
Пред натпреварот во Лихтенштајн, играчите на двете селекции и сите присутни на стадионот оддадоа сочувство до семејствата на трагично загинатите во стравичниот пожар во Кочани.
На оградата на една трибина стоеше парола Кочани, како каква-таква симболична утеха за неутешните најблиски на загинатите.
Селекторот Благоја Милевски од стартот реши момците да заиграат во формација 3-5-2, со Александар Трајковски и Бојан Миовски како најистурени во шпицот. По крилата офанзивно делуваа Чурлинов и Алиоски.
Македонија поведе уште во 7-ма минута кога по една грешка на фудбалерите на Лихтенштајн, Бојан Миоски истрча по левата страна и центрираше а Александар Трајковски со глава го отвори резултатот 0-1.
Во 14' минута центарфорот на шпанска Жирона кој неодамна се врати од повреда, имаше одлична прилика за гол но домашната одбрана блокираше. Не е дека Столе Димитриевски на нашиот гол немаше работа, напротив, во 22' минута Вилијам Пици проба со одличен удар да го совлада, но македонскиот голман едвај спаси и одбрани чист гол.
Во 42' минута по еден корнер Висар Муслиу беше најспретен и најдобро се снајде во големиот метеж па Македонија поведе 0-2. Со овој резултат се замина на полувреме. До крајот на првиот дел Миовски и Барди пробуваа но домашниот голман Бухел беше сигурен.
Се играше 59 минута од мечот кога присутните Македонци на стадионот во Вадуц скандираа: „Кочани, Кочани“ во чест на трагично загинатите од страшниот и незапаметен пожар во кочанската дискотека.
Кончените 0-3 ги постави Бојан Миовски во 85' минута од мечот кога со десна нога одлично го искористи центаршитот на Бојан Илиевски за конечен резултат.
Македонија има 3 бода а во вторник во 2. коло ја чека далеку посилниот Велс, од 20:45 на „Градски стадион“ во Скопје.