Долго време важеше за еден од Топ 5 напаѓачи во врвната Премиер лига, но неговиот последен гол го постигна на 25 октомври 2020-та година, пред речиси 11 месеци.
По којзнае кој пат низ годиниве, доскорешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски е меѓу водечките стрелци на Кипар. По 4 одиграни кола, неговиот АЕК Ларнака има 2 победи и 2 нерешени и со 8 бода е втор на табела. Од 5 постигнати гола на екипата, 4 даде нашиот центарфор кој во моментов е прв стрелец во лигата.
Во женскиот фудбал во Шведска, судија се надмина себе си во критериумите за тоа што е пенал. Одлуката е нереална и ова е срамота и на ВАР да се прегледува. Го досуди за градење топка.
Фудбалерот од Јужна Кореја, Парк Тае-со даде еврогол од 40 метри од слободен удар во фудбалската лига на Малезија. Овој гол може да влезе меѓу кандидатите за наградата Пушкаш. Тае постигна страшен погодок за својот клуб Сабах и израмни на 1-1 на мечот против Петалинг Џаја Сити во Купот на Малезија.
22 годишниот Енес Алиќ од БиХ, изминатово коло ги засени сите стрелци на голчишта. На мечот Домжале - Марибор 3:3, нејасно е дали ја дигаше или гаѓаше во гол. Уште 100 пати да се обиде, нема да му успее ова.
И Италијанците имаат лиги кои може да ги сместиме во селски фудбал. Видеово е доказ дека безредието во најниските рангови го има и надвор од Балканот. Насилен ќељавко му демонстрира сила на млад и немоќен судија. Класика.
Гезтепе имаше предност од 0:1 на гостувањето против Галатасарај, но на стартот од вториот дел Ирфан Џан Ерибајат интервенираше несмасно при еден удар од далеку, кој треба да е локум топка за секој голман. Седум минути подоцна прими уште еден гол за пресврт и победа на домаќините од 2:1.
Габриел Жезус го реши дербито на колото во Премиер лига и му донесе големи 3 бода на својот тим на Стемфорд Бриџ. Најчудниот дуел на мечот го имаа Аспликуета и Грилиш.
Во големото римско дерби Лацио со 3:2 ја совлада Рома а бјанкочелестите знаеа да ја прослават победата. Тренерот Маурицио Сари ја сподели среќата со фамозната орлица - грб и симбол на фудбалскиот клуб Лацио на стадионот „Олимпико“.
Најголемиот бисер на Барселона и новата надеж, Ансу Фати пропушти скоро година дена надвор од теренот, па откако конечно се врати во екипата блесна и најави поубави денови за Каталонците.
Мечот Ипсвич - Шефилд Венздеј од англиската Лига 1 заврши нерешено 1-1, а веќе два дена се зборува за еден момент од од овој дуел. Во 90-та минута домашните во самиот финиш израмнија со гол на шпицот Меколи Бон кој вешто го сочека гостинскиот голман Пикок Фарел.
34 години за фудбалер и не се многу ако се викаш Педро. Славниот шпански фудбалер кој можеше без размислување да оди во пензија, после тие неповторливи успеси со Меси и другарите.
На дуелот меѓу У-2О тимовите на бразилски Форталеза и Васко Да Гама, гостите славеа 0-2. Вториот гол во 90+8’ минута од судиско продолжение го дал Каио Едуардо од пенал. Погледнете каков.
Рома тешко го прифати поразот од Лацио 3:2 во вечното дерби. Жозе Мурињо се вадеше на судиите и не се појави на прес конференцијата после мечот, а пак Николо Ѕаниоло фрустрациите ги истури со срамен гест наменет кон навивачите на Лацио.
Џенова и Верона одиграа луд натпревар со 6 гола и без победник. Горан Пандев влезе во второто полувреме и помогна неговиот тим да направи пресврт од 0:2 на 3:2 и тоа за 8 минути од 77-ма до 85-та минута. На третиот гол запиша асистенција до Матиа Дестро кој трчаше како на штафета и успеа атрактивно да ја заврши акцијата. Гостите израмнија преку Калиниќ во судиското продолжение.
Навикнат е Пеп неговите екипи да играат убав, допадлив фудбал за публика. Со многу додавања, врвни акции, дриблинзи, шанси. Ама се збуни кога го виде голманот Едерсон како си игра на сред терен против Вулверхемптон.
Францускиот центарфор блеска и на почетокот на сезонава. Веќе постави неколку рекорди, во само шест одиграни кола има осум гола и дури седум асистенции. Минатиот викенд против Мајорка (6:1) имаше два гола и две додавања за гол, а по јубилејниот 200. погодок кажа кој му е најомилен.
Фудбалско сценарио за филм ни дојде од една ептен симпатична прекуморска територија околу која со векови се тегнат Британија и Шпанија. Има 29 и кусур илјади жители и фудбалот го играат со срце.
Џунејт Чакир, најдобриот турски судија имаше чудна одлука на мечот Фенербахче - Гиресунспор во турската Суперлига. Дал 4 минути продолжение додека Фенер водел 2-1 и во последните секунди кога гостите тргнаа во сериозна контра за израмнување, ладно свирна крај на мечот.
Интересна сцена пред синоќешното гостување на Барселона против Кадиз. Домашните навивачи го опколија хотелот на гостинскиот тим и скандираа „Каде е Меси?“ И тоа во голема бројка беа.
Каталонскиот тим ја има најслабата реализација во последните 17 години и не може да победи екипи како Гранада и Кадиз. Кај не им оди без Меси, па уште и се глупираат со две топки на терен и тоа староседелецот Серхио Бускетс кој треба да им служи за пример во екипа.