Фудбал

Кога Михајловиќ раскажа како најдобриот другар им ја срушил куќата во Вуковар

Синиша е роден во малото хрватско градче Вуковар веднаш до границата со Србија. Татко му Богдан е Србин, а мајка му Викторија Хрватица. За време на војната во Југославија 1991, додека тој бил играч на Црвена Ѕвезда, мајка му и татко му преживеале хорор. Најдобриот другар на Михајловиќ од детството, инаку Хрват, морал да ги избрка од дома. 10 години подоцна Синиша се видел со него и му простил, затоа што тој всушност ги спасил да останат живи.

Ало судија, гледаш ли ти ме соблекоа

Англискиот Чемпионшип си тераше со фудбал и за време на Светското првенство. Нив топ не ги бие. Си играат без разлика на сè. На мечот Виган - Шефилд Јунајтед (1:2) кој гостите го добија со головите на Џон Еган и Били Шарп и се зацврстија на втората позиција која води директно во Премиер лига, гостинскиот фудбалер Киаран Кларк во еден момент трчаше со соблечен дрес во рака.

Местото каде му ја киднаа Аргентинците од толпата за да се качат во хеликоптери

Кога безбедносните служби очигледно сфатиле дека на толку народ и во такво лудило, безбедноста е нарушена и невозможно е да се стигне до центарот на Буенос Аирес, автобусот со шампионите под силно полициско обезбедување, некако успева да фати кривина и да се повлече во област која личи на парк. Од тука ги делат во три хеликоптери и сите по домите.

El Piojo: кои се најпознати прекари на јужно-американските фудбалери

Во чест на светската шампионска титула на Аргентина, да се потсетиме на некои од најлуцидните прекари меѓу латиносите во фудбалот.

Пеле и во болница на 82 години не ја испушта топката од раце

На 1 септември минатата година му отстранија тумор на дебелото црево, но Пеле од тогаш неколку пати лежи во болница и го игра најтешкиот натпревар во животот. Трикратниот светски првак за Божиќ останува таму, бидејќи болеста пак го напаѓа. Духот му е ист како на терен.

Право уживање: сите голови од Светското првенство

Мундијалот во Катар ќе се памети како еден од највозбудливите во историјата, а финалето на ова Светско влезе во вечноста како најдраматично. Вкупно се постигнаа 172 погодоци, почнувајќи од првиот на Енер Валенсија па сè до оној последниот на првенството, на Мбапе во финале.

Централната банка на Аргентина размислува да ги стави Меси и другарите на банкнота

Аргентина уште чувствува последователни шокови од големата победа на Светско првенство. Многу страни се тркаат кој како да ги величи и награди фудбалерите кои ја донесоа дома третата светска шампионска титула.

А дали видовте како беа пречекани Мароканците?

Океј, никој не може со пречекот на Аргентина, тоа е посебна лудост, нешто невидено на планетава за ниту еден друг повод. Но четвртиот во свет кој беше најголемо изненадување и кој ги освои симпатиите на сите, имаше пречек од своите навивачи како светски шампион.

И на кучето на Меси му пееја

На прославата во Буенос Аирес проценките се дека се појавиле преку 5 милиони луѓе. Доволно е од нив само 10% да снимиле по еден клип на мобилен и да го ставиле на Твитер и тоа се веќе 500.000 видеа. Кој знае уште што ќе се појави и уште што нема да успееме да видиме.

Секако дека и улици ќе преименуваат во негово име

Во целиот хаос кој од еуфорија и радост го направија милиони Аргентинци, некои се сети дека веќе е време да се именуваат улици и по најголемиот син на „гаучосите“.

„Тоа е фудбалот“ со Златко Калински, гостин Ѓорги Христов

Со осмиот и последен подкаст „Тоа е фудбалот“ со Златко Калински, на кој со задоволство бевме медиумски партнер, завршува мундијалската треска која беше збогатена со легендарниот коментатор и неговите гости. Рекапитулација на СП Катар 2022 прават двајца поранешни напаѓачи на Македонија. Ѓорѓи Христов од студио и Горан Пандев од Џенова.

А како беше во соблекувалната на Аргентина после светската титула 1986?

Во целиот овој тридневен делирум со Аргентина кој почна во Доха, а кулминираше во Буенос Аирес, да се потсетиме како беше во Мексико 1986 со другата легендарна 10-ка. Во тоа финале падна Западна Германија со 3:2. Кој знае што ќе правеше Марадона, ако го дочекаше Катар?

Макрон небитен како семафор во Валандово

Веројатно единствената паметна работа која ја направи Емилиано Мартинез на првенствово, покрај бранењето пенали и зицери.

Видео од соблекувалната на Франција на полувреме во кое зборува Мбапе

После бедните 45 минути во кои со топка не се споија и ниту за момент не личеа на светски прваци се до неговите голови на 10 минути до крај, Дешамп се врти во круг како мува без глава, сите други седате и молчат, а тој станува и се обидува да го подигне духот на тимот.

Пред шест години водел детски тим на Мајорка, сега стана светски шампион со Меси и Аргентина

Интересно, во 2016-та година после болниот пораз во финале на Копа Америка, тогаш тренер на детски тим, Лионел Скалони на Твитер напишал: „Не си оди, Лео“. После шест години двајцата заедно освоија Светско првенство.

Сите најважни бројки на Светски првенства на Диего и Лео

Најголемите аргентински синови се единствени кои успеале да ја обединат оваа земја, по многу нешта поделена, особено по клупската острастеност. И двајцата со мајсториите на терен успеаа да го освојат златниот пехар и да го донесат дома во Аргентина каде извадија милиони луѓе на улици.

Каде завршил Меси после прославата?

Со својата сопруга Антонела Рокуцо, Лео се знае буквално од кога имале пет години. Рокуцо е втора братучедка на најдобриот другар од детството на Меси, Лукас Скала. Сите се од градот Росарио во Аргентина.

Ладнокрвноста на аргентинскиот селектор за вториот гол

Лионел Скалони влезе во златни книги на светскиот фудбал откако освои Светско првенство со неговата Аргентина. Во целиот емотивен ролеркостер во текот на 120 и кусур минути и пенали се држеше, ама на крајот експлодираше. Интересно е како на вториот гол на Аргентина кој го даде Ди Марија, Скалони остана толку прибран.

Ново глупирање на голманот на Аргентина

Јунакот на Аргентина кој заслужено беше прогласен за голман на Мундијалот е истовремено и недозраен лик кој во компилацијата на глупости додаде нова. За време на шампионската парада на Аргентина, на отворениот автобус се појави со бебешка кукла со ликот на Мбапе.

Поклонот за Лео од толпата што ги изнасмеа сите

Килијан Мбапе, човекот кој со блескава партија само ја разубави бајката Меси, има прекар нинџа-желка, прекар поради кој често добива на подарок и таква маска нинџа-желка со ликот Донатело. Овојпат додека Меси и компањеросите во отворен автобус пловат по Буенос Аирес, некој од толпата му фрли на Лео подарок како алузија на другар му од ПСЖ.

Остварениот детски сон на Михајловиќ и грешката на Црвена Ѕвезда тешка 1,2 милиони марки

На 10 декември 1990 година, Синиша Михајловиќ и официјално станал дел од црвено белиот тим. Патот воопшто не му бил лесен, а можеле да го упростат да се случи и порано и без пари.

Камерата која го следеше Скалони за време на решавачкиот пенал

Што солзи се изналеаа за Аргентина, од играчи, навивачи, па сè до легенди како Габриел Батистута. Лионел Скалони како да држеше сè во себе, па дури и кога Гонзало Монтиел го изведе пеналот вреден светска титула, остана смирен и како да не можеше да го прцесуира моментот дека е готово. После неколку секунди сфати што успеа да направи со своите јунаци за Аргентина и експлодираше од емоции.

Најслаткиот сон на Лео Меси

Кликнавме неколку пати Ф5 и забележавме дека на секој клик или секоја секунда, има по околу 5.000 нови лајкови на најновиот пост на Меси на Инстаграм. Легна да одмори пред големото славје пред претседателската палата „Каса Розада“ во Буенос Аирес, а друштво му прави „Божицата“. Само во првиот час има 18 милиони лајкови.

Две девојки кои се разголеле за финалето, избегнале казна во Катар

Хрватицата која беше главна атракција меѓу навивачите на Светското првенство во Катар, на крајот доби силна конкуренција во две девојки од Аргентина, кои за среќа куртулиле од апс.