Фудбал

Најплатените играчи во Серија А, Влаховиќ ги шие сите

Италијанците немаат моќ за високи плати како во една Премиер лига или клубови како ПСЖ каде со апарски газди се заборавија со сумите. Дуци се двои.

Деби гол на Депај во Бразил кој ќе го памети цел живот

После кариера во клубови како Манчестер Јунајтед, Барселона и Атлетико Мадрид, Мемфис Депај на свои 30 години направи чуден трансфер и замина во Јужна Америка. На петтиот меч за Коринтијас го постигна првиот гол против Атлетико Паранаенсе кој го добија со 5:2. Велемајсторски погодок, можеби најубав во неговата кариера.

Навивач дошол по автограм со дресот, Нани му го зел и заминал

Некогашната ѕвезда на Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед и Фенербахче кој играше уште и за Валенсија, Лацио, Орландо Сити, Венција, Мелбурн и Адана Демирспор, сега игра во португалскиот клуб Естрела Амадора. После еден тренинг му пришол некој дечко да му се потпише на дрес од Португалија со негово презиме на грбот. Нани рекол дека ова е неговиот украден дрес од дома со кој играл на Европско 2016. Му затворил прозор и си отишол со колата. Детето пријавило во полиција и отворен е случај.

Како Неста му клизаше на Меси на 36 години

Лига на шампиони 2012-та во четвртфинале се среќаваат Милан и Барселона. 24 годишниот Меси мораше да се справува со 36 годишниот Неста, кој важеше за еден од најтешките дефанзивци за проаѓање. Неста после мечот изјави: Меси треба да му се заблагодари на Бога што не се соочи со мене кога имав 26.

Михаел Балак во стриптиз бар

Ќе даваат снимка или ќе видиш резултат, се двете најглупи решенија кога ќе ти ги каже некој за битна утакмица. И за Балак тие не постојат.

Интересен проштален меч на јапонски судија

Додека го испраќаа 52-годишниот јапонски судија Нобуцуку Мираками со шпалир и аплаузи, еден фудбалер се сетил како да му пружи прилика за последниот жолт картон во кариерата. Го соблекол дресот и така му посакал среќна пензија. Си доби жолт картон а некои во мајтап велат дека го пропуштил следниот меч поради парни картони.

Фудбалска Англија се буни зошто Германец ќе им биде селектор

Фудбалската федерација на Англија (ФА) денеска и официјално го претстави новиот селектор на репрезентацијата, германскиот тренер Томас Тухел.

Да решиш градско дерби со мајсторија во 90-та

Големото градско дерби меѓу Данубио и Пењарол во Уругвај завршило 0-1 со гол на гостите во 90-та минута од мечот. И тоа каков гол од слободен удар на Лео Фернандез.

Се претера со прославата на Роналдо

Плус со копачки на паркет, каков сакаш да биде резултатот бе дете?

Моќно филмско видео за „Слемот на шесте кралеви“

Карлос Алкараз и Јаник Синер ги елиминираа Холгер Руне и Данил Медведев во четврфиналињата на егзибицискиот турнир „Слемот на шесте кралеви“. Полуфиналните двојки се Синер - Ѓоковиќ, Алкараз - Надал. Домаќите ги пречекаа шестмината тениски асови со по 1,5 милиони долари само за учеството, а победникот во Ријад, Саудиска Арабија ќе си замине дома со мега премија од 6 милиони долари. За споредба, на УС опен како најбогат Гренд слем, шампионот заработува 3,6 милиони. Уживајте во филмското ремек дело Six Kings Slam направено во стилот на Game of Thrones.

Кој е Омар Мармуш - Египќанецот кого го бара пола Европа?

Мохамед Салах, најдобриот египтески фудбалер на сите времиња, ги разби предрасудите за „мрзеливи“ египетски фудбалери а сега се појавува и негов потенцијален наследник кој игра во Бундеслига.

Кога Пикси даде гол од пола терен, од аут-линија

На денешен ден пред 15 години, тогаш како тренер на Нагоја Грампус, Драган Стојковиќ - Пикси кој сега е селектор на Србија, здрви еден волеј додека стоеше во тренерскиот простор крај аут линијата на пола терен.

Фото на денот со новиот голман на Барселона

Поради зорт со голмани, Барселона го врати од пензија Војчех Шчесни за да го замени Тер Штеген кој ќе го нема долго поради повреда. Ама се крена врева зошто пушел.

Тони му се жали на Гвардиола за тактиката со лажна 9-ка

Лука Тони, Пеп Гвардиола и Един Терзиќ во опуштено издание со винце од кафана. „Лажните 9-ки го уништија фудбалот. Четири години не можев да најдам тим. Пеп ти се допаѓаат напаѓачите?“, го прашува Тони. „Штом Халанд има 60 гола“'... одговори Гвардиола.

Миленко Неделковски: Вардар е леш кој треба да се оживее со долг од над 7 милиони евра

„Од летоска до сега во Вардар се влезени и потрошени над 500.000 евра. За 3-4 недели следува собрание на акционери на кое ќе ја назначат новата управувачка структура. На Панчев, Попов, Седлоски....до крај на живот им е забранет влез на Северна трибина, бидејќи тие го блокираа Вардар“, вели Миленко.

Кристијано Роналдо бесен го напушти стадионот на кој првпат играше

Португалија одигра само 0-0 против Шкотска на гости. Кристијано Роналдо во кариерата има играно на стотици стадиони, но интересно е што никогаш не настапил на „Хемпден Парк“ во Глазгов. Синоќа за првпат истрча на овој терен и не постигна гол. На крајот беше бесен ко рис затоа што судијата Лоренс Висер од Белгија досуди крај на мечот и не дозволи Португалците да изведат корнер.

Го прашуваат Озил: Меси или Роналдо?

Месут Озил играше три сезони со Кристијано во Реал, ама даде мангупски одговор на прашањето и доби аплаузи од сите.

Кога ќе се рече „Им ја сокрија топката“

Ова не е Бразил, ниту Аргентина или Шпанија, туку Романија У-21 на клучен квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2025 против Швајцарија. Со што ли ги ранат децава? Паметот им го земаа.

Чудниот црвен картон за Ливаковиќ

Полска и Хрватска одиграа луд натпревар со дури 6 гола. Полјаците први дојдоа до водство рано уште во 5’ минута, а Хрватите направија луд пресврт со 3 гола за шест минути во вториот дел и поведоа 1-3. Полска се врати до крајот и се избори за бод (3:3) а чудна беше една судиска одлука да го исклучи хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ после една интервенција надвор од шеснаесетникот.

Мајсторијата на Баена и големото промашување на Митровиќ

Европскиот првак Шпанија ја оправда фаворитската улога против Србија и ја доби со 3:0. Мората промаши пенал, а Србите најголемата шанса ја имаа на 1:0 преку Митровиќ, израмнување кое можеше да донесе голема возбуда и неизвесност. Најубавиот момент на мечот е слободниот удар на Алекс Баена.

Англија си најде нов селектор

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) три пати измери па еднаш пресече. Не избрзаа со изборот за нов селектор и на крај изборот падна на германскиот тренер Томас Тухел.

Акробации во режија на Бразил и Коста Рика

Бразил го доби Перу со 4:0, а Коста Рика беше подобра од Гватемала со 3:0 во квалификациските средби за СП. Ги издвојуваме атрактивните голчишта на Андреас Переира и Франциско Калво.

Нов блесок на Меси за Аргентина со хет-трик, 6-0 со Боливија

Три гола и две асистенции за најдобриот фудбалер на светот според многумина, и тоа пред своите Аргентинци на голем јубилеј. Во квалификациите за Светско првенство 2026 Аргентина ја згроми Боливија, остана неприкосновен лидер на табелата и практично со една нога обезбеди пласман на Мундијалот.