Фудбал

Озил се направил бик во теретана

Некогашниот светски шампион со Германија и голема ѕвезда на Арсенал и Реал Мадрид Месут Озил на 35 години решил тотално да се посвети на своето тело. Тој ниту во најдобрите играчки денови немал такви тренинг навики како сега, па веќе се гледале резултатите од напорните вежби.

Бомбата на Руни од 50 метри, кога Бекам се смешкаше на трибини

Кога човек ќе се присети на некое голчиште на Вејн Руни, прво на памет му доаѓаат оние антологиски ножички на градското дерби против Сити. Ама има кучето многу јаки голови во кариерата и не за џабе е прв стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед со 253 гола. Пред точно 10 години ја опали поштено од пола терен против Вест Хем.

Грузија на чекор од Европско, Украина направи чудесен пресврт во Зеница

Мошне убедливи резултати донесоа синоќешните полуфинални дуели од баражот за пласман на Евро 2024. Грција го растури Казахстан со 5-0 и се избори за финален дуел за пласман на големиот собир во Германија, а Украина направи неверојатен пресврт на гости кај Босна и Херцеговина.

Левицата на Диего

Марадона почина на 25-ти ноември 2020-та година. Зад себе остави толку многу мастраф што за видеа, репортажи, филмови, серии, документарци. А богами и голови за потсетување одвреме-навреме.

Три карти за Европско првенство - вечерва се баражите

Дванаесет репрезентации се близу остварување на сонот за пласман на Европско првенство 2024 кое се игра летово во Германија.

Соиграч на Попов, тренер на Пандев, во кумска врска со Берлускони

Легендарниот Андриј Шевченко вчера беше во Скопје. Фаца е дечкото, нема што, ќе се потсетиме малку на него. Иако еднаш го раскрварија на Градски, па се налути и си отиде. Има и видео од тоа.

„Борете се како своите навивачи"

Навивачите на Фенербахче се очигледно воодушевени од реакцијата на своите играчи кои влегоа во клинч со навивачите на Трабзонспор, а дел од нив решија да се тепаат. Во Истанбул веќе има графит, инспириран од една фотографија на која Нигериецот Брајт Осаи Самуел со боксови му влага на еден.

Пикси раскажува кога Марадона се појавил во хотел во Лондон пред цела фудбалска елита

Во 1987-ма, Драган Стојковиќ Пикси имал чест да игра на фудбалски натпревар по повод прославата од 100 годишнината на Фудбалската Асоцијација на Англија. Биле сè фаца до фаца, од типот на Бекенбауер, Кројф и Пеле. Но во еден момент,  во холот од хотелот каде се собрале, се појавил човек кој добил аплауз од 10 минути. Пазете му го описот на тоа сведоштво.

Дерби на колото: БВК Коњаре - Еуромилк Горно Лисиче

Кој вика дека нема фудбал деновиве? Има за тој што сака да гледа, само треба да му се даде шанса. Како ние што направивме утринава. 

Поради расистички испад, Ачерби исфрлен од репрезентација на Италија

Во италијанскиот фудбал изби скандал откако по големото дерби меѓу Интер и Наполи минатиов викенд, гостинскиот одбранбен играч Хуан Жезус објавил дека стоперот на Интер Франческо Ачерби го навредувал на расна основа.

Најопасните фаули над Кристијано Роналдо

Ветеранот и најдобар стрелец во историјата на фудбалот играше неверојатно во дресовите на Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и секако репрезентацијата на Португалија за која има најмногу настапи и најмногу голови. Ама низ кариерата претрпе и сериозен ќотек. Особено на Островот.

Хумел направи интересен дрес на Данска за Европско

Репрезентациите учеснички на големото Европско првенство 2024 кое летово ќе се игра во Германија, полека ги претставуваат своите комплети во кои ќе играат на турнирот. Данска ја покажа својата прва варијанта во која ќе игра на Европското а дресот произведен од брендот Hummel има називи на 1.535 професионални фудбалски клубови колку што има регистрирано во земјата. Со ситни букви се испишани од внатрешна страна на дресот.

Аргентински коментатор на денот, ама измиксан

Во техника веројатно ја имаат утнато. Има таму една опција „Auto-Tune“, изгледа им е на „on“, а треба на „off“ да биде. Не дека сме најсигурни, ама ќе да е до тоа.

Слободен удар од учебниците

Лоб удар, пласирана, сув лист? Жунињо? Михајловиќ? Што удар ќе беше ова за вака силно, моќно и совршено да изгледа и да заврши онаму каде што не се брани? Голманот беше само гледач и ништо повеќе. Инаку се работи за нисколигашот Мајами Јунајтед кој игра во полупрофесионална лига во САД.

Нова доминантна партија на Никола Јокиќ во дербито на Западот

Во дербито на вечерта, актуелниот шампион Денвер Нагетс славеше триумф на гостински паркет против силната Минесота Тимбервулвс 115:112.

Јако ЛШ ретро извади УЕФА од пред 15 години

Се работи за сезоната 2008/2009 и она единствено финале меѓу Меси и Роналдо, односно Барселона и Манчестер Јунајтед кое го доби Аргентинецот. Во полуфинале момците на Фергусон го елиминираа Арсенал на Венгер. Погледне како почнува клипов, со ненормално добар слободен удар на Роналдо, кој тука има 24 години.

Ајде па почесто да доаѓате

Во Данска ќе се води голема битка за шампионска титула. После 22 одиграни кола Митдјиланд е прв со 48 бода, Брондби втор со 47 а Копенхаген трет со 45. Брондби во неделата со 4-1 го совлада Силкеборг а дури три гола постигнал младиот 23-годишен Јапонец Јуито Сузики.

Дилета или Елеонора?

Нема фудбал денес, на Резултати прво што дава е алжирска прва лига, а на Лајвскор четврта лига Англија. Ама затоа има жени што сакаат фудбал. Едната ja знаете како Дилета Леота, лицето на ДАЗН и Серија А, како и сопруга на среќникот Лорис Кариус. Втората не знаеме дали е слободна. Се вика Елеонора Инкардона, инаку голферка која исто така знае да се појави како водителка на ДАЗН. Врснички се, генерација 1991-ва. Господ само здравје да им дава.

Миовски: Секогаш давам 200% за клубот и репрезентацијата

Македонската фудбалска репрезентација термините за пријателски ќе ги искористи за тест средби против Молдавија (22.03) и Црна Гора (25.03), кои ќе се одиграат во Анталија. Нашиот центарфор, Бојан Миовски кој ја игра најдобрата сезона во кариера со вкупно 22 гола за Абердин, ги истакнува важноста на овие собири и се надева дека ќе му тргне голгетерски и во националниот тим.

Не дека и Трабзон не е прав

Сигурно дека Трабзонспор го чека драстична казна за она што го направија неговите навивачи кога влетаа на терен после мечот и ги нападнаа фудбалерите на Фенербахче. Ама па сега и од Трабзон извадија видеа на кои се гледа дека и гостинските фудбалери и управа не биле баш цвеќиња за мирисање.

Германија е најфудбалска земја

Барем така викаат сите педантни статистички параметри според кои најпосетени стадиони во Европа има во Германија. Па замислете вие кога во втора лига фудбал дошле да гледаат 69.156 гледачи.

Земи ги сите, јас секако не јадам повеќе

Роналдо Луис Назарио да Лима и Дејвид Бекам на НБА натпревар решија да делат едни пуканки. Или не?

Маркус, па Лилијан не беше таков

Во дербито на колото во Серија А, Интер и Наполи ги поделија бодовите. Нераѕурите поведоа први преку Матео Дармијан во 43’ минута а Наполитанците израмнија во 81-ва минута преку Хуан Жезус. Маркус Турам кој игра одлична сезона со 10 гола и 10 асистенции на 27 меча во сите натпреварувања, без никаква потреба проба да глуми прекршок за пенал.

Него што правиме со слободниот удар на Стерлинг?

Челси го елиминираше Лестер и ќе игра полуфинале во ФА Купот против Манчестеер Сити. Рахим Стерлинг не беше меѓу стрелците, бидејќи нишанот му беше тотално изместен. Прво промаши пенал, а потоа изведе слободен удар за потсмев. Во Ла Манш ја најдоа топката.