Фудбал

Само Мурињо може да го направи ова при радост за гол

Рома како фаворит славеше дома 3:1 против Удинезе. Третиот гол го постигна Ел Шарави во 90-та минута, а Жозе се радуваше како е ова некое финале. Следете го на видеото, фати да гушка едно од децата кое собира топки.

Еден јак ретро потег на Алекс Дел Пјеро

Јувентус и Интер е големо дерби на Италија кое тежи 55 Скудета. Синоќа заврши 1:1 со головите на Душан Влаховиќ и Лаутаро Мартинез. Секогаш има кошкања меѓу нивните навивачи на социјалните мрежи, кои може да се забележат и меѓу македонските навивачи на овие две екипи. Еден се наврати на нивен дуел од 2006-та, кога легендарниот Дел Пјеро го реши со прекрасен слободен удар.

Серхио Рамос еден и единствен, со црвен картон број 29 во кариерата

Секоја чест за блескавата и трофејна кариера во Реал Мадрид и Шпанија, ама овој човек ја губи реалноста откако ќе се обиде да оправда фаул, кој обично му е груб и дрзок.

Кога син ти на 15 години ќе го видиш како дебитира во Серија А во дрес на Милан

Во италијанскиот фудбал викендов се случи историски момент. Дете со 15 години, 8 месеци и 22 дена стана најмлад во историјата кој заиграл во Серија А. Клип правеше од атмосферата, кога стапна на Сан Сиро.

Кулушевски утна зицер и пцуеше на македонски

Тотенхем киксираше дома со Астон Вила 1:2, а прв поведе. Најголемата шанса на мечот ја пропушти Дејан Кулушевски уште на самиот старт, кој ја погоди стативата, а потоа фати да пцуе на македонски.

Лудорија од еврогол на Гудисон Парк, кандидат за гол на сезоната во Премиер лига

Се сеќавате ли на неверојатните ножички на Вејн Руни на дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити во 2011 година? Ги повтори Алехандро Гарначо на само 19 години на гостувањето против Евертон, кое Јунајтед го доби со 0:3. Уживајте во ремек делото.

Бојан Миовски е незапирлив и за Глазгов Ренџерс

Абердин има изненадувачки 1:0 против фаворитот Глазгов Ренџерс по првите 45 минути во шкотскиот шампионат. Домашните навивачи ги фрли во делириум Миовски со гол во 11 минута, негов петти во првенство и 11-ти на сите натпреварувања. Абердин е 9-ти на табела, а 55 кратниот првак на Шкотска е втор.

Варди се посрамоти пред гол и сам си удри бокс

Комична ситуација во Чемпионшип на мечот Лестер - Вотфорд. Првата ѕвезда кај домаќините, Џејми Варди, до толку не можеше да си прости за една утка пред гол, што сам зема да се казни. Инаку мечот заврши 2:0, а двата гола ги даде токму Варди.

На Фред му вперија пиштол и му го здиплија џипот

На видеото се гледа како разбојници го следат славниот Бразилец, го вадат од кола со вперен пиштол и му го крадат џипот.

Топовски удар на Кандрева што не се брани

Салернитана го победи Лацио 2-1 после голем пресврт откако гостите први поведоа од пенал преку Чиро Имобиле во првиот дел, за да во вториот дел некогашниот фудбалер на Лацио да распали од слободен удар и постигне чудесија од голчиште.

Автогол во Вараждин во стилот на расните стрелци

Ријека го победи Вараждин 0-2 на гости и освои нови важни три бода во трката за врвот. На гостите им помогна и домашниот фудбалер Лука Шкаричиќ кој постигна необичен автогол со глава во 53' минута.

Аргентина има нова чудесна 10-ка

Клаудио „Диаблито“ Ечевери има 17 години. Игра за Ривер Плата. Деновиве блеска на Светското првенство У-17. Во 1/4 финале против Бразил денес постигнал хет-трик и сите голови се после прекрасни акции на гаучосите. Младите Аргентинци влегоа во полуфинале на Мундијалот за играчи до 17 години и ја продолжија победничката серија против кариоките која ја започнаа сениорите среде Маракана.

Како Чаби Алонсо со „Неверкузен“ ги предизвикува Баерн и Кејн во борбата за титула

Гол машината на Тотенхем доминира во Бундеслигата со неговите рекордни достигнувања, но Баерн не е прв на табела. Таа чест на последната меѓународна пауза за 2023-та ја има Баер Леверкузен, кој е уште подоминантен од шампионот Баерн.

Бразилскиот феномен кој ќе оди во Реал Мадрид: „Не знам ништо за парите, моите го водат тоа“

Бразилскиот мега талент Ендрик веќе потпиша богат договор со Реал Мадрид но во Шпанија ќе се пресели претстојново лето следната година. Во меѓувреме со 17 години дебитираше за Бразил кој во него има многу надежи.

Рамос да ви покаже што е дефиниција за лоб

Ветеранот кој со Реал Мадрид, ПСЖ и Шпанија освои еден куп трофеи, пред крајот на кариерата се врати во матичната Севиља за да како што сам кажа „го врати долгот кон навивачите и клубот кој го воздигнал во ѕвездите“. Серхио ужива во Андалузија.

Конверзацијата меѓу Меси и невоспитаниот Родриго

Има 21 година, 14 години е помлад од Меси и без тронка респект му вели дека бил „Pain in the ass“. Потоа ги нарекува Аргентинците кукавици затоа што не сакале да играат откако бразилската полиција со пендраци во глава ги тепаа аргентинските навивачи.

Дриблингот број 1 во квалификациите е нешто посебно

Видовте ли што потег изведе Леандро Тросард од Арсенал на мечот Белгија - Азербејџан? Ова не е најдобар дриблинг во последното коло, туку сè вкупно во цел квалификациски циклус. Забавената снимка требале 10 пати да ја повторат, не еднаш.

Ристовски до Панчев: Да беше ти помошник, ќе го освоевме Европското

Довчерашниот капитен на Македонија, реагираше на последното интервју на Дарко Панчев во врска со квалификацискиот циклус за ЕП 2024 на кое завршивме на претпоследно место.

Коментаторот на Раи по мечот со Украина зборуваше за Македонија

Италијанците очигледно имаат трауми од нас. Една година откако им расипавме пласман на Светско, им го отежавме патот до Европско. Од уста не нè вадат.

Фудбалска Италија на нозе за убиената девојка, селекторот Спалети гневен

Италија бруји за убиството на 22-годишната Џулија Чекетин чие тело пред неколку дена било најдено крај шумски пат близу градот Порденоне. Гласно реагираше и фудбалска Италија која бара поостри мерки за заштита на жените од насилство.

Политичарот од Гана му се извини на Мегваер, Хари го вика на гости

Во морето изливи нетрпение и потсмеви до Хари Мегваер во последните пар години, многу споделувано стана едно видео на кое се гледа како пратеникот од парламентот на африканската земја Гана, Исак Адонго го споредува политичкиот ривал со Хари Мегваер. Зборуваше како правеле киксови и грешки. А сега јавно му се извини после една година. „Хари се трансформираше во играчиште“, ќе рече Адонго.

Како се изговараат најтешките презимиња во Премиер лига?

По репрезентативната пауза, Премиер лигата наскоро се враќа во полн сјај. Следниов викенд на „Итихад“ во Манчестер ќе се игра големото дерби Сити - Ливерпул а интересно ќе биде и на средбите Њукасл - Челси и Тотенхем - Астон Вила. За време на паузата Премиер лига склопи едно интересно видео.

Најјакиот топовски удар виден во Лига на шампиони

Со репрезентативен фудбал се поздравуваме за годинава и се враќаме на клупски, каде во вторник и среда се игра 5. коло од ЛШ. Погледнете на што налетавме. Интер - Порто, групна фаза, 2005-та, без публика. На сцена стапи Хуго Алмеида и го постигна веројатно најстрашниот слободен удар во историјата на ЛШ. Гледајте и слушајте како пукна топов. Неверојатна левица кој тешко се прати со поглед.

Сане исклучен првпат после 400 меча

Дваесет и седум годишниот фантастичен играч на Баерн Минхен, синоќа на пријателската Австрија - Германија го заработил првиот црвен картон во кариерата. Сане играше за Шалке 04, за Баер Леверкузен, за Манчестер Сити а во Баерн Минхен е од 2020-та. За Германија од 2015-та до сега има 58 средби и 13 гола. И еден црвен картон.