Македонските навивачи со прегратка до Кочани

Македонската фудбалска репрезентација попладнево ги започна квалификациите за Светско првенство 2026 со победа 0-3 во Вадуц против Лихтенштајн. Натпреварот мина целосно во знакот на сочувство за семејствата и најсаканите на трагично загинатите од Кочани. Стотина македонски навивачи носеа црни маици во знак на сочувство, некои имаа и натпис Кочани на себе. На една ограда имаше закачена парола КОЧАНИ, а во 59' минута се скандираше името на овој град.

 
 

Рутински старт на квалификациите на Македонија, емотивен триумф во Лихтенштајн

 

22 март 2025 - 17:34