Изненадување во изборот на топ 30 играчи на годината беше името на Кјаер. Но неговото присуство нема врска со фудбал. Стоперот на Милан и селекцијата на Данска, прв истрча за да му го спаси животот на Ериксен на Европското првенство. Дидие Дрогба го нарече херој кој ја направил разликата, хајлајт за 2021-ва според него.