Фудбал

17 годишен клинец од Хрватска го има голот на сезоната во Белгија

Што талентирани деца излегоа од 2000-та па наваму, да не може да ги пофати човек. Внимавајте добро на Лука Вушковиќ, генерација 2007-ма, излезен од школата на Хајдук и член на Хрватска У-21. Позајмен е во Вестерло, а синоќа на Клуб Бриж му даде лудорија од гол. И тоа централен бек е.

Расположението на Пеп на последниот прес

Од 30 октомври до денес, Манчестер Сити е во ужасно лоша серија од 9 порази, 3 нерешени и само една победа. На седмо место клизнаа и имаат заостанување од 14 бода зад лидерот Ливерпул. За Боксинг деј одиграа 1:1 против Евертон, а Халанд не реализираше пенал. Погледнете на што личеше Гвардиола на пресот после мечот и колку Фил Фоден беше очаен во обид да спречи контра.

Неверојатните бројки на Мохамед Салах

Навивачите на Ливерпул веќе во целост заборавија на Јирген Клоп. Со Арне Слот екипата игра подеднакво добро ако не и уште подобро. Синоќа црвените после пресврт го совладаа Лестер 3-1 во густа магла на „Енфилд Роуд“. Салах го даде третиот гол со што уше повеќе ја подобри статистиката.

Оди земи му ја на Морган Роџерс

Фудбалерот на Астон Вила и повремен англиски репрезентативец, 22-годишниот шпиц Морган Роџерс има пазарна вредност од 40 милиони евра. Тој сезонава на 18 меча во Премиер лига за Вила даде 5 гола со 3 асистенции. Синоќа на дуелот со Њукасл на гости каде изгубија 3:0 покажа како најправилно се гради топка.

Голчиштето број 1 на Боксинг деј падна во трета лига

Циркуз Адриа се резултатите од Боксинг дел.  Манчестер Јунајтед загуби од Вулверхемтон, Челси од Фулам, Тотенхем од Нотингем Форест, а Манчестер Сити ремизираше со Евертон. Најјак гол? Е тоа во Лига 1. Дечките на Рексам си поиграа без да тапне и славеа против Блекпул со 2:1. Убавина од погодок.

Онана пак се јави, овој пат прими гол од корнер

Нов разочарувачки резултат за Манчестер Јунајтед кој губи три натпревари во низа, овој пат од Вулверхемптон со 2:0. Онана прими гол од корнер, Бруно Фернандеш доби црвен. Никогаш немале полоша позиција на Боксинг деј. 14-ти се на табела со 22 бода, освоени во 18 кола.

Што е со детево бе?

Добро, има нешто што не може да го направи со топка? И со таквото успеа да ја врати. На кој ви личи?

Најспектакуларниот старт на мадридското дерби со Роналдо дe Лима

Годината е 2003, последна во кариерата за Иван Заморано, препознатлив по одличните партии во Реал Мадрид и Интер. Се пензионираше во родната земја Чиле, во Коло Коло, но беше гостин на Бернабеу, каде доби дрес и аплаузи. 14 секунди од првиот свиреж на дербито, на сцена стапува Роналдо.

Атлетико Мадрид се надмина себеси со неверојатно видео

Мадридскиот фудбалски клуб е лидер по прекрасните празнични видеа кои ги смислуваат од година во година. Овојпат на тема „Верноста е одлука на душата“ снимија нешто сјајно и срцепарателно во исто време.

Гримасата на Пикфорд пред да му го фати пеналот на Халанд

Манчестер Сити продолжува да се мачи и на Боксинг деј и на полувреме против Евертон имаше само 1:1. Халанд во 53 минута не успеа да реализира пенал, бидејќи се соочи со човекот кој е познат по тоа што анализата за тоа кој и каде ги изведува пеналите, ја запишува на шишето. Него што е со гримасиве?

Најчуваниот судија на сезоната

Во баражот за опстанок и пласман во најдобрата боливиска лига се играат два натпревари. Првиот натпревар меѓу прволигашот Ројал Пари и второлигашот Реал Оруро домашните го добиле 4-0. На реваншот второлигашот прави чудо и до 38-ма минута води 3-0. На 10 минути пред крајот главниот судија свири пенал за домаќинот кој на тој начин можел да ја стигне огромната негатива и да направи голема сензација до крајот. Во тој момент главниот тренер на Ројал Пари влетал во терен да протестира и настанал хаос. Полиција едвај ги извадила судиите.

Дедо на сезоната

На еден дедо, инаку голем навивач на Атлетико Мадрид за Божиќните празници му носат прекрасен подарок. Кога ќе го види ќе го стигнат емоции.

Му дале на Онана да витка подароци

На „Олд Трафорд“ се сетиле во спремањето новогодишни подароци да учествуваат и играчите. Меѓу нив и тој, голманот Андре Онана.

Кога Англичаните не можеа да писнат против најмоќната италијанска одбрана

Мечот е пријателски, датира од 2000-та, а јадните Англичани на Деле Алпи во Торино требаше да се соочат со дефанзива составена од Неста-Малдини-Канаваро, па уште и Буфон на гол. Колку гола им дадоа? Нула. Ќе ви стане јасно зошто откако ќе погледнете како триото газдува на своја половина. Знаете кој го реши мечот? Гатузо и тоа со голот на кариерата, кој инаку му е единствен во репрезентативната кариера (2000-2010).

Расположението во соблекувална после 5 трофеи во една година

Ла Лига, Супер Куп на Шпанија, Лига на шампиони, Супер Куп на Европа, Интерконтинентален Куп. Тоа е одговорот на Реал Мадрид ако некој ги праша, по што ќе ја паметите 2024-та.

Турците ја сумираат годината и потсетуваат на ремек делото на Осимен

Галатасарај на стартот на оваа сезона направи бомбастичен трансфер и го донесе во напад Виктор Осимен, еден од најзаслужните за Скудетото на Наполи. Во првите 4 месеци одговори со 12 гола на 15 средби. Оној кој денеска се вртеше во Турција, како за крај на годината, е спектакуларната акробација против Анталијаспор на гости.

Носталгија за секој навивач на Милан која не умира

„Кога Франко се повлече од играње му рековме дека не смееш да помислиш да бидеш далеку од Милан и му дадовме одговорна функција во нашиот младински сектор. Направивме и една работа која ниту еден друг клуб не ја направил за никого. Го повлековме засекогаш неговиот број 6. Потоа решивме дека истото треба да го сториме за уште еден играч. А за кој, ако не за големиот Паоло. Две бројки кои повеќе нема да постојат на дресовите на Милан кај други играчи“.

Роналдо на -20 во вода во Финска

Кристијано Роналдо ужива со семејството во посета на местото кое се смета за седиште на Дедо Мраз. Во Лапонија, во најсеверниот дел од студената Финска, Португалецот покажа во каква врвна форма се наоѓа и на неколку недели пред неговиот 40-ти роденден.

Највредната колекција од соништата на Меси

Лионел Меси пред неколку дена стигнал во родниот Розарио, во Аргентина каде ќе ги помине Новогодишните и Божиќни празници како и секоја година. Лео многу ретко ги користи социјалните мрежи на кои сега сподели еден интересен детал.

Што значи најновото стори на Рики?

Само два дена по промените на раководството во ФФМ, довчерашниот капитен на Македонија Стефан Ристовски, објави фотографија на Инстаграм на која е во репрезентативен дрес заедно со Адеми. Значи ли ова кам бек и нормализирање на односите со селекторот Милевски, со помош на новиот директор на националните селекции, Горан Пандев, со кој се блиски.

Чудото од дете на Ајакс кое жонглираше 2.424 пати

Холандскиот гигант отсекогаш вадел сјајни бисери од својата школа, која важи за една од најдобрите на светот. Еден таков сега е 11-годишниот Зинедин Чајат кој жонглираше 2.424 пати за време на паузата на натпревар на Ајакс. „Можев уште, ама ме прекинаа поради натпреварот“, рекол малиот Зинедин кој ги воодушевил присутните.

Панче Ќумбев: Масар метлата и чисти, оти очекуваме големи промени

Претседателот на Синдикатот на фудбалери, Панчев Ќумбев, а воедно и поранешен репрезентативец на Македонија, даде краток и јасен коментар околу смената на раководството во ФФМ. За промени, смета дека е потребна чистка и рестарт.

Зезалиците на Нејмар

Триесет и две годишниот Бразилец во последните 2-3 години повеќе е надвор од теренот во закрепнување од повреди отколку што е на терен. Член е на саудискиот клуб Ал-Хилал, важи за еден од најскапо платените фудбалери во историјата, но по сè изгледа дека веќе не му е до фудбал. А го играше стварно со неверојатна леснотија.

Омерагиќ на средба со Милевски, вработените во ФФМ и новинарите

Еден ден по вонредното изборно генерално Собрание, новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ го одработи првиот ден во куќата на фудбалот. Се запозна со вработените во федерацијата, ги повика на брифинг новинарите, а имаше и прва средба со селекторот Боби Милевски, кој за три месеци ги стартува мундијалските квалификации.