Фудбал

Навивачите на Милвол против клекнување на колено за БЛМ

Во англискиот фудбал и натаму пред секој меч, во знак на борбата против расизмот, се клекнува на едно колено, како симболот на акцијата Black Lives Matter, ама не секаде е добро прифатен овој гест. По враќањето на навивачите на стадион, оние на Милвол протестираа против клекнување.

Се огласи бегалецот Мамињо по големиот успех на Динамо

Неприкосновениот хрватски шампион по којзнае кој пат во последните неколку сезони игра сјајна улога во еврокуповите. Овојпат се први во својата група во Лига Европа и после 5 одиграни меча не примија ниеден гол. За таквиот учинок гордо се испрси Здравко Мамиќ.

Динамо Загреб со посебно видео му честиташе на рекордерот Адеми

Внимавајте добро на коментарите на навивачите за да сфатите какво играчиште има Македонија во среден ред: „Треба да му подигнат споменик“, „Териер фајтер со срце“, „Ќе се зборува за него и по 50 години.

Другар Ротердам е тоа, не Вимблдон

Динамо Загреб синоќа му гостуваше на Феенорд кој го доби со 0:2, а камерите уловија една несекојдневна ситуација пред мечот кога соиграч на Адеми ја проба тревата глумејќи го Ѓоковиќ.

Нејмар како дете случајно во автобус се запознал со Марадона

Фудбалскиот свет и натаму се простува со Диего Армандо Марадона кој почина пред девет дена. За најголемиот зборуваат и денешните, современи ѕвезди на фудбалот.

Како Џаро средил да има пренос од Звезда во Куп на УЕФА

Во контекст на синоќешниот настап на Црвена Звезда против Хофенхајм, имаме јака случка со Џаро во истото натпреварување, ама кога играле против друг германски претставник. Тоа се тие југословенски финти.

Аукција за предметите на Марадона, највредниот дрес чуван во музеј

Во среда на 9. декември во 14:30 ќе се одржи една од неколкуте аукции со вредни предмети од Марадона и Пеле. Интересот е огромен, неговиот дрес од мечот со „Божја рака“ проценет на 2 милиони долари но сопственикот не би го продавал.

Осумте јубилејни голови на Роналдо

Интересна компилација на Кристијано во која може да ги видите головите број 1, 100, 200, 300, 400, 500, 600, 700 и 750 од неговата кариера. Има 648 за клуб и 102 за репрезентација. Пред него има само тројца подобри во историјата: Пеле 767, Ромарио 772 и Жозеф Бикан 805.

Ко ист кројач да ги пуштил на терен во Копа Либертадорес

Гремио се пласираше во 1/4 финале на Копа Либертадорес откако со 2-0 го совлада Гуарани од Парагвај дома и со вкупни 4-0 оди понатаму. Интересно мечот доцнеше зошто двата тима излегоа во многу идентични дресови.

Најболен гол на вечерта во Лига Европа

На „Ајброкс“ Стивен Џерард и Ренџерс запишаа уште една победа во Лига Европа, овојпат против Стандард Лиеж 3:2, а мечот ќе се памети по една болна сцена. Гостинскиот фудбалер, Хрватот Дује Чоп во 40' минута зголеми на 1-2 ама во ист момент жестоко се удри во стативата. Брзо го извадија од игра поради повреда.

Динамит левица на детето на Рома, му го посвети евроголот на Де Роси

Рикардо Калафиори има само 18 години а веќе се промовира во стандарден лев бек на Рома. Наскоро треба да дебитира и за Италија на Манчини и ништо чудно да го гледаме на Евро догодина. Малиот има левица како ракета.

Го нема Ибра, го има Хауге, норвешкиот бисер кој прави дар-мар

Јенс-Питер Хауге има 21 година. Во Милан дојде пред пар месеци кога со својот Молде одигра фантастичен меч и постигна еврогол во плејофот за Лига Европа. Малдини и управата буквално не го пуштиле малиот да си оди назад затоа што решиле преку ноќ да потпишат договор со него. И веќе им се исплати.

Гол на Даре Велковски против големиот Сосиедад

Вечерва во Лига Европа се одигра и 5. оло во групната фаза. Играа тројца македонски репрезентативци: Велковски постигна убав гол за Ријека во ремито 2:2 на гости кај Сосиедад, а Елиф Елмас играше од 58' минута за Наполи против АЗ Алкмар (1:1). Адеми со капитенска лента го водеше Динамо до голема победа од 0:2 кај Феенорд со што „модрите“ се пласираа во нокаут фаза како први во групата.

Пеле до Марадона: Ти беше гениј кој го маѓепса светот

Една недела по неговата смрт, светот уште се испраќа со Марадона. Не било вака за друга спортска личност. Човекот со кој ја поделија наградата за играч на 20-ти век според ФИФА, му напиша писмо.

Кој за што ќе игра во последното решавачко коло во Лига на шампиони?

После 5 одиграни рунди веќе знаеме повеќе од пола патници во нокаут фазата - 9 екипи кои обезбедија пласман. Четири тима се сигурно први и ќе имаат предност на ждрепката за 1/8 финале.

Како ќе го спориш кога даде 4 гола во ЛШ и поефикасен е од Платини и Трезеге?

Да, Оливие Жиру важи за оспоруван напаѓач, а всушност се работи за уште една стара коска меѓу напаѓачите или ако сакате старо добро вино. Сам ја потепа Севиља со 4 комада и му донесе прво место на Челси на едно коло до крај.

Еден од ретките кој имаше хет-трик во Лига на шампиони, а изгуби

Најлудиот меч синоќа во елитата, се одигра во Истанбул каде домашниот Башакшехир и Лајпциг постигнаа вкупно 7 гола. Тимот на Јулиан Нагелсман водеше 0:2, па 1:3, ама домаќинот го имаше неверојатниот Ирфан Кавеџи.

Тевез носеше дрес на Марадона од 1981-ва и даде гол во негова чест

Во големото дерби од 1/8 финале на Копа Либертадорес, Бока на гости го совлада бразилски Интернасионал со 0:1. Голот го даде Карлитос Тевез во 63' минута, а при прославата го соблече својот дрес и под него го носеше легендарниот кој Марадона го носел во Бока во 1981-ва.

Се затресе камерата на Градски

Земјотресот кој здрма вчера фино го осетија и тие што беа на Работнички - Пелистер, а во тој момент го снема и коментаторот.

Во Битола би го викале љуфнатио

Наместо како колегата од спротивната страна Нејмар да биде ладен ко шприцер во завршницата, Антони Марсијал синоќа се посрамоти против ПСЖ и тоа само што почна вториот дел при резултат 1:1.

ПСЖ го освои Олд Трафорд, Жиру даде 4 против Севиља

Фантастичен фудбал гледавме вечерва во претпоследното коло од групната фаза во ЛШ. Пари Сен Жермен успеа да освои 3 златни бода против Јунајтед и да остане во игра за нокаут фазата. Лацио до важен бод во Дортмунд, а Жиру направи чудо со 4 комада во Андалузија.

Во отсуство на Меси, Гризман покажува што знае

Прашање на време беше кога францускиот мајстор ќе заигра на врвно ниво. По евроголот минатиот викенд во Ла Лига, вечерва во Будимпешта постигна фантастичен гол со пета. Барса на полувреме води 0:3 против Ференцварош.

Судија, чекај да пројде погребната поворка па играјте

Мечот од 6. коло во фудбалската лига на Ирак меѓу Ал Талаба и Ал Касим (1:0), во еден момент бил прекинат за да помине погребната поворка со ковчегот на поранешниот тренер на Ал Карах и Ал Талаба, Карим Салман кој починал од вирусот.

Мрме го открива говорот на Пандев пред финалето со Грузија

Гледавме оро на терен во Тбилиси, прес со лудории, големо славје со трубачи во хотел, но не видовме, ниту чувме што се случувало во соблекувална пред историските 90 минути. Ќе каже лично селекторот.