Словенечкиот судија Славко Винчиќ имаше многу работа на дербито на вечерта во ЛШ меѓу Интер и Барселона (1:0), но не ја заврши како што треба, а ниту неговите помошници во ВАР собата.
А тргна добро со решавање на спорните ситуации. Првата се случи во 23 минута кога Ерик Гарсија играше со рака, чиста ситуација за пенал.
Но кога Винчиќ ја прегледа ВАР снимката забележа дека во истата акција Кореа бил во офсајд. Аргентинецот беше во недозволена позиција и 6 минути подоцна.
Интер поведе во судиското продолжение од првиот дел со голот на Чалханоглу. Во 67 минута гостите израмнија преку Педри, но џабе се израдуваа. Судијата повторно гледаше ВАР снимка на која јасно се гледа Ансу Фати игра со рака и голот беше оправдано поништен.
И кога дојде на ред да се гледа третата спорна ситуација на ВАР, Словенецот ја утна и донесе чудна одлука.
Во 90 минута Дензел Дамфрис играше со рака, слично како Фати, но и покрај тоа што јасно се гледа на снимката, судијата не се реши за пенал.
После протестирањето на Чави, погледне ја реакцијата на Симоне Инѕаги :).
Чави изјави дека судијата треба да даде објаснување за одлуката.
"The referee would have to be standing here giving you his explanation for the decision... For me, in my opinion, it was absolutely a penalty."
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) October 4, 2022
Xavi spoke out about the controversial call. 🗣 pic.twitter.com/c7zCijsSXC
А шпански новинар твитна:
„ВАР судија беше Пол ван Бокел. Истиот кој не виде пенал за фаулот над Дембеле на Баерн-Барса при резултат 0-0.
Ова е Лига на шампиони, најдоброто натпреварување во светот. Судиите треба да бидат на висина на задачата“.
Pol van Boekel, árbitro de VAR hoy. También lo fue en al Bayern-Barça y tampoco vio penalti sobre Dembélé aún con 0-0
— Ferran Martínez (@martinezferran) October 4, 2022
Esto es la Champions, la mejor competición del mundo. Los árbitros deberían estar a la altura.