Можни четвртфиналиња: Јуве - Реал, Барса - Баерн

На денешната ждрепка во Нион, беа извлечени двојките за четвртфиналето и полуфиналето од Лига на шампиони, кои ќе се одиграат во необични и многу поинакви околности.

ПСЖ и Атлетико Мадрид добија поволна ждрепка во нокаут фазата од ЛШ, а тоа се впрочем единствените два познати дуели, бидејќи останатите имаат за доигрување.

Ждрепката одлучи многу гиганти да се истребат меѓу себе, бидејќи ќе имаат соочување уште во четвртфиналето, а можно Ел Класико може да гледаме во полуфинале.

Во четвртфинале се веќе пласирани Аталанта, Атлетико Мадрид, Лајпциг и ПСЖ, а поради пандемијата останатите четири осминафинални натпревари не се доиграа.

Реванш осминафинални дуели 7/8 август:

БАЕРН МИНХЕН – ЧЕЛСИ (3:0)
ЈУВЕНТУС – ЛИОН (0:1)
МАНЧЕСТЕР СИТИ – РЕАЛ МАДРИД (2:1)
БАРСЕЛОНА – НАПОЛИ (1:1)

Четвртфинале 12-15 август:

МАНЧЕСТЕР СИТИ/РЕАЛ МАДРИД  - ЈУВЕНТУС/ЛИОН
ЛАЈПЦИГ -  АТЛЕТИКО МАДРИД
НАПОЛИ/БАРСЕЛОНА - ЧЕЛСИ/БАЕРН МИНХЕН
АТАЛАНТА - ПСЖ

Полуфинале 18/19 август:

МАНЧЕСТЕР СИТИ/РЕАЛ МАДРИД - ЈУВЕНТУС/ЛИОН vs НАПОЛИ/БАРСЕЛОНА - ЧЕЛСИ/БАЕРН МИНХЕН

ЛАЈПЦИГ - АТЛЕТИКО МАДРИД vs АТАЛАНТА - ПСЖ

Финишот од сезоната 2019/2020 во топ 8 фазата за прв пат ќе се игра без реванши, на неутрален терен и без навивачи, а домаќин ќе биде Лисабон од 12 до 23 август.

УЕФА потврди дека тие реванши ќе се одиграат во градовите на клубовите домаќини, а завршницата која ќе биде во форма на Ф8 турнир е закажана за на стадионите на Бенфика и Спортинг во Лисабон

Кои се новостите за завршницата од ЛШ која е во прекин од 11 март поради коронавирусот:

- Ќе се игра турнир во форма на Фајнфор.

- Четвртфиналето и полуфиналето ќе се играат без реванши.

- Цела завршница вклучително со финалето закажано за 23 август ќе се одржи пред празни трибини.

- Ќе има пет измени.

10 јули 2020 - 12:34