми да го фати патот на Кочанчани кои се прославија до Серија А. Вели да ги пофалиме. Ќе ве пофалиме.

Односот на Герет Бејл и Реал Мадрид во едно видео

Предраг Мијатовиќ во вторникот изјави дека овој Реал тргнува по патот на минатата сезона и дека делува дека ништо не е сменето. А минатата сезона им беше за заборав. Реал мизерно игра на стартот во Примера и Лига на шампиони. А една од причините е и лошиот однос на релација клуб-тренер-играчи.

Детето кое стана најмлад стрелец на Јунајтед во еврокупови и ги спаси од срам

После малиот Фати од Барса кој од коло во коло руши некакви рекорди, сега дојде ред и на Мејсон Гринвуд, 17-годишниот бисер на Манчестер Јунајтед кој го постигна победничкиот гол против Астана на „Олд Трафорд“ во Лига Европа.

Имало и поштени (навивачи) меѓу пратениците

Далеку сме ние од давање вакви џентлменски изјави со извинувања, ама фино би било да чуеме/да чујат нашиве дека некој некаде ги дава.

Роналдо ја побара и ја пронајде жената која скришно му давала сендвичи

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, пред неколку дена го даде своето најдобро интервју во кариерата. Во разговор со новинарот Пирс Морган, Португалецот раскажа неколку интересни моменти од својот живот.

Автогол со волеј

Базел со 5:0 го демолираше руски Краснодар. Четвртиот гол на мечот беше автогол ама толку смешен што и на авторот Тони Вилена му дојде да се смее под мустаќи.

Официјалниот трејлер за документарецот за Марадона

Британскиот режисер Асиф Кападиа 10 години собирал материјали и изгледал снимки во времетраење од 500 часа за да ја стокми документарката за аргентинската фудбалска икона. Кој знае што сè собрал во едно. Премиерата ќе ја има на 1 октомври на HBO.

Пред пола година играл во Кореа, а сега постигна хет-трик за Динамо во Лига на шампиони

Главна сензација на отворањето на ЛШ беше дебаклот на Аталанта во Загреб. Скоро сите очекуваа тимот од Бергамо со триумф да дебитира во елитното друштво, ама така не мислеше и Мислав Оршиќ.