Фудбал

Реал Мадрид е неприкосновен, по 15-ти пат е на тронот на Европа

Никој во догледно време нема да може да го стигне кралскиот клуб по бројот на титули во ЛШ бидејќи има вкупно 15. Втор е Милан со 7, Баерн и Ливерпул имаат по 6, а Барселона 5. Со головите на Карвахал во 74-та и Винисиус во 83-та, на Вембли падна Борусија Дортмунд за шести трофеј во последните 10 години (2014, 2016, 2017, 2018, 2022, 2024) и тотална доминација. Три од нив со Зидан и три со Анчелоти.

Фудбалер на Монако казнет со 4 меча зошто не сакал да носи ЛГБТ знак

Дваесет и четиригодишниот репрезентативец на Мали и фудбалер од средниот ред на Монако, на мечот против Нант кога неговиот тим победи 4-0 а тој го постигна третиот гол, го прекрил со лепенки знакот за анти-хомофобија која што француската професионална лига ЛФП им наложи на сите тимови тоа коло да ги носат на дресовите. Веднаш после ова во Франција се кренала голема врема, а драстични казни за Камара барале министерката за спорт Амели Уде-Кастера и други министри од француската влада.

Само Босингва има одиграно вака на корнер

Налетавме на едно подзаборавено ретро меѓу Ливерпул и Челси. Домаќините имаат 1:0, а Бенајун чува резултат на препознатлив начин кога е во прашање судиско продолжение. Дрогба се обидува да му ја земе, а Жозе Босингва ни два ни три, селската од прва. Ни картон, ни бутур.

Што прави Нејмар? Ене го буши гуми

Нејмар додека закрепнува во Саудиска Арабија после операцијата на коленото, се глупира со своите соиграчи од Ал Хилал, поточно со неговиот сонародник Ренан Лоди. Овој вториов прво му ги врзувал копачките на Нејмар во чворови во соблекувална за да не може да ги одврзе во знак на мајтап. Нејмар му вратил со тоа што му ги дишел гумите. Ко да си нема попаметна работа.

А на тема финале во ЛШ, Чаби Алонсо има нешто да му каже на Анчелоти

Чаби Алонсо има освоено два трофеи во Лига на шампиони, првиот како играч на Ливерпул против Анчелоти (2005), вториот како играч на Реал со Анчелоти (2014). Еднаш му ја начна таа тема кога му беше тренер во Баерн и се разбира нема љутиш, Карло е господин човек.

1 минутно уживање со голчиштата на Лука Модриќ

Со 38 години и 266 дена, Модриќ вечерва на Вембли ќе стане четврти најстар играч во финале од ЛШ. Пред него се само Ван дер Сар, Буфон и Малдини, a Хрватот ќе го мине Лотар Матеус. Најстар освојувач на трофеј во ЛШ е Малдини со 38 години и 331 ден, што значи ако Лука вечерва слави ќе втор. Финалињата му се 5 од 5.

Незаборавната завршница на Камп Ноу од финалето во ЛШ 1999

26 мај 1999, стадион Камп Ноу, гледачи 90.000, судија Пјерлуиџи Колина. 6 минута Марио Баслер 0:1, 91 минута Теди Шерингам 1:1, 93 минута Оле Гунар Солскјер 2:1. Ниту имало ниту ќе има друг ваков пресврт во Лига на шампиони. Шок за срцев удар.

Ќе фалиш будалче, ќе нема кој да вика

А едно време мислевме дека нема потемпераментен тренер од Валтер Мацари.

Топ 5 сензации во топ 5 европските лиги

Убавината на фудбалот ниту од далеку не се состои само во моќниците кои со фаворитска улога ја освојуваат титулата, каков што беше годинава случајот со Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ и Интер. Има многу шмек кај помалите екипи, а оваа сезона тој шмек кај нив беше нешто посебно.

Спонзор на Борусија Дортмунд ќе и биде фабрика за оружје

Германскиот гигант Борусија Дортмунд која во сабота вечер против Реал Мадрид ќе игра во финалето на Лига на шампиони, потпишал договор за спонзорство со германската фабрика за производство на оружје Rheinmetall.

Необични факти за тренерот на Олимпијакос

Хозе Луис Мендилибар е релативно непознато тренерско име и не е грев ако не го знаете кога ќе ја прочитате листата на екипи кои ги водел. Но, затоа сега сите ќе го запомнат. Последниве две сезони му се чудо над чудата. Внимавајте добро.

Што му текна на Баерн Минхен да се реши за Компани?

Баерн Минхен за првпат во својата славна клупска историја не можеше да најде асален тренер, односно немало едногласни одлуки во управата за дури 9-10 одлични стратези од кои пак некои во моментов процениле дека им е подобро таму каде што се.

Панчев: Ѕвезда е живот, кога го облеков дресов добив желба да истрчам на терен

Црвена Ѕвезда ја одбележа 33 годишнината од европската титула на уникатен начин. Дојде на гости во Скопје и го разубави фан шопот со производи на кои стои името Дарко Панчев.

Да видите како дојде француски репрезентативец на собир

Жил Кунде се смета за еден од подобрите одбранбени фудбалери во Европа. Има 25 години игра за Барселона која за него на Севиља и плати 50 милиони евра. Кунде игра како стопер и како десен бек. И сè е добро до моментот кога ќе видите како се облекол за собирот на француската репрезентација пред Европско првенство во базата Клерфонтен.

Ако се прашуваше некој кај е Марсело

Бразилскиот лев бек кој е еден од најтрофејните фудбалери на сите времиња и кој стана клупска легенда на Реал Мадрид, веќе неколку месеци игра за својот матичен клуб Флуминенсе. И игра добро на 37 години. Синоќа на меч од 6. коло од групна фаза во Копа Либертадорес постигнал гол во триумфот од 3-2 над перуанска Алијанса Лима.

Малдини ни на сервис пред зграда не би ги земал овие

Чикаго vs Орландо, МЛС лига и дефиниција за тоа како НЕ треба да се игра во одбрана. 7 изгубени статисти на мал простор не знаеа кај тераат.

Светот слушна за Халанд кога даде 9 гола на 1 меч

Во 3. коло од групна фаза на Светско младинско првенство У-20, Норвешка со 12-0 го совлада Хондурас. Натпреварот се играше на денешен ден пред точно 5 години. Ерлинг Халанд тогаш имаше неполни 18 години а постигна верувале или не на тој меч дури 9 гола. Три хет-трика. После тоа за него се заинтересираа големите европски клубови.

Убав гол на Меси, уште поубав на Грузиецот Саба Лобјанидзе

11 гола, 12 асистенции, 13 меча за Лео Меси сезонава, кој не успеа да го извади од пораз Интер Мајами во 17. коло од МЛС лигата. Загубија 1:3 од Атланта. Издвојуваме два гола од мечот.

Кавани ти вакво нешто да промашиш?

Бока Јуниорс го декласираше Национал Потоси од Боливија со 4:0 во Копа Судамерикана. Кавани беше еден од стрелците, ама го направи веројатно и промашувањето на кариерата, нејсвоствено за него.

Атина гореше - Олимпијакос до прв европски пехар

Олимпијакос ја совлада Фиорентина во финалето на Лига Конференции со гол во второто судиско продолжение, на само неколку секунди пред крајот и пред пенал рулетот. Стрелец е Ајуб Ел Каби кој сезонава постигна 11 гола во Лига Конференции и стана најдобар голгетер. Во Атина вриеше.

Новинар го потценувал Маркус Турам, овој му вратил со шмекерски потег

Дваесет и шест годишниот Французин Маркус Турам, син на легендарниот бек на Парма и Јувентус Лилијан Турам, сезонава беше меѓу најзаслужните за шампионската титула на Интер и одличните настапи во Лига на шампиони. Маркус постигна 15 гола, имаше и 14 асистенции и со Лаутаро Мартинез го сочинуваа можеби најдобриот тандем во Европа.

33 години од најважниот гол на Дарко Панчев и Ѕвезда

Црвена звезда и натаму останува единствен клуб од регионов кој стигнал до драгоцениот пехар во Куп на европски шампиони (денешна Лига на шампиони). Пред точно 33 години, на стадионот „Свети Никола“ во Бари, Црвена звезда на пенали го совлада француски Олимпик Марсеј а решавачкиот гол го даде Дарко Панчев.

Најсрамната местенка на сезоната ни доаѓа од Црна Гора

За успешно и тешко забележливо штелување на резултат, обично велат дека е доволно да знаат двајца дефанзивци или пак еден и плус голманот. Ама нема, ова е Балкан.