Ова што го направи шпицот на Ливерпул нема шанса да го предвидиш, а ниту да го спречиш. Неговиот чувар како да се помири и реши да се претвори во гледач. Изгледа не му беше јасно.
Иван Елгера беше член на славната генерација фудбалери на Реал Мадрид, позната како „Галактикос“. Во јавување во живо на Инстаграм раскажа една анегдота од тоа време.
Ја имаме фотографијата на денот за која постарите го тврдат тоа од насловот. Ама и да не е така, ова е екипиште за почит и за сите времиња. Се работи за сезоната 1987/1988 или една година по шампионската титула на ФК Вардар во Југославија.
Бразилецот кој стекна огромна слава на „Камп Ноу“ во неделата наполни 48 години. Кога се спомнува неговото име, сите се сеќаваат на епските ножички против Валенсија. Ретко кој памети дека во 1998-ма и против Манчестер Јунајтед направи чилена.
Познати како хиперактивни, помалку позитивно блесави, голманите си бркаат работа во карантин и во изолација. Нив им е потешко зошто мора да најдат некои кои ќе им шутира, а да не се жените и децата. Пример за тоа е Чилеанецот Клаудио Браво.
Пред 6 години, на 17-ти април во големото финале на шпанскиот кралски Куп се сретнаа Барселона и Реал. Финалето се играше на преполна Местаља (52,953 гледачи), а Реал славеше 2-1.
Пред 23.500 гледачи, Карлсруе во една од ретките сезони кога беше бундеслигаш, му гостува на Баер Леверкузен. И 72 минути немаше голови, додека Себастијан Лангкамп не реши да уклиза на средина на терен.
Тоа беше натпревар од Купот на Шпанија, сезона 2006/2007 на кој Барса го декласираше Хетафе со 5:2. Лео имаше само 19 години и направи чудесија претходно видена само од Марадона. Соло продор за аналите.
Најомразениот човек во секое ќоше од Њукасл, Мајк Ешли после долги години конечно ќе се спаси од гневот на навивачите, а богами и тие од неговото апатично водење на клубот од Тајнсајд.
Син му на Тоти прашувал по дома, како тоа Фабио Канаваро освоил Златна топка, а ти немаш освоено? Тоти му објаснувал дека се различен тип на играчи и дека без Фабио немале да го освојат Мундијалот 2006.
Потсетивме на едно подзаборавено ретро, со фотки, кусо инфо и секако состав од тоа гостување на македонската фудбалска репрезентација во Билбао. Но го немавме голот, ама сега го имаме благодарение на Панче Ќумбев.
Во последното коло од сезоната 2012/2013, Челси го совлада Евертон со 2:1. Таа сезона „сините“ ја освоија Лига Европа и обезбедија место во Лига на шампиони. После 9 години во клубот, од навивачите со проштален говор се прости бекот Пауло Фереира. За тоа време на цел стадион поинтересен му беше малиот Џош Трнбал, син на резервниот голман на Челси Рос Трнбал.
Ја објави Панчев Ќумбев на Фејсбук кој потсети на една силна и перспективна репрезентација која можеше многу повеќе. Се работи за селекцијата која два месеци претходно и ги одигра оние историски 2:2 на Англија на гости.
Градско дерби кое Ливерпул го памети и ќе го памети. Се играше на денешен ден пред 19 години, а Црвените немаа 10 сезони победа на гости против Евертон. При резултат 2:2 во 94-та минута, Гери Мекалистер застана да изведува слободен удар од далеку. Сите мислеа дека ќе нафрла.
Опасно голчиште начекавме во сала, а уште повеќе ни прави ќеиф што го постигна наш човек. Погледнете ја оваа маестрална комбинација од корнер и следете како ќе се ослободи и каква бомба ќе испука играчот со број 2.
Додека воглавно читавме за тоа како најбогатите клубови и фудбалери се справуваат со кризата предизвикана од Ковид-19 (нема фудбал, нема тв права, нема реклами, нема продадени влезници и дресови), стигна сторијата за еден играч од Њукасл.
Само што се расправаше бурно со судијата и Фергусон се остреше да го извади од игра, 20-годишниот Руни целиот бес го искали на една топка која ја начека на прва и со волеј ја искина мрежата на Њукасл за израмнување на резултатот 1-1.
Ова е сезоната за која им се плаче на навивачите на Арсенал. 2003/2004, шампиони, за последен пат и тоа без пораз. Бандата на Венгер ич да почнуваме да ја броиме. Тиери Анри стрелец број 1 во Премиер лига со 30 гола. Здиве против Лидс.
Кога дошол во Милано во 1999-та, сè уште не бил свесен за тоа дека Италијанците најголемо внимание обрнуваат на модните трендови и дека тоа им е во крвта.