Фудбал

Двете херојски одбрани на Де Хеа во рок од 7 минути

Кристијано Роналдо со гол во 95-та минута му донесе победа на Манчестер Јунајтед, но Давид Де Хеа ги спаси од пораз или можеби само од негатива од 0:2 во првиот дел.

Го видовте ли голчиштето на Сане?

На Баерн Минхен да не му отиде човек на гости, бидејќи не знаеш од кај ќе удри. Во шеснаесетник раат немаш од Левандовски, како и од Милер, а што се случува кога ќе се обиде Лирој Сане да ја нафрли?

Бугарски судија гледаше ВАР, па досуди чуден пенал во Лига на шампиони

На мечот Волфсбург - Севиља видовме една од најчудните судиски одлуки донесени со ВАР во Лига на шампиони. Германскиот тим е оштетен за два бода.

Голот против ПСЖ, Меси го повторува во три различни декади

Прво после 2000-та, па по 2010-та и сега во 2021-ва. Дриблинг, трк, дупли пас и гол од идентична позиција. Класичен Лео Меси стил.

Дебакл на Барселона во Лисабон, Роналдо го спаси Јунајтед и урна нов рекорд

Се комплетираше и второто коло од Лига на шампиони. Дербито се одигра во Торино каде Јуве го совлада Челси со 1:0 а Роналдо го спаси Манчестер со Виљареал.

За тренинзите на Меси кој само еднаш загубил на шева и еднаш кога играле стари на млади

Стратегот на Барселона кој од оваа сезона нема повеќе привилегија да работи со веројатно најдобриот фудбалер во светот, го опишува Меси како „тиранин“. Ниту се штедел, ниту сакал да губи на тренинг, а со неговото присуство подобри биле и другите. 

Тренерот на Шериф: „Поздрав до Дирк Кајт кој рече не ни е место во ЛШ“

Јуриј Вернидуб до вчера беше тотално непознат тренер во јавноста, но откако го сруши Реал Мадрид во Лига на шампиони, даде една интересна изјава на прес конференција по мечот на „Сантијаго Бернабеу“.

Водителка од Србија го направи Меси Партизановец

Го чекаа и го дочекаа првиот гол на Лео Меси во дресот на ПСЖ, а водителка на РТС направи лапсус и го препиша голот на друг клуб кој почнува на истата буква, а тоа е Партизан.

Меси да ви лежи под жив ѕид, дали сте арни вие?

Лионел Меси постигна фантастичен гол во негов стил на дербито ПСЖ - Манчестер Сити а овој дуел ќе го памети и по еден друг куриозитет.

Кои се јунаците на Шериф кои со Бобан Николов го шокираа Реал Мадрид

„Сантијаго Бернабеу“ ретко кога бил сведок на големи сензации како синоќа, на 28 септември 2021-ва година. Во Лига на шампиони Реал изгуби од анонимен клуб со играчи од Узбекистан, Луксембург, Мали...

15 годишно дете од Гана со импресивна соло акција збудале пет души во одбрана

Во Гана падна гол каков што нема да видите ниту во Лига на шампиони. Авторот се вика Мизак Асанте, има 15 години, а според пишувањата на англиските медиуми, го следат двете екипи од Манчестер и Јувентус. На четворица им го испи мозокот, а потоа го понижи и голманот.

Видео од епскиот подвиг на доктор Сашко Кедев на врвот Манаслу

Заедно со уште неколку алпинисти и шерпаси, докторот и академик Сашко Кедев го искачи неверојатниот врв Манаслу (8.163 м.н.в) а подвигот го прослави со шал Македонија.

Чудото од Молдавија, со 64 пати поевтин тим од Реал, веќе заработи 4 годишни буџети

Во 2. коло од новата сезона во Лига на шампиони се случи ударна сензација. Ретко кој претпостави дека големиот Реал Мадрид ќе биде спружен на колена од молдавски шампион.

Николов ја прослави сензационалната победа над Реал со дресот на Модриќ

Не паметиме кога претходно македонски фудбалер си заминал со триумф од Сантијаго Бернабеу над кралскиот клуб во Лига на шампиони. Со таков подвиг не може да се пофалат ниту Пандев и Панчев, а некои наши медиуми веќе излегоа со податок дека Боби е прв.

Контроверзниот момент за кој Атлетико доби пенал во 97-ма минута

Милан испушти голема победа против Атлетико Мадрид и ја имаше сè до 84-та минута, но тогаш израмни Гризман, а Суарез направи пресврт од пенал за кој се водат многу полемики во Италија. Ситуацијата е карамбол.

Деби гол на Меси за ПСЖ во негов стил

Не дека немаат видено како изгледа тоа Меси да даде гол, ама цел свет беше во очекување на неговиот првенец во дресот на ПСЖ. Мајсторот на фудбалската игра тоа го направи на велемајсторски начин и тоа против Манчестер Сити на Пеп Гвардиола за водство од 2:0. 

Шок за Реал Мадрид, Шериф и Бобан Николов го освоија Бернабеу во 90-та минута

Вистинска лудница од изненадувачки резултати во првата ноќ од второто коло во ЛШ во кое на четири средби славеа гостите. Атлетико го совлада Милан со пресврт во 97-ма минута, Клуб Бриж го изненади Лајпциг, а Шериф го урна Реал Мадрид со Бобан Николов кој влезе во судиско. Плус деби гол на Меси во дербито на колото, како и петарда на Ливерпул.

Нереално промашување на Бернардо Силва

ПСЖ има предност од 1:0 по првото полувреме на дербито на колото во Париз, а Манчестер Сити ја направи утката на месецот по која Пеп Гвардиола се држеше за глава. Две пречки за две секунди и драма пред голот на Донарума.

Тренерот на Фрајбург плачеше, а потоа го водеше навивањето на последниот меч на стариот стадион

По 67 години, Фрајбург го напушта Драјзамстадион и се сели на нов, поголем стадион кој ќе го сефтоса следниот месец. Разделбата беше многу емотивна.

Анри раскажа за најбудалестиот пенал во неговата кариера

Легендарниот француски дриблер кој играше во Монако, Јувентус, Арсенал и Барселона, освои еден куп трофеи и играше со илјадници фудбалери секаде низ светот. Се изнадава голови ама еден момент ќе памети засекогаш. Пенал на мечот Арсенал - Манчестер Сити за кој со Пирес се договориле да направат нешто смислено. Ама ја утнаа работата па судијата им го одзема пеналот.

Јапонска камиказа од Раднички Ниш

Колубара Лазаревац - Раднички Ниш 2:3 во српската Супер лига. Мечот го обележил еден многу болен момент кога Јапонецот од Раднички, Риохеји Мичибучи удрил со сета сила во стативата додека сакал да ја пикне топката во гол.

Мајсторија на Никола Секулов кој блесна со слалом од своја половина

Според техниката и стилот на игра го споредуваат со Клаудио Маркизио, а со фасцинантнава акција покажува дека има квалитети и за во напад. 19 годишниот талент на Јувентус е роден во Пјаченца, но има македонско потекло од двајцата родители. Штета што ја одбра Италија за која веќе има и еден настап во У-20, откако претходно настапуваше за У-17 и У-18. Инаку почна во македонската репрезентација У-17, а втора сезона е член на Јувентус за играчи до 23 години.

Учи го својот син да биде како Рој Кин

Во некоја младинска школа за фудбал во Велика Британија, се раѓа новиот капитен на некој англиски премиерлигаш. Мали па браво!

Турците објавија снимка од пукањето на фудбалерот

Поранешниот член на Фенербахче, Бешикташ и Баер Леверкузен е во бегство 10 дена, а според последните информации, тој усмртил човек од друштво кое се враќало од пикник после банална расправија.