Фудбал

Само еден човек играл и против Марадона и против Меси

Изјавата на Алесандро Костакурта дека Меси бил толку јак уште на 16 години, што при една пријателска средба тој побарал од Анчелоти да го извади од игра после 15 минути за да не се посрамоти. Ама работата е што Костакурта никогаш не играл против Меси.

Полувремето долго шест месеци за Гинисова книга на рекорди

Шпанскиот фудбал конечно ќе продолжи. Рестартот ќе го обележат Рајо Ваљекано и Албасете кои ќе го доиграат второто полувреме од одложениот меч на 15 декември лани.

Голман, тебе добро ти дошла изолацијата

Фудбалот си врви и во Костарика. Таму во полуфиналето на државниот плејоф во Клаузура, Ескацукења на пенали го победи Десампарадос откако во регуларен дел било 1-1. И тоа пазете како израмнил домаќинот со играч помалку дури во 88' минута!

Само што излегоа од карантин, во Австрија падна страшен гол

По финалето на Купот кој го освои шампионот Ред Бул Салцбург, се рестартираше и австриската фудбалска Бундеслига и одма падна лудачки погодок. На мечот Штурм - Волсфбергер, гостите поведоа преку ножичките на Шон Вајсман.

Машината пушка за тренинг на голманите

Рускиот клуб Локомотив Москва се пофали дека купил направа која што силно испалува топки кон голот. Цена: 25.000 евра. Нека му ја мислат голманите.

Дете, случајно Златан да не ти е татко?

Се вика Максимилијан, има 13 години и да, татко му е Ибрахимовиќ, чие презиме изгледа уште долго ќе биде присутно како аквитно во фудбалот. Малиот ја има изгледа жичката на татко му.

Животот на Деле Али е семејна драма - од 13 години живее во друга фамилија

Англискиот репрезентативец Деле Али има мошне необична животна приказна и фудбалска кариера. Иако уште е млад играч, тој зад себе веќе има многу успеси, но малку фалело улицата да го потегне кон себе и да заборави на фудбал.

Голот за кој Клоп тврди дека е најубав во историјата на Бундеслига

Во 1993-та Ајнтрахт Франкфурт го пречекува Карлсруе. За гостите брани лудиот Оливер Кан, а за домаќините игра Нигериецот Џеј-Џеј Окоча, еден од најпрефинетите техничари од Африка.

Како по ново ќе се гледа фудбал на видео бим

Ја имаме најбезбедната опција за секој кој преферира групно гледање на плоштад. Плус внатре имаш и повеќе опции, како на пример пивце во скут, а со другата рака држиш бакља од прозор.

Ривалдо и комичната глума против Турците на Светско

Предводен од Роналдо, Ривалдо, Кака, Денилсон и Роналдињо, Бразил стана светски шампион во 2002 година на Мундијалот во Јужна Кореа и Јапонија. Ама тоа Светско се памети и по глумата на Ривалдо против Турција.

Снимка од Телма кога Малдини се збогува со фудбалот

Носталгијата на навивачите на Милан може да се каже дека ги пука од 2009-та, бидејќи тогаш заврши одисејата на нивната икона. 25 години, 25 трофеи од кои 7 Скудета и 5 ЛШ. Играше скоро до 41 година. Еднаш се раѓа ваков дефанзивец, борец, лидер, истовремено и симбол на клубот.

Жими мајка сакав да ја нафрлам

А па Кварезема го гледа и му аплаудира, затоа што прво исфрли двајца и потоа му пуштија магија со надворешен на голманот.

Последниот трофеј на Јуве во ЛШ

Многу прочуени финалиња со врвни имиња, се играа во Лига на шампиони во 90-те, а до последниот меч стигаа клубови за кој ако кажеш дека едниот е фаворит, ќе го навредиш другиот. Ван Гал го потцени опасниот тим на Липи и се заеба.

Се сеќавате ли на најлудата измена во европскиот фудбал?

Полскиот центарфор Роберт Левандовски сруши и уште руши еден куп рекорди во кариерата. Игра неверојатен фудбал а најлуди моменти во неговата биографија се кога му даде 4 гола на Реал и еднаш кога влезе од клупата за резерви против Волфсбург во Бундеслига.

Тамам решивме компир да садиме, стигна одлука за фудбал

Од Осогово пак го насмеаа цел регион, откако ја збунија јавноста во земјава со објавени фотографии на кои се гледа како го преорале теренот.

Фудбал преку Зум, кај нас лесно би отишло во друг правец

Данскиот прволигаш Орхус реши на необичен начин да ги приближи навивачите до својата екипа, така што преку Зум платформата на видео-бим гледаа првенствен дуел. Предност за регистрација имале сезонците, а клубот имал и администратор кој следел да не се појави некој циркус.

Вевчанецот на кого му се поклонува цела Босна и Херцеговина

Фудбалската федерација на БиХ го следеше примерот од некои европски земји и реши и официјално да го прекине првенството, односно сезоната 2019/2020 поради коронавирусот, па шампион стана Сараево.

Женска фудбалска дарба

Девојкава има толку сенс за фудбал што комотно би можела да им држи лекции на многу преплатени фудбалски ѕвезди. И внатрешна, и надворешна и фелш и дриблинг, комплетна надареност.

Кога Нигеријците играле боси во Англија и победиле 5:2

На денешен ден во 1949 година, репрезентацијата на Нигерија гостувала во Англија против тимот Марин, во градот Крозби. Африканците играле боси ама тоа не им сметало со 5:2 да ги декласираат домаќините кои играле со модерни копачки.

Кај ви текна па сега ова?

Значи стварно држи вода муабетот дека ништо повеќе нема да биде исто.

Денот кога Клоп го разби проклетството после шест загубени финалиња

Лани ова време бевме во еден поинаков карантин, затоа што освен ракометното полуфинале на Вардар против Барселона во Келн, се играше и финалето на фудбалската ЛШ. Ден на кој Јирген Клоп ќе се навраќа до крајот на животот, затоа што конечно успеа.

Првата изјава на Панчев после финалето во Бари

Крај на мај, почеток на јуни е период за сумирање на сезоната, но и за патување низ спортскиот времеплов бидејќи тогаш се освојуваат пехарите и се редат славја на клупски план. Имаме нови снимки од првите двајца македонци кои станаа европски прваци.

Најчудниот фелш од Бундеслига

Овде не можеш да го кривиш ни живиот ѕид, ни голманот, затоа што ваков нелогичен шут едноставно не се брани. Многу коментатори мислеа дека топката влезе од одбиена и веројатно само Максимилијан Арнолд од Волфсбург знаеше што прави. Магијата се случи во 2018-та.

Падерборн ја најдовте ли топката?

Фудбалерите на Борусија го потепаа кутриот Падерборн на гости со 1:6, а во еден момент врзаа не акција, туку акцииште кое ќе беше број на 1 на сезоната, ама штета што не влезе на крај.