Фудбал

Ѓердан Шаќири е прв играч со голови на дури 6 големи турнири по ред

Швајцарија и Шкотска синоќа ја завршија програмата за среда со реми 1:1. Скот Мектоминеј ги доведе Шкотланѓаните во водство а бод на Швајцарците им донесе Ѓердан Шаќири. Ова е дури шесто големо натпреварување по ред на кое Шаќири дава погоодок. И тоа каков еврогол.

Автогол е најдобар стрелец на Европското со пет гола

Стартуваше и официјално второто коло на Еуро2024. Се уште нема играч со два гола на еден меч, а Хари Кејн, Килијан Мбапе, Кристијано Роналдо немаат ниту по еден погодок. Единствен кој постигна два гола на два различни натпревари е Џамал Мусиала.

Нојер со пантерски одбрани ја спаси Германија

Домаќинот Германија е прва селекција која се квалификуваше во следната фаза откако попладнево со 2-0 ја совлада Унгарија. Џамал Мусиала и Илкај Гундоан ја проодлжија голгетерската серија на Германците кои во два меча имаат гол разлика 7:1. Меѓу најзаслужните за триумфот беше и Мануел Нојер кој бранеше чудесно.

Каква драма во Хамбург, Албанија храбро до бод против Хрватска во продолжение

Во Хамбург попладнево на „Фолкпаркштадион“ Албанија и Хрватска одиграа фантастичен меч со дури четири погодоци.

Голот на Ќазим Лачи со кој Албанија ја шокира Хрватска

Дваесет и осум годишниот Ќазим Љачи од Спарта Прага со убав погодок ги доведе во транс албанските навивачи по водството 1-0 против Хрватска во 11' минута. Преку 20.000 навивачи на Албанија беа во еуфорија.

Шансите на Лукаку и Тупак Шакур

Ромелу Лукаку е тип на центарфор кој може да даде гол секому и секаде и тоа го покажал во големи европски клубови. Ама во исто време е и шпиц кој ако влезе во серија на промашувања зицери, може да утне еден куп како против Словачка кога Белгија изгуби 0:1. Еве еден хумор на негова сметка.

Срамниот потег на Кристијано Роналдо со чешкиот голман

Дваесет и седум годишниот голман на чешка Славија Прага, Јиндрих Станек синоќа правеше чуда на голот на Чесите при португалска канодада. Бранеше удари од далечина и од близина, се фрлаше, правеше паради, скокаше на корнери и избиваше топки. Барем од таа причина Кристијано Роналдо не требаше да му се плези како мало дете при победничкиот гол на Португалија во судиско продолжение во 90+2' минута.

Ќејфови со сите прекрасни голови од далечина на Европското

Толку многу нешта се случија на Еуро2024 што тешко човек да поверува дека штотуку завршило прво коло. Се изнагледавме прекрасни голови од далечина, кој од кој поубав. И само нека продолжи така.

20% од селекторите на цело Еуро2024 се Италијанци

Се знае кои се татковци на тренерската струка. На ова Европско првенство во Германија има дури петмина италијански селектори: Винченцо Монтела (Турција), Франческо Калцона (Словачка), Марко Роси (Унгарија), Доменико Тедеско (Белгија) и Лучано Спалети (Италија).

Тики-таката на Грузија

Под водство на Вили Сањол, некогашниот десен бек на Баерн Минхен и репрезентацијата на Франција, Грузијците обезбедија прво историско Европско првенство. А таму во првото коло иако изгубија 3-1 од Турција, покажаа супер отворен фудбал.

Каква емоција - првиот гол на Грузија во историјата на Европски првенства

Дваесет и три годишниот Георгес Микаутадзе го постигна првиот гол на првото дебитантско Европско првенство за Грузија во историјата. Изгубија 3-1 од Турција но покажаа храбра игра и не искористија многу шанси. Коментаторот глас изгуби на голот.

Португалија славеше со гол во продолжение, Чешка со празни раце

Ефикасното Европско првенство продолжи и вечерва. По четирите гола на мечот Турција - Груција и вечерва паднаа три гола на вториот меч меѓу Португалија и Чешка. Чесите поведоа со прекрасен гол, Португалија победи со погодок во судиско продолжение.

Проектилот на Арда Ѓулер со турски коментатор

Турција и Грузија го одиграа најинтересниот меч од стартот на Еуро2024. Паднаа четири гола а можеа уште толку. Турција славеше 3-1 а два од три гола им беа чуесија од евроголови. Арда Ѓулер, бисерот од Реал Мадрид го даде најубавиот погодок на цел турнир.

Турција ги има најдобрите голови на Еуро204

Дваесет и пет годишниот бек на Фенербахче, Мерт Мулдур и тинејџерската ѕвезда од Реал Мадрид Арда Ѓулер во 25-та и 65-та минута од мечот со Грузија постигнаа страшни евроголови! Сигурно најубави на цело Европско, макар досега. Грузија претходно израмни во 32' минута преку Микаутадзе но Ѓулер направи право ремек дело за ново водство на Турција. До крајот Грузија имаше огромни шанси да израмни но прими и трет гол откако голманот истрча во судиско продолжение на корнер.

Турците тргнаа накај стадион во Дортмунд

Од 18:00 часот на Европското играат Турција и Грузија. Општо е познато дека најбројна дијаспора во Германија е турската, па затоа не чуди што улиците во Дортмунд денес се преплавени од турски навивачи.

Средил дефект на автопат на непозната жена, па добил карти за Европско, хотел и авионски лет

Фудбалот понекогаш пишува најубави приказни. На и надвор од теренот. Доказ за тоа е и една случка од автопат во Србија каде се сретнале добронамерни случајни минувачи.

Вкусовите на 24 пива од земјите учеснички на Еуро2024

Англичаните Конор и Мет пробуваат вкусови на 24 различни пива, од сите земји учеснички на Европското првенство 2024 во Германија ама имаат и некои утки. Пример кај Швајцарија пијат германско пиво од Дрезден а не швајцарско. Во секој случај супер идеја.

Глумец на колото - Маркус Турам

Со 13 гола и 13 асистенции, 26-годишниот Маркус Турам беше еден од најзаслужните за скудетото на Интер сезонава. Таквата форма му донесе стартно место во репрезентацијата на Франција, но Маркус има и една слабост, често знае да глуми непотребно. Како синоќа на мечот со Австрија (0:1).

Да го слушнете романскиот коментатор што правеше на головите

Романија после долги години се врати на голема сцена. И тоа како се врати. Ја разби Украина 3-0 со фантастична игра и уште поубави голови. Романскиот коментатор урлаше од радост:

Франција победи со ефектен автогол, Мбапе со тешка повреда на носот

Немаа баш лесен старт на Еуро2024 светските вицешампиони од 2022. Франција ја совлада страшно тврдата Австрија 1-0 со ефектниот автогол на Макси Вебер кој во 38’ минута после центаршут на Мбапе атрактивно си ја заби топката во својата мрежа. Во самиот финиш во 88’ минута Килијан Мбапе после еден дуел во казнениот простор се удри силно од рамето на Кевин Данс и по се изгледа го скрши носот. Денес стигна информација дека ќе мора на операција и не се знае како ќе продолжи.

Романец го даде најубавиот гол досега на Еуро2024

Во соседското дерби меѓу Украина и Романија, Романците први стигнаа до водство. По една грешка на украинските фудбалери капитенот Николае Станчу постигна страшен гол од далечина за делириум на трибините кај што се романските навивачи.

Буцкото од Унгарија, најјакиот лик на Еуро2024

Резервниот центарфор на Унгарија Мартин Адам го привлече вниманието врз себе кога влезе од клупата на мечот со Швајцарија (1:3) на отворање на нивната група.

Словенечкиот коментатор полуде за голот на Јанжа

Бод голем ко Триглав! се насловите во словенечките медиуми денес откако Словенија успеа да извади 1-1 против Данска во 1. коло од групата Ц. Словенците први примија гол ама во вториот дел израмнија преку левиот бек Јанжа за голема радост на терен и на трибини.

Јунакот на Словенија: „Само замижив и распалив, не видов кај оди топката“

Словенците слободно може да се каже дека не само што и парираа на силната Данска, туку во одредени моменти и ја надиграа. Данците поведоа први преку Кристијан Ериксен во 17’ минута а Словенија после неколку шанси израмни во 77’ минута. Стрелец на голот беше 30-годишниот лев бек Ерик Јанжа кој постигна ефектен погодок за голем бод за Словенците.