Рој Кин во свој стил за тоа како изгледа Јунајтед

Манчестер Сити го разби градскиот ривал Јунајтед 6:3. Да не беа двата гола на Антони Марсијал колку-толку да го ублажат поразот, „црвените ѓаволи“ ќе го претрпеа еден од најтешките порази во клупската историја. Рој Кин имаше што да каже за бламажата на некогаш славниот клуб.

„Не можам да верувам што гледам. Јунајтед е очаен во одбрана, додава очајно, дупки насекаде. Фред и Ериксен како играчи за врска ги развлекуваат на сите страни, се носат лоши одлуки... И сето тоа можеше да заврши уште полошо. Пред тренерот е огромна работа. Мора сега да вади се што има. Води голем клуб, тоа е Манчестер Јунајтед, не смее да се дозволи ваков срам. Не можам да верувам колку е лош Јунајтед... Гордост, личност. Ништо од тоа“.

 

3 октомври 2022 - 12:29