Роналдо кажа на кој стадион му било најубаво да дава голови

Најдобриот фудбалер на сите времиња според многу страни, Кристијано Роналдо во кариерата настапуваше за великаните Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус. Најдобар стрелец е во историјата на Лига на шампиони, во историјата на европски првенства и најдобар стрелец во клупската историја на Реал Мадрид. Се ближи до бројката од 1.000 гола во кариера што би бил апсолутно недостижен рекорд за сите останати. 

Epa Images
Epa Images
Epa images

Кристијано Роналдо во последното интервју го прашале дали може да избере омилен стадион ако се знае дека играл на стотици арени ширум светот.

„Камп Ноу. Бев на врвот. Ме исвиркуваа и навредуваа но ништо не ме допираше и гледав само да дадам гол и да ги замолкнам. Повеќе уживав кога постигнував голови во Барселона отколку на „Сантијаго Бернабеу“, рекол Роналдо.

Португалецот против Барселона на „Камп Ноу“ постигна 11 гола во дресот на Реал Мадрид. Често на Каталонците им го правеше фамозното „калма-калма“ (полека-полека):

 

 

21 февруари 2025 - 11:21