Он тоа намерно или па не му успеа? Со оглед на тоа дека се работи за Алексис Санчез ова треба да е само трик као на божемски ќе ја додава со рабона потег.
Младиот англиски репрезентативец и член на Вест Хем, Деклан Рајс денеска полни 21. Колегата Џек Вилшер му спреми изненадување со кое дефинитивно не го израдува. Поклонот се вика стрес по кој не треба да му даде торта.
Шпанската Сегунда дивизион Б е трет ранг на натпреварување. Во овој систем од 4 групи со по 20 тима игра и Унионистас, клуб од градот Саламанка. Кога попладнево дознаа дека на 22-ри месецов во Купот на Шпанија ќе го пречекаат големиот Реал Мадрид, полудеа од среќа и радост.
Автор на фотографијата е Пеп Мората, кореспондент на Мундо Депортиво кој утрово бил во базата на Барселона кога отпуштениот тренер Ернесто Валверде заминувал со колата а од отсјајот на предното стакло, изгледа како да мавта на грбот на Барса.
Еден од најбогатите луѓе на светот и најбогатиот Европеец, Бернар Арно е близу до купување на мнозинството акции во Милан. Овие гласини за потенцијална зделка одамна се плетат, но во последните недели се позасилени.
Двајца му стојат на жив ѕид и плус уште еден позади за секој случај. Плус зборуваме за мал фудбал. Ама џабе е ние што зборуваме кога неговата класа е вечна. Се чудеа сите, а еден од неговите му повторуваше: Ти си луд.
Откако Тибо Куртоа и Јан Облак имаа по 5-6 надреални одбрани во текот на регуларните 90 минути и мечот заврши 0-0, Атлетико и Реал Мадрид тргнаа да шутираат пенали за да го решат победникот во шпанскиот Супер Куп. Меѓу „кралевите“ имаше интересен интерен договор кој да шутира а кој да не и припари на топката.
Стрелецот на најбрзиот гол во историјата на Светските првенства, бронзен медал од Мундијалот во Кореа и Јапонија, најдобар турски голгетер на сите времиња, врвен шпиц кој се прослави во Галатасарај и Интер, денес продава книги и вози такси.
Беше дел од трампа во која со Сантон заминаа во Рома, а Наинголан во Интер. Стана најмлад двоен стрелец во ЛШ на мечот против Порто. Брз е и пргав, а некои го сметаат за наследник на Тоти. Иако има само 20 години веќе им е идол на навивачите на Рома. Погледнете како ги израдува децава. Збунети беа сите.
На последните пет меча Каталонците имаат само една победа: нерешено со Сосиедад, неубедливо Ел Класико (0:0), нерешено на дербито со Еспањол (2:2), и последна капка која ја преполни чашата е испаѓањето од Супер купот на Шпанија од Атлетико Мадрид.
Во интервјуа со Стиков и Калински сме прашувале за разни анегдоти во нивната професија, ама до сега не сме чуле дека во таква работа за која е потребна многу внимание и концентрација, човек може до тој степен да се исклучи од пренос.
Се врати во Милан. Не му требаше долго време за да покаже зошто е дојден. На првиот меч против Сампдорија влезе од клупата за резерви и одигра 35 минути, а на вториот меч даде гол, намести еден и одигра одлично.
Како и да ја вртиш, тоа е факт од кој нема бегање. Зинедин Зидан е специјалист за финалиња. Сите што ги одигра со Реал Мадрид ги победи, без ниту еден кикс, а во меѓувреме си даде и отказ па го вратија.
По пауза од 2014-та, Јуве ја доби Рома на гости и му избега 2 бода на Интер кој ремизираше дома со Аталанта. Роналдо беше стрелец од пенал, а на Крис Смолинг му одигра еден на еден со прашањето Где је лопта?
На прсти се бројат играчите кои можат вака дрско да му влезат со слалом на италијанскиот првак. Николо Ѕаниоло има 20 години и е голема надеж во Рома и италијанската репрезентација и тоа многу голема со оглед на начинот на кој игра. Немаа лек за соло продоров, па Де Лихт на крај мораше со бодичек.
Дава гол и му мавта на судијата демек немало офсајд, а тоа шест души во недозволена позиција. Тактиката во одбрана е јасна. Кога ќе земе залет да ја изведе одиме сите на јуриш.
Додека на островот ќе се игра фудбал, а во неговата земја се случуваат стравични битки со енормни пожари, голман смисли начин како да ги мотивира колегите да бидат подобри, за тој истовремено да донира повеќе пари.
Нова типична Јирген Клоп прес конференција на која харизматичниот Германец ги стави на тест новинарите дали знаат на која позиција играл Жозе Мурињо додека бил играч. Ова прашање им го постави откако го прашаа кој бил подобар фудбалер меѓу нив двајца.
Страшен мотиватор, голем темперамент и човек кој си ја работи работата со голема страст. Можеби некој мисли дека е во елемент само тие 90 минути, ама жарот го има и после натпревар. Погледнете го колку е среќен за победата. Ги чекаше еден по еден за да им честита.
Дечкото спие на пари, ама никогаш не заборава од каква сиромаштија потекнува. За леб немал, а не па за копачки. Толку е скромен што не дозволува ни со крал да му се обратат. Овие снимки се ептен логични, бидејќи им помогна на сите до еден.
Кога Барселона води 2:1 на 10 минути до крај, тогаш лотарија од ептен ретки размери е да погодиш дека ќе загуби. Синоќа во полуфиналето на Супер Купот се изгубија позади и мислеа дека играат против Елче. Атлетико им направи пресврт во 81-ва и 86-та.
Го знаете ли вие Разван Марин од Романија кој летоска направи трансфер од Стандард во Ајакс? Се работи за 23 годишен играч од среден ред кој го купија за 12,5 милиони евра со што стана трет најскап Романец после Муту и Киву. Проба да изведе една неголична лудорија на тренинг, колегите не му веруваа арно ама...
Прилепчанецот оваа сезона не само што држи добра форма, туку со својот забавен карактер си створи имиџ и стана еден од омилените ликови во тимот на Биелса. Штом и графити има од него, тогаш навистина е идол на многу навивачи без да кажеме ние.