Шпалир на Енфилд Роуд за крај на ерата на Јирген Клоп

Ливерпул експлодираше од емоции на последниот меч на Клоп. Од навивачи до играчи, никој не остана рамнодушен поради заминувањето на харизматичниот мангуп кој им ги исполни соништата. Ван Дајк липаше од солзи.

Со триумф од 2:0 против Вулверхемптон, скор од 24 победи, 10 нерешени и 4 порази, како и 82 бода со кои како третопласиран обезбеди пласман во ЛШ, Јирген Клоп ја завршува авантурата во Ливерпул.

Беше тоа долга (8 октомври 2015 - 19 мај 2024), забавна, емотивна и многу успешна авантура во која им донесе вкупно 8 трофеи или титула во Премиер лигата, Лига на шампиони, Супер Куп на УЕФА, Светско клупско првенство, ФА Куп, два пати Лига Куп и Комјунити Шилд. Ги водеше на вкупно 491 натпревар.

Премногу емоции имаше на Енфилд Роуд, солзи, песни, спектакл пред стадион и на стадион, пароли и кореографија на цела трибина во чест на 56 годишниот германски стратег кој ФИФА две години по ред го прогласи за најдобар тренер.

Клоп го заврши мечот во прегратка на фудбалерите, а најмотивна беше прегратката со Ван Дајк кој не можеше да се смири од плачење.

Со Јирген Клоп заврши една ера во Ливерпул за која сонуваа навивачите кои го испратија со препознатливата порака „Никогаш нема да чекориш сам“.  

 

Како изгледаше последната средба на Клоп со новинарите

Клоп се испрати со сите вработени на Енфилд Роуд

20 мај 2024 - 09:03