Фудбал

Како да гледаш Европско на вечера со жена ти?

Овој сигурно барал и љубов вака да водат.

Ни Тимо Вернер не го може ова

Сепак беше потребен трет човек да го погоди па да се одбие топката од него и да влезе во гол, нема друго чаре.

На „Вембли“ ќе има 60.000 ама без многу Данци, Шпанци и Италијанци

На 22 јуни се обелодени дека британската влада ќе допушти 60.000 гледачи за полуфиналните дуели (6 и 7 јули) и финалето на Евро 2020 (11 јули). Но меѓу нив практично ќе нема гости од Данска, Италија и Шпанија.

Убавата акција за гол на Данците од птичја перспектива

Кој би рекол дека ќе станат полуфиналисти и тоа после два порази на стартот и оној шок дека може да го загубат Кристијан Ериксен. Ама играат мотивирано и организарано дечките. Може акцијава за голот на Каспер против Чешка изгледа едноставно, ама во пракса не е така.

Кога Меси ја гали топката знаеш што следува

Откако одигра врхунски во групната фаза, Лионел Меси ја поведе својата Аргентина и во четвртфиналето каде убедливо со 3-0 го совладаа Еквадор на Копа Америка. Лео по втор пат имаше две асистенции и прекрасен гол, па „гаучосите“ сега ги чека големо полуфинале со Колумбија.

Евроавтогол на Ранко во Америка

Во дуел меѓу двете последнопласирани екипи од МЛС лигата, Далас извлече бод против Ванкувер во 90+4' минута по јакиот автогол на Ранко Веселиновиќ со глава.

Во 2016-та навивал за Англија од трибини, сега им е топ дефанзивец на Европско

Да му кажел некој на Хари Мегваер пред 5 години дека во иднина ќе командува со одбраната на Англија, ќе постигне гол во четвртфинале и ќе се пласира во полуфинале на Европско, сигурно би го сметал за луд.

Емотивниот повик на Мурињо до Пандев во автобусот на македонската репрезентација

Некои можеби уште не се свесни колку големо фудбалско име во Европа е нашата легенда која на 37 години ја однесе Македонија на Европско. Пази му се јавил Жозе во Букурешт на видео повик и тагувал за неговото репрезентативно пензионирање.

Дебакл на Украина, Англија броеше до четири

Со доминанта и моќна партија, селекцијата на Англија ја декласираше Украина и ја потврди фаворитската улога во последниот четвртфинален меч на ЕП. Два гола на Хари Кејн. Три од четирите погодоци ги дадоа со глава, што е рекорд на едно Европско.

Овации и топли прегратки за Спинацола од цела Италија

Роберто Манчини не создаде само напаѓачки и допадлив фудбал, туку и хемија во националниот тим без која не се гради победнички менталитет. Погледнете како го пречекаа Леонардо Спинацола кој им се појави на ручек со патерици. Сите го изгушкаа еден по еден, секоја чест.

Се смешкаш на паричиња а?

На 22 години стигна до 215 настапи за Милан со кој дебитираше на 16 години, како втор најмлад голман во историјата на Серија А. Имаше отворен пат да стане легенда со седум кратниот европски првак и да урне низа на рекорди. Но наместо фудбал со љубов, ги одбра парите.

Данска гази сè пред себе и стана полуфиналист

Многу селекции од кремот на Европа се соочија со рана елиминација на ЕП, но селекцијата на Данска не се дава и му вети на Кристијан Ериксен пласман во финале. На прагот се да го остварат. Им преостанаа уште 90 минути. Чешка - Данска 1:2.

Италијанска глума на вечерта

Под водство на Роберто Манчини, Италија игра неверојатно и е во серија од 32 меча без пораз. Ја совладаа Белгија, прва селекција на ФИФА ранг листата, ама не можеа да не фрлат малку италијански зачин. Чиро Имобиле глуми повреда па слави гол во неколку секунди.

Аѕурите блескаво во полуфинале, Белгија на колена

Откако доминантно дојде до осминафинале, со три триумфи без примен гол Италија сјаеше и во четвртфиналето каде ја скроти Белгија со 2-1 и оди во големото полуфинале.

Шпанија е полуфиналист по драмата на пенали со Швајцарија

По неверојатните дуели во осминафинале, Шпанија и Швајцарија одиграа уште еден драматичен меч. Шпанците поведоа преку автогол, во 68' минута Швајцарците израмнија па со играч помалку издржаа до пенали.

Мрме заработувал 53 пати помалку од Лев

Чешкиот „Испорт Блеск“ ги објави платите на сите селектори на репрезентациите кои беа или сè уште се дел од Европското првенство.

Незапирливиот и неповторливиот Иниеста на ЕП 2012

Дај му ја на Андрес и топката е во сеф. Европски првак 2008, Светски првак 2010, Европски првак 2012. Што повеќе од тоа? Играше со леснотија и елеганција, а Шпанија сега нема ваков шампион.

Ако ви е многу жешко одете на плажа со Наинголан

Само бидете на штрек и гледајте да не заспиете.

Да ти е мерак да гледаш тренинг на Данска

Данска заедно со Чешка и Швајцарија се најпријатни изненадувања на Европското првенство летово. Данците тргнаа потресително во првото коло, изгубија дома од аутсајдерот Финска и беа во шок по епизодата со Ериксен, ама се вратија, заиграа како треба и сега ги чека четвртфинале со Чешка. Еве како забавно се спремаат.

Англичанец еден ден после победата над Германија

Очекувавме и колут напред, али добро е и ова.

Фудбалер на ПСЖ сними скришно расистички напад на џандар

„Утрово кога го напуштив тренинг центарот, бев сведок на една шокантна сцена, која деновиве станува пречеста“, напиша бекот на ПСЖ, Лајвин Курзава.

Зизу уште го има осетот и на стари години

Паненка, дриблинзи како да не е од оваа планета, прием со лепак, врвни слободни удари. Веќе ви е јасно за кого станува збор. Зизу на 49 години на мал фудбал 5-на-5 со синовите и други деца покажува што знае.

10 причини зошто да го сакате Европското првенство

Прво и основно има многу голови, повеќе од било кога. Потоа судењето е одлично, малите им прават сериозни сопки на големите и што е најважно, се игра пред навивачи.

Реакцијата на Борис Џонсон на голот на Кејн со Германија

Го чекаше цела нација, од премиер, преку министри и кабинети до навивачи, новинари, јавност. И конечно Хари Кејн збрца гол на Европското и тоа против најголемиот ривал - Германија за победа од 2:0.