Фудбал

Судениот пеналџија на Аргентина и Севиља

Дури петмина Аргентинци синоќа се радуваа на трофејот во Лига Европа. За еден од нив ноќта беше посебна. Катар му се повтори во Будимпешта.

Мурињо го извади медалот и му го даде на дете

Се случи и тоа, Жозе Мурињо да го изгуби првото европско финале во кариерата после тешка и мачна битка против Севиља која заврши на пенали. Не го сакаше медалот и по мечот го подари и изјави дека златните медали ги чува, а сребрените ги подарува.

Севиља е владетел во Лига Европа, Мурињо и Рома на колена

Во 120 минутна војна со голема неизвесност, тензија, поништен пенал со ВАР, сомнително недосуден пенал и на крај финиш кој кулминираше со изведување удари од белата точка, Севиља ја сруши Рома на пенали со 4:1, после 1:1 во регуларните 90. Шпанија доби 5 претставници во ЛШ.

Жозе наострен за 6/6 во големите финалиња

Легендарниот Мурињо вечерва ќе игра во шесто европско финале како тренер. Има 5 освоени од 5 финалиња со Порто, Интер, Манчестер Јунајтед, Рома. Сега го чека голем дуел со Севиља, финале на Лига Европа која еднаш ја освои со Јунајтед. Сака да ја продолжи својата неверојатна серија. Но сакаат и Андалузијците кои имаат 6 од 6 шампионски трофеи токму од Лига Европа и се апсолутен рекордер.

Мурињо објаснува како со Интер ги сопрел Меси и Барса во ЛШ

На еден од најважните и најзборуваните трофеи на Мурињо, а тоа е ЛШ 2010, пред финалето со Баерн му претходеше мега тежок двобој против Барселона на Гвардиола. Ја елиминираше со вкупни 3:2, а главниот акцент во одбрана бил очекувано врз Лео Меси. Специјалниот објаснува како ги распоредувал поголемиот дел од ресурсите на него, додека Пандев бил задолжен да внимава на налетите на Дани Алвеш.

Што направија Италијаните кога последен пат играа три европски финалиња во една сезона?

Скорот им е 2 од 3, што е извонреден успех со оглед на тоа што во иста година освоија Лига на шампиони и Куп на УЕФА. Третото по ранг клупско европско натпреварување го загубија. Пази, од Арсенал.

Бисерот на Барса постигна еврогол на ЕП

На мечот против Бетис во Ла Лига, Чави пред еден месец во игра стави дете на само 15 години и 290 дена со што го направи најмлад дебитант на каталонскиот тим во 21 век. Малиот се вика Јамал Ламин, потекнува од Ла Масија, а во полуфинале на ЕП У-17 против Франција се истакна со страшен погодок во дресот на Шпанија. Допрва изгледа ќе слушаме за него.

Врвен мајтаплук на сметка на Арсенал

Девојка прашува случајни минувачи „Како се пуштаат на симпатија“? Еден ѝ одговара: „Ме викаат Арсенал, стартувам прв и завршувам втор“.

Мега финале во Будимпешта: Севиља против Рома на Мурињо

Вечерва од 21 часот се игра големото финале на Лига Европа во кое за трофејот ќе се борат „вечниот“ освојувач на ова натпреварување шпанска Севиља која шест пати го креваше пехарот и Рома која лани стигна до титула во Лига Конференции. Награда е место во Лига на шампиони и голем бонус.

Од Мајлс Кејн песниште за Роберто Баџо

Познатиот британски пејач, композитор и актер, Мајлс Кејн од Ливерпул, напишал сјајна песна за легендата на светскиот фудбал. Роби Баџо го паметиме по врвните фудбалски бравури но и по најкобниот пенал во историјата на светските првенства, оној од Мундијалот во САД 1994 против Бразил во финале.

Како ќе биде реновиран новиот Камп Ноу?

Во април годинава управата на Барселона склучила договор вреден 1,45 милијарди евра со цел комплетен ремонт на „Камп Ноу“, целосно нови инфраструктурни објекти и модернизација на околината на стадионската територија. Средствата ги обезбедиле дури дваесет инвеститори.

Нов гол за Барди во Турција

Трабзонспор одигра ефикасен меч на гостувањето против Гиресунспор кој го совлада со 2:4. Енис Барди го постигна погодокот за 0:2 и тоа му е шести сезонава. Инаку на две кола до крај Трабзонспор се шести на табела, без шанси за излез во Европа, а Галатасарај ја осигура титулата број 23.

Интелигенцијата на Бускест во врвна компилација од 1 минута

Чави - Иниеста - Бускетс, легендарно и незаборавно трио на Барса. Бетон во среден ред, топка не им се земаше. Што ги поврзуваше тројцата? Паметот. Во најкуса верзија ќе ви покаже Серхио, а ќе ви каже Пеп.

Луди сцени во Италија, газда на клуб влета на терен со инвалидска количка

Имаме ние стотици велелепни епизоди на самоволие, исто и Србите, Бугарите, Романците...ама ваков вид на протест прв пат во живот гледаме.

Пушти ми ја на аут линија да видиш што ќе му направам еден на еден

Ако во последно време не сте виделе што значи мајтапење со топка, го имате клипот на тацна. Марио Хермозо од Атлетико Мадрид едноставно го избезуми својот чувар на дуелот против Реал Сосиедад. Симеоне требаше да снима. Пред очи му се случуваше лудилото од дриблинг.

Моќно видео на Барселона за збогум со Камп Ноу

Го изградија во 1957-ма година и на него испишаа долга и многу богата историја во која дел беа великани како Кројф, Марадона, Роналдо, Ривалдо, Стоичков, Луис Енрике, Гвардиола, Роналд Куман, па се до Меси, Чави, Иниеста и ред други. Ќе му се вратат во 2026-та кога се очекува да заврши реконструкцијата и во новото руво ќе биде модернизиран и проширен со капацитет од 105.000 седишта. Со Мајорка викендов беше последниот меч.

Циркуз во Франција, прволигаш заборави играч на паркинг

Ќе речеш прва лига е и тоа во топ 5 во Европа, ама и таму знае да се случи по некој невообичаен потег кој се граничи со аматеризам. Ајачио загуби од Ленс во претпоследното коло и без да забележи од стадион си заминал некомплетен. Во клупскиот автобус фалел 19 годишниот Бен Хамед Туре. Во француските медиуми кружат две верзии за тоа како се снашол со превоз. Едни пишуваат дека си заминал со навивачите на Ленс, а други дека автобусот се вратил по него. На Твитер велат фоткава е печена за ново меме.

Делиите ја распалија „Маракана“ на прослава на шампионски пехар

Фудбалерите на Црвена звезда ја освоија 34. титула во својата клупска историја, шеста по ред, овојпат на убедлив начин без ниту еден пораз, а притоа стигнаа и до пехарот во Купот на Србија за трета двојна круна по ред. Навивачите направија спектакл.

Винари го запалија Неготино за Вардар

ФК Вардар Неготино, Тетекс и Башкими обезбедија пласман во втората македонска лига. Тиквешијата се гледа дека сака фудбал. Неготинчани направија фешта и со големо славје го одбележаа успехот.

Во Серија А за првпат би можело да има бараж меѓу прволигашки екипи

Ништо чудно на Апенинскиот полустров за првпат да се игра дуел кој би значел опстанок во најдобро друштво.

Фудбалер на Ајакс со еден удар нокаутираше навивач на Твенте

По пауза од 14 години, Ајакс не успеа да се квалификува во ЛШ и заврши трет во Холандија. По поразот од Твенте во последното коло, голем инцидент се случи пред автобусот на гостите. Навивач на Твенте му дофрлил нешто на фудбалерот на Ајакс, Стивен Бергхуис, а овој импулсивно и без пардон му влезе со силен удар. Потоа се покајал за постапката и се извинувал.

Навивачи на Хамбург влетаа на терен и славеа па се шокираа

Ова што му се случува на некогашниот европски шампион е многу болно. Пет години се на праг од враќање во прва Бундеслига, но никако да им тргне од рака. Сега во последното коло на втората лига, Хамбург гостуваше кај Сандхаузен и победи 0:1. Во исто време им одговараше и што Хајденхајм губи на гости 2-1 од испаднатиот Јан Регензбург.

Колдплеј држи концерт во Барселона, публиката скандира за Меси

Како и да ја вртиш, Меси ти е Барселона човек. Откако го постигна историскиот гол за рекордна 11-та титула за ПСЖ и 43-ти трофеј во кариерата, заминал на релаксација во Барселона каде Колдплеј имале концерт. Со тоа ја пропуштил церемонијата во Франција на која им се делат наградите на најдобрите фудбалери на годината.

Како изгледа кога гостите доаѓаат на стадион во Лутон?

Лутон не е баш мало место. Има население од 286.450 жители, се наоѓа на 50-ина километри северно од Лондон. Истоимениот клуб од овој град направи големо чудо и се пласираше во раскошната Премиер лига. И ќе заработат вреќи со пари (околу 170 милиони фунти). Ама „си направија проблем“. Нивното стадионче е за трета, четврта лига, не и за Премиер.