Фудбал

Маркетинг генијалност на Најк

Една фотографија од натпреварот Аргентина - Чиле (1:0) на Копа Америка 2024 стана вирална, односно се шири по друштвените мрежи. На неа Аргентинецот Нико Гонзалес го држи за нога Чилеанецот Исла. Најк ова вешто го искористил.

Фото на денот со Кристијано и децата од Грузија

Во 2013-та година, Роналдо бил гостин на отворање на академија во Динамо Тбилиси. Дури 10 деца од таа академија кои се наоаѓаат на фотографијата, синоќа играа против него и го победија како дебитанти на ЕП. Меѓу нив и Кварцахелија кој даде гол, ја однесе Грузија во историско осминафинале, беше прогласен за играч на мечот и на крај го доби дресот од неговиот идол. Каква сторија.

Ај вози од тука, имаме интерен муабет

Белгија навидум ја доби најлесната група на ова ЕП, но во конкуренција со Романија, Словачка и Украина обезбеди осминафинале како втора, со само еден триумф. Видна беше нивната нервоза после синоќешните 0:0 против Украина. Селекторот Доменико Тедеско го набрка снимателот додека држеше говор.

Чесите тврдат дека се брутално оштетени од судијата

Турција ја совлада Чешка 2-1 во натпревар во кој Чесите буквално 70 минути играа со играч помалку на теренот. Главниот судија на мечот Романецот Иштван Ковач во 20’ минута му покажа втор жолт картон на Чехот Антонин Барак поради груби фаули. Подели дури 18 жолти и 2 црвени картони. Чесите успеаа да се вратат во игра, израмнија на 1-1 а во финишот дури и нападнаа со човек помалку за гол и пласман во осминафинале. Имаше и контроверзна ситуација со недосуден пенал за Чешка при резултат 1-1. На крај Ченк Тосун во судиско продолжение во 90+4 даде гол за победа на Турција 2-1.

Го видовите ли најлошиот сервис на годината?

Дваесет и седумгодишната тенисерка Јелена Остапенко, број 5 на светската женска ранг листа, загуби од Британката Кети Бултер на турнирот во Истбурн со 2-0 во сетови 4:6, 5:7. Латвијката, која се „прочу“ откако одбиваше да им пружа рака на тенисерки од Русија и Белорусија, го имаше најлошиот сервис во последниве години.

Комшиска радост за поделен бод

Се овистинија прогнозите дека Романија и Словачка ќе одат на бод на нивниот меѓусебен дуел затоа што со бод одат во следна рунда и двете селекции. Што си е сигурно сигурно. Ондреј Дуда во 24’ минута за 1-0 за Словачка, Разван Марин во 37’ минута за Романија. Мирољубиви 1-1 и големо славје на двете селекции во исто време на теренот што е права реткост.

Дерман нема

На цела фрустрација и нервоза што изгубија од дебитантот Грузија 2-0, а тој уште нема дадено гол на Еуро2024, по крајот од мечот Кристијано Роналдо бил нападнат од сите страни за неговиот дрес. Веќе трет меч по ред разни ликови упаѓаат на терен со цел да го допрат, да се сликнат со него, да му побараат автограм. Роналдо беше бесен и пред крајот на мечот и по крајот од мечот. На крај сепак се смирил и дресот му го подарил на играчот на натпреварот Хвича Кварацхелија кој рекол дека Кристијано му е идол од детство.

Познати се осминафиналните двојки, еве кој со кого ќе игра

Откако се одиграа сите натпревари од групната фаза, после секојдневни богати програми и многу фудбал во изминативе 11 дена, сега ќе има мала пауза до 29-ти јуни. Во сабота продолжуваат битките со осминафинале. Ќе има многу јаки дуели.

Феноменалните паради на Мамардашвили кој историјата ја славеше во допинг собата

Квича Кварацхелија е најславното фудбалско име во селекцијата на Грузија. Но таму се крие уште еден јунак, кој синоќа одигра херојска партија против европскиот првак од 2016-та. Уште едно тешко презиме за изговарање кое треба да се знае. Георги Мамардашвили.

А го чувте ли Арапот кога Кварацхелија фати да дрибла?

Арапите се најхит коментатори веќе со години. Урлаат, пејат и импровизираат колку им душа сака за време на пренос. Ѕвездата на Наполи, Квича Кварацхелија беше во елемент против Португалија, а коментаторот доби посебна инспирација.

Со турски коментатор во 94-та минута шмекот е посебен

По пауза од 24 години, селекцијата на Турција се избори за нокаут фаза на ЕП, а тоа го стори со две победи или поубедливо од многу поголеми репрезентации. Прво ја совладаа Грузија 3:1, а синоќа и Чешка со 2:1. Пласманот го потврди Ченк Тосун со гол во судиско, за делириум и меѓу играчите и меѓу навивачите и меѓу коментаторите. Во осминафинале ќе играат против Австрија.

Грузија ја напиша најубавата бајка на Еуро2024

Репрезентацијата на Грузија е најголемо изненадување на Европското првенство. Дебитант, селекција која за првпат игра на еден голем турнир, го совлада фаворитот за титула Португалија со 2-0 и се пласираше во историско осминафинале.

Што им се готви на Французите на Европско?

Французите се сместени во еден од најубавите кампови, во Бад Липсринге во градот Падерборн во Северна Рајна-Вестфалија. Уживаат во мир и спокојство. И во добар омлет.

Па како да не припадне на толку топло

Во натпреварот од 2. коло на Копа Америка меѓу Канада и Перу кој Канаѓаните го добија 2:0 во Канзас Сити (САД) и се втори на табела зад лидерот Аргентина, еден од линиските судии колабирал поради неподнослива горештина до 38-39 степени и огромна влажност на воздухот. Линискиот судија бил набрзо вратен, освестен и однесен во првата најблиска клиника.

Имаше ли пенал за Митровиќ со Данска?

Србија одигра само 0-0 со Данска во клучниот меч за пласман во следната фаза и на крајот завршува последна во група со 2 освоени бода од 2 нерешени средби и 1 пораз. Србите во прв дел го бранеа својот гол, во вториот дел создадоа неколку шанси ама не реалзиираа. Спорен момент имаше во завршницата кога Митровиќ беше повлечен за дрес од Данецот Меле, но францускиот судија Летексје препушти на ВАР собата да гледа дали има елементи за пенал. Тој не се мешаше ни погледна повторена снимка.

Франција оди понатаму со 1 автогол и 1 гол од пенал

По три одиграни натпревари, најголемо разочарување во групната фаза се Англија и Франција, селекции кои беа главен фаворит за титулата на Еуро2024 но одиграа под сите очекувања. Или пак темпираат форма за нокаут фаза.

Историски успех за Словенија - првпат влезе во осминафинале на Европско

Во третото коло од група Ц натпреварите Данска - Србија и Англија - Словенија завршија со најдосадниот резултат 0:0. Ваквиот исход им одговараше на Данците и Словенците кои одат понатаму. Интересно Данска оди како втора поради жолт картон кој не го добил играч туку лице од стручен штаб.

Лаутаро ги фрли Аргентинците во делириум

Светскиот шампион Аргентина ја забележа и втората победа на Копа Америка во САД, откако синоќа со 1-0 го победи Чиле. Аргентинците имаа дури 22 шута од кои 9 во рамки на противничииот гол, имаа 62% посед топка и дури 11 корнери наспроти 0 на Чилеанците. Но мрежата ја затресоа дури во 88’ минута. Лаутаро Мартинез погоди за нови три бода.

Story di Calafiori - фризура како Неста, елеганција како Малдини, јак како Канаваро

Младиот 22-годишен универзален одбранбен играч Рикардо Калафиори е апсолутното откритие на сезоната. Одигра фантастична сезона во Болоња, а клупските партии ги пренесе и на репрезентативно ниво. И покрај автоголот со Шпанија, се врати против Хрватска кога блескаше, ги отстрани сите опасности пред својот гол, добиваше дуели со леснотија и асистираше прекрасно за голот.

Далиќ, Модриќ и цела Хрватска грмат на УЕФА за судијата и продолжението

Хрватската фудбалска репрезентација секунди ја делеа од нов историски триумф, нова победа над една од топ10 репрезентациите на светот. Ја имаа Хрватите Италија во шака. Водеа 1-0, добро се бранеа но на крај примија гол кој најверојатно ги враќа дома.

Феран Торес за 3/3

Шпанците се единствена селекција со 3 од 3 победи во групната фаза на Еуро2024. Им држеа час по фудбал на Хрватите (3:0), ја совладаа Италија (1:0 со автогол) и синоќа со 1:0 ја победија Албанија и ја пратија дома. Шпанија играше со речиси комплетно втора постава, ама тоа кај нив не игра голема разлика зошто клупата им е можеби и појака од првиот тим.

Да го чуете италијанскиот коментатор на голот на Ѕакањи

Најпознатиот и најдобар италијански коментатор Фабио Кареса низ годините има многу Светски и Европски првенства, Олимписки Игри, Копа Америки, чуда. Ретко кога вака во транс лудувал на гол. Матија Ѕакањи од Лацио во последни секунди со прекрасен шут ја спаси Италија и ја однесе во следна рунда. Хрватска - Италија 1:1.

Нејмар дошол да купи дресови од улични продавачи во Калифорнија

Паралелно со Европското првенство, фудбалска лудница има и во САД каде се игра фамозната Копа Америка, собирот на најдобрите селекции од Јужна, Северна и Централна Америка. Бразилците разочараа на првиот меч, одиграа само 0-0 против Костарика, а пред натпреварот Нејмар шокирал улични продавачи на реквизити.

Како Италија ја донесе Хрватска на раб на испаѓање

Во уште еден крајно драматичен меч од Еуро2024, Италија се спаси против Хрватска со гол буквално во последните секунди од мечот, во 90+8’ минута од судиското продолжение.