Режисерот на комедијава се вика Микаел Рош кој брани за селекцијата на Тахити, а денеска му честитаат 5 години од невозможниот и нестварен потег кој го изведе во ОФЦ Лига на шампиони која се игра во Океанија.
228 дена откако во финале на ЛШ во август лани во Лисабон Баерн го совлада ПСЖ, вечерва во Минхен во првиот дуел од 1/4 финале Парижаните остварија триумф пред реваншот. Порто и Челси играа во Севиља поради ригорозните мери во Португалија.
Реал Мадрид не е само Рамос, Марсело или Бензема и не беше само Кристијано Роналдо. Внимавајте добро на фактите за овие дечки вредни злато во средина. Само една исправка во твитот. Крос има три трофеи во ЛШ, бидејќи кога Реал ја почна серијата во 2013/2014, тој играше за Баерн.
Друг Реал, други времиња. Помалку трофеен во ЛШ од овој, ама спектакуларен за гледање. Не умираат снимкиве и без разлика за кого навивате, не може да не уживате во играта на овие незаборавни ликови. Зидан - Раул - Роналдо. Едноставно, ама елегантно.
Со секогаш расположениот Рики може да зборувате со саати на различни теми и секогаш да ви биде сè поинтересно. Има животна приказна во него вредна документарец. Тргна од скопскиот асфалт и стигна до фантастични фудбалски висини. До момент Жозе Мурињо да му донесе поклон специјално за него.
Се искомплицира авантурата на македонските навивачи кои планираат на лице место да ги бодрат Пандев и другарите. Бројот на карти ќе биде многу лимитиран и нема да може да се седи на двата меча кои ги играме во Романија.
Што ти е младост. Фил Фоден е роден 2000-та. Синоќа ја реши Борусија Дортмунд со гол во 90-та минута, а претходно со еден потег реши двајца. Едниот го легна на земја, а другиот остана на нозе, ама како споменик.
Е ова го немавме видено до сега. Камерата во тунелот по мечот Манчестер Сити - Борусија Дортмунд го улови линискиот судија како му бара автограм на Халанд. И тоа на картон. Каква апсурдна ситуација досега невидена во Лига на шампиони, па и општо во фудбалот.
Фудбалерите на Реал Мадрид го издоминираа Ливерпул и со заслужен триумф од 3:1 ќе патуваат на Енфилд. Ливерпул немаше шут кон гол во прво полувреме. На другиот дуел Манчестер Сити славеше 2:1 во финишот само шест минути откако прими гол.
Со головите на Винисиус и Асенсио, Кралевите имаат убаво водство од 2:0 против Ливерпул на првата четвртфинална вечер од ЛШ. Сите во Мадрид зборуваат за топката со очи која Тони Крос му ја даде на Винисиус. Преку цел терен го најде.
Фудбалерите на Динамо Загреб меѓу кои и нашиот Стефан Ристовски, во четврток играат историски дуел во четвртфинале на Лига Европа против шпански Виљареал. Клубот од Максимир реализирал интересна идеја пред овој натпревар.
Леле вакви спомени се ова од една незаборавна селекцијата која се најде во албумот, но не заигра на тој турнир. Тие што се родени во раните 80-те и порано знаат за што зборуваме.
Создадоа еден интересен микс, талент и дисциплина, како и влијание од европскиот фудбал. Многу способен им е и селекторот Ангеловски. Знаеше како да го сплоти тимот и да создаде свесност. Горан има големо срце и се гледа дека другите го следат и дека им е лидер на еден природен начин.
Новинарот на ЕСПН, Арчи Ринд-Тат кој е специјализиран за германска Бундеслига, раскажа за најпознатата кебапчилница во Лајпциг каде редовно доаѓаат познати фудбалери.
Панини треската во Македонија само што почна, а за некој веќе заврши. Скопјанец се пофали дека веќе го пополнил албумот, а во петокот излезе во продажба. Епа давај сега дупликатите :).
Интер полека ита кон титулата, а еден од најзаслужните е дефинитивно белгискиот центарфор кој реши еден куп натпревари. Оваа негова статистика со која го засенува „Феноменот“ не е воопшто наивна.
На нешто повеќе од 2 месеци до почетокот на Европското првенство, Македонија западна во фудбалска еуфорија, а најмногу благодарение на надреалниот триумф во Германија. Играчите запалија огномет, а искри фрла и албумот со сликички Панини.
На некој и тоа му текнало. Да ја качи на нет цела, што е ТОП, бидејќи од денеска ќе можете во архива да ја сместите перверзијата која им ја направивме на Германците. Што убаво.
Фудбалерот на Ријека кој својата кариера ја почна во матичниот клуб Работнички, па преку Вардар замина за Хрватска, веќе неколку сезони стабилно командува со одбраната на нашата селекција. Даре е најзаслужен што многу големи фудбалски ѕверки не успеале да ни постигнат гол.
Пред почетокот на мечот меѓу Нојленгбах и Сент Пелтен во австриската женска Бундеслига, а во чест на најголемиот христијански празник кој католичкиот свет го празнуваше викендов, судијката за да одреди кој ќе бира топка или гол им подели велигденски фарбани јајца.
Голем расистички скандал го здрма шпанскиот фудбал откако фудбалер на Кадиз наводно го навредил францускиот стопер од Валенсија кој барал подоцна од играчите да ја одбранат честа на клубот и доиграат до крај.