Фудбал

Му ја бранам на Бруно и ги тепаме

Манчестер Јунајтед неуспешно ја стартуваше 2022-ра, со пораз дома од Вулверхемптон од 0:1 и сега е седми на 4 бода зад четвртата позиција. Мечот го реши Жоао Мутињо во 82-ра минута, а во последниот миг од средбата, трепера срцата на Олд Трафорд.

Пенал на пијано

Да водиш 5:0 и да пробуваш нешто ајде, ама ова глупирање се случи во пенал серија за тоа кој оди понатаму во Куп на Франција. Пациентот се вика Елиот Симое и треба да биде среќен што неговиот Нанси успеа да го мине Рен на пенали. Инаку ова е за ластици и греење клупа.

Ковачиќ е ова или Зидан?

Не бил само лудачкиот волеј празник за очи од страна на Хрватот на дербито против Ливерпул. Погледне го како ја залепи оваа тешка топка за смирување, а потоа и дуелот со Фабињо, кој е пишман што го нападна.

Воодушевувачки гест на Аспас за време на прослава за гол

Изненадувачки резултати во Шпанија во пост новогодишното коло. Хетафе го совлада Реал Мадрид, а третопласираниот Бетис загуби дома од Селта. Јаго Аспас го реши мечот, ама и покажа голема почит.

Мангупска паненка во Франција со која го измести голманот

Французите на 2 јануари фатија да играат Куп натпревари. Брест го совлада Бордо со 3:0, а Роман Фавр немаше исаф за кичмата на голманот.

Индија може слободно да го затвори конкурсот за гол во 2022-ра

Наградата за гол на годината на момаков, да му ја врачи лично и персонално Жунињо. Бразилецот е синоним за изведување велемајсторски „сув лист“ удари, ама ова е нешто посебно. Како ли успеа толку високо да одлета топката и да падне во гол? Прегоре коментаторот.

Спектакуларната одбрана на Тер Штеген во 92-ра и ножичките на Де Јонг ала Роналдо

Со крпен состав и 16 отсутни фудбалери, Барселона освои многу важни 3 бода на гостувањето против Мајорка. Мечот го реши Лук де Јонг, а Марк Андре Тер Штеген во судиско реагираше како Арпад Штербик.

Кој пукаше во Трезеге?

Изгледа во Англија и на 2 јануари се слави Нова година, судејќи според реакцијата на Трезеге од Астон Вила. Навивачите се едногласни дека ова е најлошата, најсрамната и најглупавата глума која ја виделе во Премиер лигата.

Ковачиќ мајсторе од утре ќе се гледаш на најавни шпици

Челси и Ливерпул приредија гол шоу на полувремето од новогодишното коло во Премиер лигата. Првите 45 минути завршија со резултат 2:2, а страшното голчиште на дербито постигна Матео Ковачиќ.

Дриблерот кој не успеал да се отрезни

Најјакиот дриблинг е овој и ниту еден друг, откако е измислен фудбалот како спорт. Еднаш го споделивме, ама моравме да го споделиме пак. Дајте му медал на човеков под итна постапка.

Најдолгите пенали на годината што изминува

Имаше на фудбалските терени секакви циркузи. Од годинава ќе паметиме и пенали на едни младински фудбалери од Азија кои траеа безмалку со саати.

Шпанија еднаш со Македонија пушти фудбалер за тој да нема право да игра за Мароко

Барселона не го пушта својот талентиран играч на Куп на Африка (9 јануари - 6 февруари 2022), селекторот Халилхоџиќ револтиран. Ист случај имаше и во минатото.

Еден од најјаките фудбалски моменти за 2021 - со турскиот бек

Алпаслан Озтурк има 28 години и игра десен бек за Галатасарај и репрезентацијата на Турција. Роден е во Антверпен, Белгија, од родители кои мигрирале во оваа земја. Играше за неколку белгиски клубови пред да дојде во Турција. Пред мечот на Турците со Црна Гора во септември 2021 добива телефонски повик дека е на списокот репрезентативци. Се израдува како дете, во некоја приватна установа.

Убави глетки се ова, Ериксен почнал да тренира

Летоска на Европското им преседна фудбалот на Данците, па и пошироко, бидејќи животот му висеше на конец, шест месеци подоцна го гледаме на терен со топка. Браво јунак. Кариерата не е завршена.

Кој му дозволил на овој да игра фудбал?

Леандро Бакуна е роден во Холандија, игра за селекцијата на Курасао поради потеклото, член е на Кардиф во Чемпионшип и нема акал. Погледнете го овој старт над играч на Бурнмаут со две нозе. Па ова е нехумано.

Играше за 30 милиони евра во Реал Мадрид, сега лови и продава риба и ужива на море

„Секогаш треба да се следи сонот. Тоа што ви е желба и сон, да верувате во тоа до крај“, вели легендарниот лев бек од Португалија.

Кога судијата го бараше изгубениот картон, а го најде Гаскоњ и доби опомена поради шегата

На 30 декември, денешен ден во 1995-та, нескротливиот Пол Гаскоњ во дресот на Глазгов Ренџерс играл натпревар против Хиберниан во рамките на шкотската лига. Ренџерите славеле преубедливо 7:0, но мечот се памти по нешто сосема друго.

Голасо фром Коласо во Индија

Во најдобрата индиска Супер Лига, АТК Мохун Баган со 2-1 го совладал тимот на Гоа. Првиот гол за домашните е дело на Листон Коласо, 23-годишен Индиец кој го постигна можеби најубавиот гол на сезоната во индиското првенство.

Саудискиот принц го купува и Интер, миланскиот клуб ќе стане најбогат на свет

Саудискиот инвестициски фонд наскоро ќе го преземе раководењето со италијански Интер, пренесоа медиумите од оваа земја. Државниот фонд предводен од Саудиска Арабија се проценува дека тежи околу 350 милијарди долари. Веќе го купија премиерлигашот Њукасл во Англија за 300 милиони долари а за Интер ќе одвојат речиси милијарда долари.

Лизгачкиот старт на годината го има Рудигер од Челси

Сините од Лондон одново разочараа и во очигледен пад на формата пред крајот на годинава ремизираа 1-1 со Брајтон. Челси прими гол во 90+1’ минута, остана без три бода и сега заостанува -8 зад лидерот Сити. Притоа следно коло ги чека Ливерпул. А на мечот со Брајтон Рудигер му влезе на бекот Лампти како никој досега.

А сте виделе гол од акција со играње оро?

Некаде во Азија, една од екипите смислила маестрален начин како да ги збуни противниците при еден центаршут во нивен шеснаесетник. Шах мат им напрвија.

После 15 реализирани пенали, на Салах му одбранија првпат после октомври 2017

Секој почеток има свој крај, па така и серијата на фантастичниот Мохамед Салах кој не знаеше за промашен пенал во англиското фудбалско првенство.

19 години од гостувањето на Македонија во Билбао кога во елемент беше Шаќири

Само два месеци по она славно реми против Англија во Саутемптон, избраниците на Никола Илиевски Џиџи одиграа уште еден нерешен резултат. Ама малку се памети, бидејќи не е официјален.