Фудбал

Саудиски клуб не излезе на терен во Иран поради биста на генерал Касем

Натпреварот од 2. коло на азиската Лига на шампиони меѓу ирански Сепахан и саудиски Ал Итихад за кого играат Карим Бензема и Нголо Канте бил откажан поради тоа што гостите не сакале да излезат на терен додека не се отстрани бистата на ирански генерал.

Судиите во Премиер со нова брука

Во последниот меч од 7. коло Челси го совлада Фулам на гости и конечно после којзнае колку време врза две победи по онаа со Брајтон во Купот. Сините славеа со головите на Албанецот Армандо Броја и Михаило Мудрик во само 1 минута, но мечот остана во сенка на нов судиски превид. Овојпат кога Карлос Винисиус намерно и силно го удри Тиаго Силва. Помина без картон а не беше прегледан ниту ВАР.

Деби гол на Роналдо во азиската Лига на шампиони

Ал Наср како фаворит над првакот на Таџикистан, Истиклол славеше со 3:1 во ЛШ и тоа изненадувачки откако гостите поведоа во 44-та минута. Со израмнувањето на Роналдо и двата гола на Талиска, Ал Наср стигна до 3:1 во рок од 11 минути.

Имало сè и сешто, ама маскота да вадат од терен?

Во француска Лига 1 Рен на 7 меча има чуден учинок: 2 победи и дури 5 нерешени без ниеден пораз. Шести се на табела со 11 освоени бода. Во неделата го совладаа Нант со 3-1 со два гола од пенал. По крајот на мечот во еден момент медицински служби морале да ја вадат гостинската маскота „канаринец“ на носилки зошто домашната маскота ја повредила во еден дуел.

Револуционерна голманска машина за тренинг

Не им е лесно на голманите кога ќе излезат еден на еден на тренинг со вакви модерни направи. Шутираат подобро од играчи.

И судијата е човек

Ретки сцени беа видени викендов во Серија А на мечот Рома - Фрозиноне. По еден ненамерен судир со играч на Рома, главниот судија се пожали на мускул и најверојатно го фатило грч.

Голман кој ја сврте игрицата

Француската трета лига даде нов јунак во фудбалска Европа. На дуелот Аванш - ГОАЛ ФЦ, домашниот голман Ентони Буев при резултат 0-1 за гостите прво фаќа пенал за да во 90+5’ минута и самиот дава гол за конечни 1-1 и огромен бод за неговиот тим.

Голманско помрачување

Во фудбалското првенство на Финска, екипата на ВПС го пречекала Интер Турку. Домаќините долго време не знаеле за пораз и се на трето место во плејоф табелата. Гостите до 80’ минута воделе 0-1 и имале големи шанси конечно да му нанесат пораз на ВПС. Ама тогаш голманот на Интер Турку решава цели 23 секунди да ја држи топката. Судијата според правилата досудува прекршок и голманот прима гол од индиректен удар за конечни 1-1.

Вонсериска одбрана на Шчесни со која го спаси Јуве од пораз

Јувентус од тешкото гостување во Бергамо си замина дома со 0:0, резултат за кој најзаслужен е Шчесни. Муриел изведе речиси совршен слободен удар под статива, каде обично голманите не стигаат да ја фатат. Искусниот Пољак успеа да го скроти тој удар и ова е дефинитивно една од најјаките интервенции на сезоната. И коментаторите се воодушевија.

Што би рекол коментаторов, од дома му даде гол

Некогашниот прволигаш Катанија сега игра во Серија Ц. Во пет кола имаат учинок 2-1-2 и се 10. место на табела. Викендов со 0-4 на гости ја совладале Казертана. По два гола дале Козимо Кирико и Самуел Ди Кармине. Првиов имал и сензационален погодок од своја половина.

Гол на колото кој во Шпанија го викаат олимписки

Во шпанска Сегунда, Реал Ваљадолид го збриша Бурхос до 3-0. Вториот гол беше дело на Мончу во 41’ минута директно од корнер! 

Асистенција на Трајковски за победа против Динамо и блескава кореографија на Торцида

Александар Трајковски ќе има убави спомени од првото хрватско дерби како играч на Хајдук. Влезе како џокер и асистираше за победа на големиот ривал Динамо Загреб.

Што е со потезиве во одбрана на Рудигер?

Реал Мадрид без проблем ја симна Жирона од врвот на табелата, со гостински триумф од 0:3. Ама Антонио Рудигер има некој проблем. Мавташе со рацете ко луд.

Шкотско навивачко лудило во 95 и 97 минута

Навивачите на Мадервил и Селтик приредија сцени кои ретко се гледаа. Домаќините до толку прснаа од радост за израмнувањето против 53 кратниот првак на Шкотска во 95-та, што се симнаа на терен, мислиш титула слават. Ама тоа не беше крај на мечот. Селтик победи 1:2 со гол во 97-ма.

Ливерпул драстично покраден, во Премиер има лоши судии

Дербито во Премиерлига меѓу Тотенхем и Ливерпул ја разгори жестоката дебата за лошото судење во англискиот фудбал. Спарс победи 2-1 со автогол на стоперот на Ливерпул Жоел Матип во длабоко судиско продолжение во 90+6' минута но претходно имаше чудни судиски одлуки.

Прекинат меч на Ајакс, голманот на РКЦ реанимиран на терен

Потресни епизоди имаше на натпреварот РКЦ Валвејк - Ајакс во холандската Ередивизија. Во 85' минута од мечот во самиот финиш при водство на гостите 2-3, голманот на домаќините Етиен Васен изгубил свест по силен судир со напаѓачот на Ајакс Брајан Броби.

Кога Зидан играше самба против Бразилците

Уф на каков клип налетавме. 1 минутен фудбалски празник со неповторливиот Зинедин Зидан. Франција vs Бразил, конечни 1:0 во четвртфинале на СП 2006. Никој друг во свет нема вака играно против Бразилците. Не е нормален.

Паненка на денот

На дуелот меѓу АЕК Атина и Атромитос во грчката Супер лига досудени биле дури три пенали. Домаќинот повел во 31’ минута преку Нордин Амбрабат. Гостите израмниле во 89’ минута со гол на Карол Ангриелски. Последниот пенал на мечот го изведе Мијат Гачиновиќ кој направи чудесна паненка во последни секунди од натпреварот. Храбро.

Вардар три месеци чека одговор од УЈП, ПУИК, владата, како и 15 милиони денари од Град Скопје

Најновата прес конференција, Вардарци ја почнаа во 5 до 12, како симболика на времето во кое веќе подолго време се наоѓа клубот. Во преговори се со инвеститор од странство. Главните институции и натаму глуви.

Рома сo посебно видео му го честиташе роденденот на Тоти

Симболот на Рома завчера наполни 47, а вчера го покажаа на трибините во Џенова, како го гледа дебаклот на неговиот тим од 4:1. Админот на Рома објави перфектно добра монтажа со 14 асистенции и 14 голови на Тоти, односно топки кои би оделе од Тоти за Тоти.

Фудбалерот со најдобар прием на свет

Ријад Марез по бројните трофеи кои ги освои со Лестер Сити (шампионска титула 2015/2016), со Ман. Сити (Лига на шампиони 2022/2023, 4 шампионски титули во Премиер, 2 ФА Купа, 3 Лига Купа и 1 Комјунити Шилд, на 32 години реши да замине во Саудиска Арабија. За астрономски богат договор потпиша со Ал Ахли. И таму како во Европа ја демонстрира својата чудесна техника.

Ти да видиш Рафа како игра фудбал

„Бикот од Мајорка“ е голем навивач на Реал Мадрид и не пропушта прилика да го гледа „кралскиот клуб“. И самиот Рафа неколку пати играл фудбал на ревијални средби и може да се каже дека левицата со нога му е прецизна и силна и како со рака.

Не е секој Проведел, да се разбереме

Во мексиканската Liga de Expansión MX, основана во 2020-та година во рамки на „Проект на стабилизација“ од Мексиканската фудбалска федерација играат послабо рангирани и финансиски послаби клубови. На меч меѓу Морелиа и Селаеи домашниот голман Сантијаго Рамирез сакал да биде јунак во продолжение при резултат 1:2 за гостите. Ама неговиот колега од другата страна испадна помудар.

Маестрални дриблинзи и гол на дете на Јуве во Фрозиноне

Масимилијано Алегри одлучи во финишот на преодниот рок да позајми два млади бисери во Фрозиноне. Да добијат поголемо играчко време. Аргентинецот Матијас Суле (20) веќе покажува дека е спремен играч за Јувентус. На мечот со Фиорентина постигна гол и имаше маестрални потези.