Фудбал

Aрена и Спортклуб ќе вршат преноси на македонски јазик

Тоа што функционира на пример кај Србите и Хрватите, конечно ќе биде регулирано и кај нас. Спортските натпревари на наша територија ќе ги гледаме и слушаме со македонски коментатор.

Соло продор на Паредес против шестмина Колумбијци

Сè почна од Меси кој прво се обиде да нафрли, а потоа со еден несмасен потег го насмеа коментаторот. Од карамболот профитираше фудбалерот на ПСЖ, Леандро Паредес кој се проби како шило преку цела одбрана и погоди за 0:2. Колумбија сепак освои бод во овој квалификациски меч за СП, со гол во 94-та.

Гризман со еврогол се загрева за Европско

Оливие Жиру синоќа беше двоен стрелец на пријателската против Бугарија која заврши 3:0, но шоуто го украде Антоан Гризман кој на домаќински начин се справи со една одбиена топка на гостите.

Тато, изгледа ти си најстар на ова Европско

Што направил Пандев во продолженијата од Куп финалето меѓу Академија Пандев и Силекс? Што зборувале со Џиџи Буфон на загревање кога ги снимија неодамна? Како реагирале неговите деца кога го прелистале албумот Панини?

Македонија меѓу репрезентациите со најмногу играчи во странство

Со оглед на тоа што нашето домашно првенство е такво какво што е, добро е што имаме макар тројца претставници од Прва македонска лига. Сите други играат во странство.

Јунаците слетаа во Букурешт

Нашите ги испратија со вода за среќа, а домаќините ги пречекаа со брендиран автобус и веднаш уште на скалите од авионот се сликаа со нашите ѕвезди. Македонското знаме е развиорено уште на аеродромот во Букурешт. Историјата е испишана. На лице место.

Докторска асистенција на Хумелс до Гнабри

Германците и се истурија синоќа на Летонија пред Европското со 7:1 и тоа со седум различни стрелци. Внимавајте добро на надворешниот фелш на Матс Хумелс до Гнабри, кој потоа ја заврши домаќински.

Фудбалерите испратени на Европско со македонски адет

Бандата на Мрме се одјави утринава од Хилтон и со чартер лет заминува за Букурешт каде на 13-ти и 17-ти јуни, гордо ќе ја пее македонската химна. Вода им истурија, за да биде со среќа и со лесно.

Бегај, корона имаш

Прв тест позитивен, втор пак позитивен, па дури од трета мајка се смилува и кога им се придружи на другарите, најјак беше Џани кој не сакаше да го гушне. Мрме рече, не тргаме за Букурешт без Барди и ете го се врати жив и здрав во 5 до 12.

Се запознаваме со ривалите од нашата група на Европско - II дел: Холандија

Повеќето стручни анализи на нашата Група Ц се единствени во ставот дека Македонија ги има сите предуслови да биде „нагазна мина“ за некои од фаворитите. Ако можевме да ја собориме Германија, зошто не и Холандија среде Амстердам?

Гризман игра Менаџер со Њукасл, му кажува на Мбапе дека го купил на игрица

„Пет трофеи сум освоил со Њукасл. Пет!“ им кажува врвниот француски центарфор на колегите од репрезентација додека во авион ја игра популарната игра „Фудбал Менаџер“ 2021. Во еден момент му кажува на Килијан дека го довел во Њукасл. А овој му одговара: „Каде? Во Њукасл?! Не е баш топло таму, а?“

Колку пари може да заработи Македонија на Европско првенство?

Покрај радоста и гордоста што им ги приредија на цел народ, најдобрите македонски фудбалери би можеле и добро да заработат на Евро2020. Одредени се бонуси за добрите резултати во групата.

Кога МТВ ќе задреме па ќе утне знамиња

Во една од најавите за Европско првенство, Македонската радио телевизија ги измеша брзините па стави погрешни знамиња кај ривалите од нашата група.

Македонскиот дијамант избрусен во фамилијарна слаткарница

21-годишниот фудбалер од средниот ред на италијански Наполи се очекува да биде водечка сила на македонската фудбалска репрезентација на првото Европско првенство за нас.

Украина ќе игра со дрес со контури од границите и Крим, Русија бесна

Вториот ривал на Македонија на Евро 2020, Украина ги промовираше дресовите со кои ќе игра на турнирот. Имаат три комплети: жолт, син и бел а главниот елемент на дресовите се контури на границите на нивната земја.

Барди е спремен, Македонија комплетна ќе оди на Европско

Еден од главните играчи на репрезентацијата, ѕвездата на шпански Леванте, Енис Барди денес го доби негативниот тест на Ковид-19 и потврди дека ќе игра на Евро2020.

Пред историско Европско првенство ФФМ нема дресови во фан шоп

На само неколку дена до стартот на најголемиот спортски настан годинава во Европа, во официјалната продавница на Фудбалската федерација на Македонија нема на залиха дресови за продажба.

Фантастична Македонија со убедлив триумф оди на Европско првенство

Во генералка пред историскиот настап на Евро2020, Македонија до врв ја наполни мрежата на Казахстан во пријателска средба и во сјајно расположение на 8-ми јуни патува за Букурешт каде отвораме против Австрија.

Фантастична Македонија со убедлив триумф оди на Европско првенство

Во генералка пред историскиот настап на Евро2020, Македонија до врв ја наполни мрежата на Казахстан во пријателска средба и во сјајно расположение на 8-ми јуни патува за Букурешт каде отвораме против Австрија.

Шведска ќе го има најстариот, Турција најмладиот состав на Евро 2020

Меѓу 24 селекции кои ќе играат на Европско првенство летово, на табелата за просечна возраст на селекциите, Македонија е на средина на табела со 27,6 години во просек.

Најхрабриот судија на сезоната доаѓа од Израел

Во последниве пар недели просто неверојатно изгледаа фудбалските стадиони во Израел, земја во која имаше сериозен воен конфликт и земја која речиси комплетно се вакцинираше. Крцаа до последно место, со навивачки песни, пиротехника и прослави.

Голман на денот

И натаму остануваме на мислењето дека голманите ни се најинтересна категорија на играчи. Не може секој да брани. Барем не вака да брани.

Каква ќе биде Италија на Европско и што може да се очекува

Во вторникот Италија го објави конечниот список фудбалери за Европско првенство. Селекторот Манчини спремил пар изненадувања за јавноста а го повика и резервистот на Сасуоло Распадори кој нема ни минута настап за репрезентација.

Глупсон на колото со утка на векот

Вчера во Купот на Бразил, славниот Гремио со 2-0 го победи Бразилиенсе. Виана и Пјер ги дадоа головите во 44' и 49-та минута. При резултат 2-0 во 60' минута шпицот Рикардињо од Гремио ја имаше утката на векот.