Знаеа и да го налутат, ама најчесто средбата со новинарите беше уживање за следење. Секогаш директен, природен и оригинален во одговорите. Еден и единствен. Јирген Клоп.
Во најтесната конкуренција на топ 9 најдобри голови на сезоната во Премиер лига, Манчестер Јунајтед влезе со 3 гола, ама никој не може со ремек делото на 19 годишниот Алехандро Гарначо кој сосема заслужено ја доби наградата.
Баражот во трета лига на Израел за пласман во втора меѓу Димона и Шимшон Тел Авив завршил 1-1. Димона израмнила со гол во 90+3’ минута и мечот после продолженија отишол на пенали каде МС Димона победила 23-22 во најдолгата пенал серија некогаш изведена во историјата на фудбалот.
Спектакуларни 3:3 одиграа Болоња и Јувентус во нетипичниот почеделнички термин. Болоња имаше 3:0 до 76-та минута, но потоа целосно застана и на сцена стапија Киеза, Милик и 19 годишниот Кенан Јилдиз кои се 8 минута обезбедија бод. Јувентус за прв пат во историјата на Серија А останува непоразен после негатива од 3:0. Болоња 26 години ги бие малер, од 1998-ма ги нема добиено.
Симпатичниот, харизматичен 45-годишен холандски стратег има сјајни резултати во досегашната тренерска кариера. Но сега го чека далеку поголем, огромен предизвик. Седнува на клупата на повеќекратниот европски првак и еден од најголемите клубови на светот. Ќе го издржи ли притисокот во најсилната лига?
Заврши сезоната во Франција. Со шампионот ПСЖ претставници во Лига на шампиони на есен ќе бидат уште и Монако и Брест, како едно од најголемите изненадувања. Од 1991 до 2004-та играле аматерски фудбал, а потоа влегле во најниската професионална лига. Од 2019-та се прволигаши и немаат ниту еден трофеј. Има зошто ги откорнаа грлата. Испишуваат ново поглавје во својата историја.
Ливерпул организираше проштална забава за заминувањето на Јирген Клоп, на која се разбира царот не дремеше на маса, туку уживаше во први редови во друштво на пејачот.
Имаме невообичаен дуел еден на еден на дуелот Черно море - Лудогорец, ама многу невообичаен, бидејќи се играше надвор од терен и во еден момент одбраната доби драстично засилување од страна на линискиот судија.
Тешко кој навивач на црвените ќе може да издржи да го изгледа видеото кое како благодарност за сè што направи за нив Ливерпул му го сними на својот сакан Јирген Клоп кој после 9 години заминува од „Енфилд Роуд“.
Со победата од 2-1 над Аугзбург во последното коло од германската Бундеслига, шампионот Баер Леверкузен и официјално ја заврши сезоната во германската лига без пораз - 28 победи и шест нерешени на патот кон трофејот.
Конечно бидна и тоа. Заврши драмата во Премиер лига. Во последното коло Манчестер Сити со 3-1 го совлада Вест Хем, го сочува првото место и ја освои шампионската титула со 91 бод, два повеќе од Арсенал кој има 89.
Во претпоследното коло од шпанска Ла Лига, Виљареал и Реал Мадрид одиграа спектакуларен меч кој заврши со дури осум гола! На крајот реми 4:4. „Кралевите“ водеа 1-4 но норвешкиот шпиц Александар Серлот беше упорен и не дозволи Виљареал да изгуби.
Ливерпул експлодираше од емоции на последниот меч на Клоп. Од навивачи до играчи, никој не остана рамнодушен поради заминувањето на харизматичниот мангуп кој им ги исполни соништата. Ван Дајк липаше од солзи.
Хајдук ја совлада Горица 2:1 со пресврт, во претпоследното коло од хрватскиот шампионат. На Александар Трајковски му тргна дури на крајот од сезоната. Има 3 гола на последните 6 средби или вкупно 4. Македонскиот напаѓач го израмни резултат во 30 минута.
„Непобедливите“ на Арсенал е приказна која уште се раскажува. Ама погледнете го вие внимателно хитот на сезоната во Европа какви бројки вади. Да потсетиме, имаат уште едно коло во Бундес и финалиња во Куп и ЛЕ.
На Енфилд Роуд веќе на големо траат подготовките за последниот натпревар на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул. Во недела против Вулверхемптон германскиот тренер за последен пат ќе ја води екипата. После 9 години во кој направи ренесанса и му донесе на клубот пехар во Лига шампиони, титула во Премиер лига која ја чекаа цели 30 години, два ФА купа, два Карабао Купа, европски Супер Куп и Светско клупско првенство.
Со само 14 години и 29 дена, Матео Аполонио стана најмладиот дебитант во историјата на аргентинскиот и веројатно светскиот фудбал. Тој во четвртокот вечер влегол во игра од клупа за резерви на мечот меѓу второлигашот Депортиво Риестра и Њуелз Олд Бојс (0-1) од осминафинале на Купот на Аргентина.
11 месеци, 14.000 км и 20 земји содржи неверојатната авантура на дечкото кој се претставува како најголем навивач на Манчестер Јунајтед. Вредеше на крај. Му се исполни сонот.