Фудбал

Какво голчиште паднало во Хондурас луѓе

Во 2. коло од Лига Нации во КОНКАКАФ Зоната во Северна Америка, Хондурас со 4-0 ја совлада Гренада. Гостите се држеле некако 45 минути но во судиско продолжение од првиот дел, Едвин Родригез го отворил резултатот со многу, баш многу моќен гол!

Ќерка му на Пепе?

Памет за друг пат кога ќе ви фали човек за фудбал, да внимавате кого викате.

Што вика шкотскиот селектор за Мегваер?

Комшиското дерби меѓу Шкотска и Англија отсекогаш носело големи тензии. Така и синоќа, на пријателска средба, се исвиркуваа двете химни, се скандираа погрдни песни и се навредуваа едни со други. На крајот подобриот победи 1-3, со автогол на Хари Мегваер. Којзнае кој автогол му е во кариерата.

УЕФА прашува кој е гол број 1 во септемвриските квалификации?

Конкуренцијата се состои од Јасир Асани, Жоао Феликс, Леандро Тросард и Максим Самородов.

Како Игор Штимац со помош на астролог ја однел Индија во Азискиот Куп

Ако некој не знае каде е и што прави поранешниот играч и селектор на Хрватска, Игор Штимац, тој е селектор на Индија уште од 2019-та. Тимот го бирал на многу необичен начин. Мисијата успешна.

Тибо Куртоа како иснпирација за сите

Врвниот белгиски голман од Реал Мадрид на самиот почеток на сезоната доживеа тешка повреда на предните лигаменти на коленото и предвидена му е пауза од речиси една година. Но како тргнал Тибо ништо чудно да го скрати периодот на опоравок. Тој пред месец дена се венчал и наместо да оди на некои хавајски плажи, решил да тренира.

Јован Манев, новата голема надеж во одбраната на Македонија

Во септемвриските квалификациски натпревари, Боби Милевски повика неколку не баш познати фудбалски имиња, a меѓу нив и едно дете од Кочани кое годинава и дебитираше и стрелаше за репрезентација. Изгледа дека добиваме нов столб во дефанзива.

Момци џабе скокате, Халанд е тоа

Кај е висок 194 см и корпулентен, па уште и вади некој кошаркарски одраз и затоа постигнува многу вакви голови. Погледнете ја оваа надмоќност, тоест каде е тој во висина, а каде се другите. До свои 23 години веќе има 25 репрезентативни гола на 26 средби и плус 213 клупски. Норвешка - Грузија 2:1.

Англиската химна не се ни слушна од свирежите на Шкотланѓаните

Фоден, Белингем и Кејн ја решија Шкотска со 1:3 на пријателски дуел, кој со оглед на ривалитетот и не може баш да биде пријателски во целост. Пуштете го клипов и кажете дали нешто слушате од химната на Англичаните?

Голот за кој се шпекулира дека Џака му го пуштил на Косово

Пред неколку дена Швајцарија на гостување во Приштина имаше водство 1-2 длабоко во судиското продолжение. И кога трите бода требаше да завршат кај лидерот во квалификациската група, Ведат Муричи постигна втор гол на мечот за 2-2. Швајцарските медиуми го критикуваат Гранит Џака кој е капитен на Швајцарија, роден на Косово, дека со прст не мрднал да го одбрани голот во финишот.

Акробација ипол во младинските квалификации

Паралелно со квалификациите за ЕП 2024, се играат и квалификациски дуели во У-21. По триумфот над Шведска на гости, нашите загубија дома од Холандија. За гол број 1 во таа конкуренција го прогласуваме оној на Николас Мучи од Швајцарија. Страшен потег на малиот.

Мајсторијата на Елиф Елмас од повеќе агли

Македонските фудбалери на одличен начин со 4 од можни 6 бода го затворија септемврискиот циклус од квалификациите за Евро 2024. Синоќа на Малта Македонија победи 0-2 со головите на Елмас и Јован Манев, и двајцата на асистенции на Енис Барди. Елиф погоди во 5' минута и ги растерети соиграчите во продолжението.

Шкотска - Англија 1:3, погодете од прва кој си даде автогол

Во пријателски меч меѓу двата вековни ривали Шкотска и Англија гостите беа посилни и славеа 1-3. Англичаните се во група со Македонија во квалификациите за Евро 2024 и во ноември со нив македонската селекција го затвора циклусот. Фоден, Белингем и Кејн погодија за „Гордиот албион“ а веќе знаете кој си даде автогол за конечни 1-3.

Супер гол на Елмас, триумф на Македонија на Малта

Со рано и брзо водство Македонија вечерва го отвори мечот на гости со Малта, а подоцна ја дуплираше предноста која што ја сочува до крајот од мечот со Малта 0:2. Три злато вредни бода за продолжување на трката за Евро 2024.

Љубовта кон Рома на 11 септември му го спасила животот

Сето тоа со помош на натпревар од Лига на шампиони, инаку пепел.

Единствениот сон на Михајловиќ кој никогаш не му се остварил

На 16 декември 2022-ра, фудбалскиот свет остана без големиот борец Синиша Михајловиќ кој на 53 не успеа да се откачи од леукемија. Остави пет деца, како и сопругата Ариана, која зборува за првото лето без него, како и за неговиот неисполнет сон.

На 8:0 селекторот на Луксембург напушти

Селекцијата на Луксембург не тера воопшто лошо во европските квалификации и со 10 бода е во игра за сензационално учество на ЕП 2024. Сè до вчера, кога си заминаа понижени од Португалија со 9:0. Селекторот Лук Холц не можеше да го поднесе срамот.

Супер Португалија победи со рекордни 9-0

Португалската фудбалска репрезентација играше против аутсајдерот Луксембург, играше без капитенот Кристијано Роналдо кој беше суспендиран поради картони, но тоа им сметаше на Португалците да постават рекорд.

Малку италијански солзи

Во 2016-та водевме 2:1 дома и едвај нè победија, па им одигравме 1:1 во Торино. Лани Трајковски ги потепа, а викендов Барди ги дотепа. Не може да се откачат од нас. Погледнете ги колку се гневни.

Лудорија од гол во Шпанија во 98-ма минута за победа

Додека ги пратиме квалификациите за ЕП 2024, во втората шпанска лига Мирандес и Андора одиграа јак меч кој заврши 4:3. И тоа гостите стигнаа до израмнување со два гола во 91-ва и 93-та минута, но внимавајте што се случува во 98-ма. Неочекуваното решение со кое ја шашардиса цела гостинска одбрана е дело на Карлос Мартин.

Белингем се качи во туѓ автобус

По теркот на Македонија - Италија, во нашата група и селекцијата на Украина ја изненади Англија и извади идентични 1:1. Младиот англиски репрезентативец Џуд Белингем, кој дебитираше со 5 гола на првите четири средби за Реал, по грешка влезе во автобусот на Украинците.

Ханси Флик доби шут-карта од Германија после мизерните резултати

Тоа е Германија. Таму ништо не се препушта на случајот па макар бил и Ханс-Дитер Флик, човекот со кого Баерн Минхен играше прекрасен фудбал и освои дури три пехари во една сезона.

Дете на Вардар, на Шчесни му го даде најјакото голчиште во квалификациите

Селекцијата на Албанија е во транс и по сензацијата над Полска од 2:0 е прв во својата квалификациска група за ЕП 2024. Погледнете го какво ремек дело му приреди, Јасир Асани на голманот на Јувентус. Страшен удар.

Фудбалерите на Србија дознаа за Ноле во авион

Кошаркарите на Србија со пола откажан тим стигнаа до финале на Светско, а фудбалерите славеа 1:3 на гости против Литванија во квалификациите за ЕП. На заминување за Белград ја слушнаа веста за освојувањето на Гренд слемот број 24 на Ѓоковиќ.