Фудбал

Тежок избор: да ги одбереш најубавите Топ10 голови во кариерата на Златан

Не беше ова збогување на навивачите и играчите на Милан со својот Златан Ибрахимовиќ туку на целиот фудбал во глобала. Ибракадабра оди во пензија, ги закачува копачките на клин и така завршува една цела епоха. Ќе се памети по неверојатните голови.

Фудбал е ова или војна?

Индепендиенте Ривадавиа vs Депортиво Маипу. Домаќините слават дома 2:1 и му ја земаат лидерската позиција на гостинот. Навивачите не чекаат да истече 7-та минута од судиското продолжение и ја распалуваат атмосферата како никој. Па ова го нема во друга земја, освен Аргентина. А пазете, станува збор за втора лига.

Испратени Бензема и Ибра, ама испратен и Матеу Лаоз

Легендарниот шпански судија Матеу Лаоз доби големи почести на неговиот последен фудбалски меч во кариерата како главен судија. На дуелот Мајорка - Рајо Ваљекано од последното коло во шпанска Ла Лига, Лаоз за последен пат беше со свирката. Тој во кариерата поделил 2.408 жолти картони, 128 црвени картони и досудил 128 пенали.

На Родриго му дале тренерка три броја поголема

Во пресрет на Реал Мадрид - Атлетик Билбао, во последното коло, изгледа и на економот на клубот веќе му паднала концентрацијата и го стасало уморот да оди секој викенд на работа.

Колективна тага на Сан Сиро

По 988 меча, 573 гола и 32 трофеи во Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Лос Анџелес Галакси, пак Милан како и за селекцијата на Шведска, Златан Ибрахимовиќ и става крај на блескавата кариера. Во октомври полни 42.

Фешта на Диего Марадона, Елмас го крена пехарот

Елиф Елмас и официјално стана вториот македонски фудбалер во историјата кој успеа да се искачи на пиадесталот во елитната Серија А. Огромен успех, има само 23 години.

Златан ги насолзи очите на последната средба со навивачите на Милан

Големи, впечатливи и важни збогувања се случија викендов. Бензема со Реал Мадрид, Ибрахимовиќ со Милан. Идоли на многу генерации. Ќе фали оваа легендарна будалетинка на терен.

Во последното коло од Серија А падна риболов на стадион

Сасуоло - Фиорентина 1:3. Ја фати само со конец, без трска и ја пушти. Уште ова го немавме видено.

Бензема се збогува со гол, овации од цел Бернабеу

Со 354-от погодок, завршува ерата на една од најголемите легенди на Реал Мадрид. Заминува како втор најдобар стрелец во историјата на кралскиот клуб. Растури во напад откако си замина Роналдо.

Неверојатен гол на Хулк од скоро пола терен

Ветеранот Хулк кој игра како во втора младост, одново ја импресионирал цела бразилска јавност откако постигнал прекрасен еврогол на дербито меѓу Крузеиро и неговиот Атлетико Минеиро кој победил токму со тој погодок на Хулк на стадионот „Парк до Сабија“.

Реал Мадрид и официјално се збогува со Карим Бензема

Францускиот центарфор Карим Бензема, кој обележа една ера во Реал Мадрид и официјално заминува од „кралскиот клуб“ после многу незаборавни моменти.

Сити му даде еврогол на Јунајтед во 13-та секунда

Големото градско дерби Манчестер Сити - Манчестер Јунајтед во финалето на ФА Купот го донесе најбрзиот гол во историјата на ова најстаро натпреварување на светот. Во 13-та секунда, додека навивачите уште се местеа на своите седишта, Илкај Гундоган распали еврогол од далечина за огромно славје меѓу навивачите на Сити.

Златно стапало на Марадона за Елмас и сите јунаци на Наполи

Претприемачот Стефано Чечи пред една година добил идеја во случај да станат шампиони на Италија, цел тим на Наполи да добие специјална награда што ќе ја симболизира златната нога на Диего Армандо Марадона. Изработија за сите по една и им ги доделија на церемонија. Во недела во последното коло Џовани ди Лоренцо ќе биде првиот капитен по Марадона кој ќе го подигне Скудетото на Наполи.

12 скопски општини дале збор дека ќе го помагаат Вардар

По макотрпната работа околу помош и логистика, како и безрезервна поддршка на секој меч, Комити со силно темпо продолжија да се борат за Вардар и по остварувањето на целта, а тоа е кам бекот во Првата македонска лига.

Специјален роденденски подарок за Мрме во Казахстан

Најуспешниот селектор на Македонија од април годинава работи во Казахстан како тренер на Каспиј и на 6 меча на клупата е без пораз во првенство. За 47. роденден од клубот му подарија традиционална облека која историјата ја носеле владетелите во оваа земја.

Пеп: Тајната на моите успеси се Барселона, Баерн и Сити, со дедо ми никогаш нема да освојам ЛШ

Човекот со неверојатни 33 трофеи освоени во само 15 години кариера, сопствените успеси не ги опишува со егоистички наратив како што тоа го прават други, туку ги објаснува на наједноставниот можен начин на свет.

Манчестер е спремен да плати 10 милиони за да се отараси од Мегваер

Еден од најскапо платените фудбалери во историјата на фудбалот (80 милиони фунти за трансфер од Лестер во Ман. Јунајтед) а воедно и едно од најголемите промашувања, Хари Мегваер му нанесе многу штета на тимот со автоголови и нерезонски потези.

Тролови во Рим на сметка на Рома

Навивачите на Лацио на 26 мај ја одбележаа 10 годишнината од трофејот на единственото римско финале во историјата кое се случи во Купот на Италија и кое го реши Сенад Лулиќ. Денеска имаат нов материјал за вечните градски ривали. Им го открија клупскиот автобус спремен за славје, како и маиците. Тешко на Рома и нивните навивачи кои останаа без трофеј и пласман во ЛШ, па уште сега треба и да се оправаат на социјални мрежи.

Како Мурињо ја утнал со пеналите

Португалецот пред синоќешното финале против Севиља имаше дури 5 победи во 5 финални натпревари од еврокуповите. Не знаеше за пораз. Но синоќа во Будимпешта по 1-1 во регуларниот дел неговата Рома изгуби убедливо на пенали - 4:1.

Неартикулиран гест на Нигеријците откако ја елиминираа Аргентина на Светско

Нигерија направи големо изненадување на Светско фудбалско првенство за играчи до 20 години. Во осминафинале успеа да го елиминира домаќинот Аргентина. Тоа океј, него нека си ги проверат децава. На ова треба да реагира и ФИФА.

Јунак на финалето: Немања Гудељ два дена по трагична вест, се избори за пехарот

Севиља е кралица на Лига Европа. Овој клуб по седми пат го освои пехарот во ова супер натпреварување и стана апсолутен владетел кој скоро тешко некој да го стигне. Еден од најзаслужните за пехарот е српскиот репрезентативец Немања Гудељ кој собрал сили да игра после трагичната вест која што ја дознал неколку дена пред финалето.

Трето полувреме со Жозе

Незадоволството за судењето, Мурињо синоќа не го искажа само на терен и во изјавите, туку камера го снимила и на паркинг каде бесен и гневен им се сипува на судиите со пцовки. „Fucking disgrace” и „Fuck off“ извикуваше Португалецот.

Немања Матиќ го тешеше насолзениот Дибала

Еден од лидерите во тимот на Рома синоќа го забележа и третиот пораз во трето финале на Лига Европа. Има загуби со Бенфика од Челси, со Манчестер Јунајтед од Виљареал и сега во Будимпешта со Рома од Севиља. Три неуспешни обиди да стигне до толку посакуваниот пехар. Знаеше како да го утеши светскиот шампион Дибала на крајот.

Дибала не можеше да се соземе

Многу Аргентинци имаше синоќа во финалето од Лига Европа, ама немаа можност сите да се радуваат. Пехарот го кренаа дури петмина во тимот на Севиља, а нивниот сонародник Пауло Дибала кој го отвори мечот со гол, беше во очај на крај.