Фудбал

Како еден вулкан ја одредил кариерата на Левандовски

Полјакот ќе биде запаметен како еден од најдобрите стрелци во историјата на фудбалот. Роберт Левандовски се изнадава голови во досегашната кариера а сега како капитен на Полска ќе има уште една шанса преку баражот во Лига Нации да се протне до уште едно големо Европско првенство.

Фантастична одбрана на Ливаковиќ и убав дриблинг на Пашалиќ против двајца

Со голот на Анте Будимир, Хрватите ја совладаа Ерменија 1:0 и го заверија шестото учество по ред на ЕП. Да, шесто, а ние се задоволуваме со четврто место во група. Ако не победеа можеа да извисат, но само ако и Велс славеше над Турција со која одигра 1:1. За издвојување е одличната интервенција на Ливаковиќ при резултат 0:0, како и мајсторијата на Пашалиќ на мал простор.

Пендраци летале и по репрезентацијата на Венецуела

Во Јужна Америка синоќа квалификациите за Светско ги одбележаа големи нереди на стадионот во Рио де Жанеиро пред големото супер класико Бразил - Аргентина, а пендраци летале и после мечот Перу - Венецуела. Гостинските фудбалери ја продолжија одличната серија без пораз на пет меча по ред. Оидграа нерешени 1-1 во Лима а по крајот од дуелот сакале да им ги подарат дресовите на гостинските навивачи. Перуанската полиција не дозволила.

Се огласи Меси за нередите во Бразил

Аргентина ја прекина неверојатната серија на Бразил од преку 60 меча без пораз во квалификации за Светско првенство на домашен терен. Гаучосите славеа 0-1 среде Маракана со прекрасниот гол на Николас Отаменди со глава во 63’ минута. Мечот го одбележија големи нереди на трибините поради што стартот беше одложен за половина час подоцна. Меси во еден момент ја повлекол екипата од терен а после победата се огласил на Инстаграм.

Осврт за македонската репрезентација во 90 секунди

Извадокот од филмот за Хитлер кој се користи и се монтира со титл за мал милион актуелни теми, доби сериозна конкуренција. Пазете сега.

Славно фудбалско име од Арсенал имаше коментаторско столче на Градски

Дури 40 новинари од Англија допатуваа во Скопје да известуваат за мечот против Македонија. Околу 15 беа коментатори. Меѓу нив и вториот најдобар стрелец во историјата на Арсенал.

Насловна на денот

Мирор се обидува да извади адекватна насловна после слабиот и разочарувачки резултат на Англичаните против Македонија, ама ја промашува 200% и непотребно се вплеткува во сензитивна тема за нас.

Бабунски во Рим имал посета од Лацио

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски утринава објави фотографија од гостувањето во Италија. Го посетил старо другарче од Барселона, кој сега е првотимец на Лацио.

И? Ја продаде ли хитно за 200 евра?

Ако треба да се избере очајот на денот на одигрувањето на синоќешниот натпревар на Градски, тогаш ова е тој. Мисли Аргентина - Франција е ова, финалето на Светско 2022, па ќе му помине, а не тотално неважен натпревар кој не можеше ништо да промени на табела. 20 евра не ти вади никој, при цени од 400 и 600 денари, а не 200.

Миовски му одговори на Џејми Карагер и отвори дебата

Македонската репрезентација одигра храбро реми со големата велесила Англија. После натпреварот скоро сите англиски стручни коментатори и поранешни фудбалери како Тери, Џо Кол, Гари Линекер и Џејми Карагер зборуваа против судиските одлуки по консултација со ВАР. На Твитер, на мрежата Х Бојан Миовски му одговори на Карагер на коментар за пеналот кој дебитантот Рико Луис го скриви над него.

Меси и Аргентинците се спремни за дербито со Бразил

Во 1:30 часот после полноќ на култната Маракана во Рио се игра најголемиот светски фудбалски класик Бразил - Аргентина во рамки од квалификациите за Светско првенство 2026. Гаучосите веќе пристигнале во Рио де Жанеиро а фудбалерите одржале еден тренинг.

Туку приметивте ли две царски реакции на Мегваер во Скопје?

Додека спикерот на стадионот пред мечот ги читаше составите, најгласни урлици имаше по изговореното име и презиме на бројот 6. Легендата Хари Мегваер не игра за Манчестер ама редовно и стандардно игра за Англија, нешто од што селекторот Саутгејт не отстапува.

Оштетена ли е Украина за чист пенал со Италија?

Во групата Ц од квалификации за Евро2024 Македонија одигра големо реми со Англија (1:1) а ремизираа и Украина и Италија 0:0. На Украинците единствено триумф им гарантираше Европско првенство а Италија и со бод обезбеди карта за Германија. Во 90+3’ минута од мечот игран во Леверкузен, Кристанте го фаулираше Мудрик во шеснаесетник но судијата не свирна пенал.

Голот на Барди од навивачки агол

И покрај тоа што резултатски, како четвртопласирани во група, ова не можат да бидат сметани за успешни квалификации, сепак останува онаа лична сатисфакција за нерешените 1:1 против Италија и Англија. Водството на полувреме синоќа донесе голема радост на преполнетите трибини.

Милевски одржа краток говор во соблекувална

По сензациското реми против Англија, која не потопи 7:0 на првиот меч, селекторот истакна дека е горд поради карактерот на репрезентативците и односот кон дресот. Македонија ги заврши осмите евроквалификации со 2 победи, 2 нерешени и 4 пораз, како четвртопласираната во групата Ц со 8 бода.

Голот на Барди против Англија и ерупцијата на „Градски“

Македонија игра одлично прво полувреме против Англија и поведе со гол на Енис Барди во 41' минута од пенал. Словачкиот судија Филип Глова гледаше ВАР и досуди пенал по прекршокот на дебитантот Рико Луис над Бојан Миовски.

Историско реми за Македонија со европскиот вицешампион Англија!

Во рамки од 8-то коло, последно од квалификацискиот циклус, вечерва во Скопје пред 30.000 гледачи Македонија одигра одличен натпревар против големиот ривал, светската фудбалска велесила Англија. 1-0 на полувреме, 1-1 крај.

Во Љубљана вечер се игра интересен меч, Казахстан може на прво историско Европско

Квалификациите за Евро 2024 полека стигнуваат до самиот крај. Како што македонската фудбалска селекција пред три години го оствари сонот наречен Европско првенство, така сега сонуваат две селекции кои за првпат во историјата би можеле сензационално да се пласираат. Нормално, ако направат чудо.

Капитенот на Унгарија со ракија на екс прослави пласман на Европско

Големата ѕвезда на унгарскиот фудбал, Доминик Собозлаи од Ливерпул, синоќа постигна гол и еден наместо во триумфот на Унгарија од 3-1 над Црна Гора со што и официјално Унгарците се пласираа на Евро 2024. После мечот со навивачите Собослаи се напила палинка, овошна унгарска ракија.

Градски sold out, 2.300 Англичани, 120 новинари

И покрај тоа што ќе биде натпревар без резултатско значење, арената Тодор Проески вечерва ќе крца, а гостите доаѓаат во полн состав со посебен протокол и без тренинг, само со тегнење мускули во сала. Ни новата трева не отидоа да ја згазат.

А го видовте ли катапултот од Зимбабве?

Остајте вие евроквалификации и ѕирнете малку што се случува во африканските квалификации за СП 2026. Зимбабве одигра 1:1 против Нигерија и го постигна еден од најјаките слободни удари, веројатно во историјата на мундијалските квалификации. Валтер Мусона се вика стрелецот. Што удар ќе беше ова?

Кој се пласираше на Европско, кој уште чека на карта?

Во неделата вечер се одиграа девет меча од кои два беа решавачки, но и останатите беа исто интересни за следење. Македонија по гостувањето во Италија, вечерва ја чека Англија која веќе одамна е пласирана на Европско.

Жена те исклучува без око да ѝ трепне

Најдобрата судијка, Французинката Стефани Фрапар веќе извесно време суди и во најпрофесионалниот машки фудбал. Под значка од УЕФА Фрапар суди натпревари од еврокупови и од квалификации за Европско. Синоќа делеле правда на мечот Лихтенштајн - Луксембург и уште во 3’ минута по прегледување ВАР го исклучила најдобриот гостински фудбалер Данел Синани.

Петтолигашки еврогол кој секој играч би сакал да го доживее

Убавината се состои од тоа што ја прими на гради, му легна и ја распали како бомба, а мајсторијата во тоа што свртен со грб, немаше време за координација и поглед кон гол. Стрелецот е Пабло Лонго од шпанска петта лига.