Фудбал

Фудбалерите на Баерн се за срам, 18 годишен играч безуспешно ги тераше да одат кај навивачите под трибина

Баерн Минхен целосно заслужува да гледа како Баер наскоро ќе ја слави титулата во Бундеслигата. Ај што викендов загубија од дебитантот во Бундеслигата Хајденхајм и тоа со пресврт после водство од 0:2, уште толку се посрамотија со односот. При имиња во тимот како Милер, Кејн, Кимих, Гнабри, Горецка и останатите, само 18 годишниот Матис Тел покажа респект за поддршката на навивачите кои допатувале да ги бодрат. Другите образ ѓон. Ги тераше да се вратат, ама џабе, штикла фатија накај соблекувална.

Спектакл од одбрана на Шчесни со Фиорентина

Јувентус оствари алегријевска победа од 1-0 над Фиорентина и победи првпат после цели 40 дена и 4 меча без триумф со само два освоени бода. Бјанконерите дадоа гол преку стоперот Гати во 21’ минута и до крајот го чуваа резултатот. Уствари полскиот голман Војчех Шчесни им го чуваше.

Утка на колото - Северина

Партизан со 2-0 го победи Нови Пазар во последното коло од српската Суперлига пред почетокот на тамошното разигрување за титула и опстанок. Лидер на табелата е Црвена звезда со 74 бода, а Партизан има 70 на второ место. На мечот со Нови Пазар холандскиот фудбалер со интересно презиме Ксандер Северина промаши невозможно. Среќа негова што веќе даде 1 гол и водеа.

Лудиот гол на 18-годишниот Меино на дербито со Ливерпул

Манчестер Јунајтед и Ливерпул одиграа 2:2 во сјајното дерби од Премиер лигата. Гостите во првиот дел имаа дури 14 обиди кон противничкиот гол, а домашните ниту еден. Сепак на крајот Ливерпул беше тој којшто спасуваше бод.

Чудно финале меѓу Галатасарај и Фенербахче кое траеше 1 минута

Финалето од Супер Купот на Турција кое се одигра синоќа е веројатно најкраткото во историјата на фудбалот. Само што почна, заврши уште во 1 минута и тоа падна и гол.

Меси се врати со прекрасен гол

Интер Мајами одигра 2-2 на домашен терен против Колорадо во осмиот натпревар за тимот на Лео Меси во МЛС лигата. Лионел се врати после три недели, влезе во игра од клупата за резерви а постигна гол после само десетина минути на терен.

Атлетик Билбао на тронот во Копа дел Реј по 40 години, Нико Вилијамс го има дриблингот на колото

Баскијците конечно го скршија четиридецениското проклетство и стигнаа до 24-та титула во Купот на Шпанија. Само Барселона е пред нив со 31 трофеј. Во финалето беа подобри од Мајорка со 4:2, после 1:1 во регуларниот дел од мечот. За МВП е прогласен 21 годишниот Нико Вилијамс кој е мета на Барселона и Арсенал. Му го сврте паметот на својот чувар и го исфрли од игра.

Чаби Алонсо људина

Баер Леверкузен игра чудесна сезона и веќе се на бројка од 40 натпревари без пораз на сите три фронта (Бундеслига, Куп и ЛЕ). За шпанскиот ас ова е само увертира на блеската тренерска кариера која му престои и веќе го има осетот на водење екипа. Покажа страшен почит кон навивачите кои го бодрат тимот цела сезона и фати еден под еден да ги поздравува.

Фудбалер на Пењарол попи камен во лице

Росарио Централ од Аргентина го доби Пењарол од Уругвај со 1:0 во 1. коло од Копа Либертадорес. Резултатот оди во сенка на инцидентот кој се случи по завршувањето на мечот. Навивач на домашниот тим со сиот памет со камен в лице го погоди и го раскрвари Максимилијано Оливера, кој збесна од нервоза. Можеше око да му истераш бе идиоту.

Рашфорд игра на свадба или на дерби?

Во време на Фергусон беше непоимливо Манчестер Јунајтед да прими 4 комада на дерби, а не па да го загуби во 100-та и 101-ва минута. Погледнете го Маркус Рашфорд како го чува Кол Палмер кој ги реши со хет-трик, мислиш со Шрузбери играат и водат 5:0.

За грчко фудбалско дерби во Солун се бара судиска помош од Македонија

Грчката фудбалска федерација испрати покана до ФФМ, која е прифатена, а тоа значи дека тројца македонски судии во недела ќе судат грчко дерби.

Малиот Палмер кој со хет-трик го разби Јунајтед е врвен пеналџија

Во брдото астрономски скапи трансфери за кои потрошија повеќе од 1 милијарда евра, се испостави дека најдобро засилување за Челси е 21-годишниот Кол Палмер кој во септември 2023-та дојде од Манчестер Сити за огромни 47 милиони фунти. Палмер е дете од школата на Сити а сезонава е играч бр. 1 на Челси. Неочекувано.

Ја забележавте ли велелепната асистенција на Ентони во стилот на Модриќ?

Тешко се сумира трилер дербито меѓу Челси и Манчестер Јунајтед кое заврши 4:3 со пресврт во судиско. Меѓу сите случувања на мечот и оние 7 гола, од кои два паднаа во 100-та и 101-ва минута, како во сенка да остана извонредниот пас на Ентони до Гарначо, кој го направи првиот пресврт на мечот, оној во 67-ма минута за 2:3.

Нема појаки од аргентинските коментатори, „Бела Чао“ ја пееја во сред пренос од Премиер лига

Њукасл и Евертон одигра 1:1 во 30. коло од Премиер лигата. Резултатот го израмни Доминик Калверт Луин од пенал. Коментаторот се отвори после голот, а на моменти и придружба имаше. Цареви.

Дарвин Нуњез ќе ви покаже зошто е битно да му сметаш на голманот

Ливерпул очекувано го доби Шефилд Јунајтед со 3:1 и се врати на прва позиција со 70 бода, пред Арсенал (68) и Манчестер Сити (67). Дарвин Нуњез му се сипа на голманот и толку требаше.

Лудачки ролеркостер на Стемфорд Бриџ, Манчестер Јунајтед загуби со голови во 100-та и 101-ва минута

Тешко се раскажува синоќешниот пресврт од дербито на колото во Премиер лига, меѓу две екипи без карактер, кои котираат на 6-та и 10-та позиција, а едно време демонстрираа моќ и секогаш целеа на титулата.

Двајца играчи на Баер Леверкузен симулираа пушење на марихуана за време на прослава

Џереми Фримпонг и Амин Адли ги постигнаа првите два гола за Баер Леверкузен синоќа и по само 20 минути го најавија пласманот во финале. Ги забележа ли некој од близу што правеа? Мотаа и дуваа, за што има и повод. Во Германија од 1 април е легализирана марихуаната.

Се испружи колку што е долг - одбрана на неделата

Во првиот меч од полуфиналето на Купот на Италија меѓу Фиорентина и Аталанта кој заврши 1:0, го видовме најубавиот гол на неделата а и најдобрата одбрана деновиве. 23-годишниот голман на тимот од Бергамо, италијанскиот репрезентативец Марко Карнезеки одбрани бравурозно еден шут со глава.

Па дај му рака, мамлаз

Челси потроши силни пари (повеќе од 1 милијарда) евра на засилувања во последниве неколку сезони, а испадна дека најдобро им игра фудбалер од нивната школа. 24-годишниот Конор Галахер кој ги извади „сините“ на неколку средби сезонава. Сега истиот тој Галахер се најде во средиште на голем скандал затоа што се појави видео на кое се гледа дека пред мечот Челси - Барнли (2:2) во саботата како капитен како да изигнорирал едно дете. Го обивинуваат за расизам, клубот и други го бранат.

Најдобрите дриблинзи на Ибра кој скоро ќе има проштален меч

Златан Ибрахимовиќ (42) веќе подолг период е во играчка пензија а сега веќе и официјално проштален меч ќе му биде оној пријателскиот меѓу Шведска и Србија во пресрет на Евро 2024, на 8-ми јуни во Стокхолм. Ибра фали на терените, со својот уникатен став и дриблинг.

Македонија бележи мал пад на ФИФА ранг листата

По двете пријателски средби во Анталија на кои не забележавме победа, фудбалерите очекувано клизнаа на рангот на ФИФА.

Фиорентина го има голот на сезоната во Купот на Италија

Спортската среда воопшто не беше сиромашна. Играа и пoбедија Манчестер Сити, Арсенал, ПСЖ, Баер Леверкузен, Фенербахче, Динамо Загреб. Ама никој не може да се пофали со ремек дело како она на Роландо Мандрагора кој на Фиорентина и обезбеди предност од 1:0 против Аталанта, во првата полуфинална пресметка од Купот. Што е со траекторијава? Роберто Карлос дали се слушаме?

Ново видео од Озил кој станал ѕвер

Некогашната голема ѕвезда на Реал Мадрид и Арсенал, под водство на личниот тренер Алпер Аксач во Турција се направил ѕвер.

Фил Фоден - најпотценетиот играч во Европа

Англискиот репрезентативец веќе неколку години е во медиумска сенка на големите ѕвезди во Манчестер Сити и англиската репрезентација и неправедно е запоставен. Синоќа на 23 години направи нешто што за цело играње во Премиер лига им успеало само на Кристијано Роналдо, Франк Лампард и Дидие Дрогба.