Некои видеа се чиста коинциденција, но за да се случат треба да ги имаш луѓето, нели? Поранешниот доктор за фудбал неодамна на тренинг му асистираше на актуелниот доктор за фудбал. Врвна комбинација и реализација.
Пазете ја сценава. Голман, две гајби за гол, публика под сенка и еден лик со нествари потези кои ги прави со капче. Да, со капче. Патем голманчево залудно се џитка, затоа што ликов не е нормален како ќе го заврши шоуво.
И да се позиционираш најфудбалски што можеш во дуел еден на еден со Меси, никој не ти гарантира дека ќе поминеш добро. Боатенг од Баерн уште на старт му стоеше погрешно и потоа му се случи колапс.
Во двомечот од полуфиналето на ЛШ во 2006/2007 меѓу Милан и Манчестер Јунајтед паднаа 8 гола. На „Олд Трафорд“ на првиот дуел на денешен ден пред 13 години, Англичаните славеа 3-2 со два гола на Руни и еден на Роналдо. Кака ги постигна двата за Милан од кои едниот се памти одлично и 13 години подоцна. На реваншот Бразилецот постигна уште еден гол во триумфот на Милан од 3-0.
Клупските медицински лица и вработените во компанијата која што направила IQ тестови за повеќе играчи на Челси биле зачудени од резултатите на Лампард кои ги има само 0,1% од населението.
Играше за клубови како Арсенал, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Тотенхем...ама не е дека го направија позрел или можеби и никогаш не ни бил. На крај краева ќути си и трај си ако не ти се дава, што ти требаше побогу ова глупо видео.
Стратегот на Вест Хем не е како некои шупаци во Премиер лига кои одбиваат кратење и покрај тоа што имаат ненормална неделна плата и до 400.000 фунти. Мојс прифати 30% кратење на годишната плата од 2 милиони фунти, а во меѓувреме почна и да помага по луѓе.
На 23-от ден од април таа 2019-та брзиот Ирец Шеј Лонг го постигна најбрзиот гол во историјата на Премиер лига. Тогаш шпицот на Саутемптон за 7,69 секунди го отвори резултатот на мечот против Вотфорд кој на крај заврши 1-1.
Цела кариера им ја посвети на Росонерите за кои играше 20 години, од кои 15 како капитен. Освои 17 трофеи од кои 6 Скудета и 3 ЛШ. Дебитираше на денешен ден 1978-ма на 17 години и стана еден од симболите и икона на Милан. 6-ката му ја повлекоа во историјата.
Во Шпанија после напорни спорови меѓу фудбалската федерација и Ла Лига, уште не е решено кога ќе се доигра. Најверојатно е фудбалот да продолжи на крајот од мај или на почеток од јуни, сигурно без гледачи.
23-ти април 2003-та. Четвртфинале на ЛШ. Реал со убедлива предност од 3-1 по првиот дуел во Мадрид допатува во Манчестер. На реваншот Јунајтед победи 4:3, ама јунак на вечерта беше Бразилецот кој доби стоечки овации од цел стадион за хет-трикот.
Корења пуштија дома, особено нашиве кои играат во италијанско, па на Илија Несторовски му дојде идеја како да пополни време на интересен начин и за него и за навивачите. Вклучува играчи во живо на Инстаграм и им поставува интересни прашања.
Додека секојдневно им стигнуваат разни песимистички информации од европските лиги, во УЕФА убаво им дошла веста дека на Фарски Острови ќе продолжи фудбалското првенство.
Не умираат овие видеа со нашиот расен голгетер кој стана европски првак, прв и единствен Македонец со Златна копачка и прв од кај нас кој заигра во Серија А. Ги има и двете мајстории против Панатинаикос со кои “ги закопа“ Грците.
Првите назнаки од Камп Ноу се дека клубот се решил на ваков потег со цел да помогне во борбата против коронавирусот. Проджабата на правата на име на стадионот може да донесе и до негова реконструкција.
Класниот Холанѓанец во кариерата даде баш многу преубави голови, ама некои се двојат по убавина. Пример со Арсенал против Чарлтон, па после во дресот на Јунајтед против Евертон. Страшни голови.
Френк Вортингтон бајаги долго играл во англискиот фудбал. Од 1966 до 1991 сменил преку 23 клуба. Секаде бил расен стрелец, особено во Лестер и Болтон. На еден меч за Болтон против Ипсвич (2:3), го постигнува еден од најубавите голови на Островот.
Фудбалскиот клуб Мидтјиланд, прв на табела во тамошното првенство, смислил како да ги приближи навивачите кога фудбалот ќе продолжи со мерки за растојание, пред празни трибини.
Шибам на гостување во Лига на шампиони, вторник е. Не можам веќе, скапавме дома месец и кусур. Па ако треба со жена и деца ќе земам со мене. Отидов, поздрав.