Фудбал

Со што го мачкаат Столе пред секој натпревар на Валенсија?

Во необичен формат на емисии и подкасти, шпанските спортски медиуми често вадат и разни пикантерии од самиот терен. Како на пример оваа кога голманот на Валенсија Столе Димитриевски вдишува и се мачка со некоја маст, веројатно на база на ментол каква што користат обично спортистите за подобро да дишат при поголеми напори на теренот.

Оксфорд Јунајтед ќе мора да повлече опрема која асоцира на 11-ти септември

Серискиот број на еден од киднапираните авиони со кои се изведе терористички напад во САД на 11-ти септември 2001-ва година е причина зошто пропаднала целата нова колекција опрема на англискиот фудбалски клуб Оксфорд Јунајтед.

Гаштаров: Од дете сонував за овој дрес

Македонската фудбалска репрезентација се собра за новата сезона во Лига на нации, која ја стартува во сабота против Швајцарија на Градски со почеток од 20:45. Прв повик доби големата надеж Матеј Гаштаров, кој сезонава е стандарден првотимец на Црвена Звезда. 19 годишниот Гаштаров е ведар, расположен, насмеам и оптимистички расположен во прогнозите.

Анри и Федерер со фудбалска топка

„Овој дечко... Му кажуваш нешто, тој го става во компјутерот и веднаш го прави истото“.

Мо Салах и карпата

Во Турција славен фудбалер и на карпа да седне, ќе ја направи карпата славна. Ама буквално.

Зидан е селектор или репрезентативец?

По 14 години, заврши ерата на Дидие Дешамп во Франција, почна нова со Зинедин Зидан кој се фаќа за работа после пауза од 5 години. Првиот тренинг како селектор ја почна со 12 играчи. Шланг е на 54 години и вака кога го гледа човек, мислиш печен е пак да заигра. На тацна им ги даваше.

Кого чуваше Конате?

Дерби е дерби. Кикснеш ли, ќе ти го паметат и ќе те заокружуваат со црвено на социјалните мрежи. Ибрахима Конате е фатен како маркира на празно при постигнувањето на вториот гол на Атлетико.

Среќен роденден Исак со асистенцијата која вреди повеќе од гол

Има многу атрактивни голови и потези на кои човек може да се потсети по повод денешниот роденден на Александер Исак. Но, ако треба да се издвои едно нешто, тоа сигурно е ова против Евертон додека го носеше дресот на Њукасл. Честитките отидоа кај него, а не кај стрелецот на голот. Страшна соло лудорија.

Во време на Ферги, Манчестер не правеше вакви циркузи пред гол

Манчестер Јунајтед пак има климав старт со само една победа во првите 5 кола. Ремизираа со Фулам 1:1. Лисандро Мартинез реагираше пацерски.

Гало Белоти е жив, даде еврогол со ножички

Некој би помислил дека има 40+ години со оглед на тоа колку играше во Серија А, а Андреа „Гало“ Белоти има само 32 години. Сега игра во Модена, во втора италијанска Серија Б. Во неделата попладне само што влезе во игра после 5 минути постигна прекрасен еврогол, прв после 17-ти септември 2025-та година. Неговата Модена победи 2-1 против Емполи и во моментов е 4-та на табела со 10 бода, 3 помалку од лидерот Палермо.

Гранит Џака не доаѓа во Скопје, тргнат е од репрезентација

Швајцарската фудбалска репрезентација ќе биде ослабена на гостувањето против Македонија. Џака е во проблеми. Не добил повик.

Зајак прекина натпревар во САД

Во прекуокеанските земји честа и вообичаена појава е некое животинче да прекине фудбалски или друг спортски натпревар. Дали кенгур, дали коала, дали зајак. Ако кај нас кокошка, петел или крава знае да влета на терен, таму зајак. Како на пример на мечот меѓу Далас и Остин кога во 76-та минута судијата досудил краток прекин зошто на стадионот „Тојота“ втрчал зајак. На крај од терен го отстранил шпицот на Далас Логан Фарингтон.

Два гола на син му на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо-јуниор игра за У-17 тимот на Ал Наср, а на вчерашниот дуел против Ал Ахли У-17 постигнал два убави гола, во стилот на татко му, од контра, во трк.

Ваљак го прегазил некогашниот англиски репрезентативец

Андрес Таусенд кој веќе некое време игра на Тајланд, а на времето беше сјаен фудбалер во Тотенхем и Кристал Палас, за среќа минал добро по страшен инцидент. Пред натпреварот на неговиот ПТ Прашуап против Патани, вработен за одржување на теренот на Патани го прегазил некогашниот англиски репрезентативец (12 настапи) со ваљак.

Престон Лајонс има ново засилување кое ни е глупо да го напишеме во наслов

Се работи за интернационалец од Јужен Судан, по име Кур Кур, а проблем е што го ангажира славниот клуб Престон Лајонс, основан од македонски иселеници. Дечки, внимателно од трибини, деца одат на стадион.

На тацна!

Во дербито на колото во Аргентина познато како Класико (Ривер - Бока е Суперкласико), Бока Јуниорс на гости го совлада Сан Лоренцо 0-2 со головите на Леандро Лозано и Мигел Мерентиел. Вториот погодок во 72-ра минута беше по сјајна асистенција од левиот бек на Бока Лаутаро Бланко.

Кандидирајте го за Пушкаш, во топ 10 сигурно влегува

Мигуел Борха од мексиканскиот клуб Америка направи потег со кој го фрли во транс цел стадион. Ова треба да е еден од најјаките, ако не и најјак гол на колото во цел свет.

Атлетико го доби Реал, Мурињо покажуваше слики, Чоло одговори

Фудбалерите на Атлетико Мадрид пред преполни трибини на „Ванда Метрополитано“ славеа победа 2-1 во големото градско дерби против Реал Мадрид. Со овој триумф „јорганџиите“ се искачија на второ место на табелата со 16 бода а Реал е трет со бод помалку.

Меси ги збуни сите од слободен удар

Интер Мајами не успеа да го совлада Сан Диего и покрај тоа што Меси и Суарез се изборија за пресврт. Натпреварот заврши 2:2. Лео Меси фати да нафрла од слободен удар, ама тој и кога нафрла, тоа е опасно по гол.

Ниту на мал фудбал нема вакви мангупски завршници

Абдихаким Али и Аксел Куаме од АИК ја имаат шах мат акцијата на колото. Кој очекуваше дека вака ќе ја заврши? На голманот уште не му е јасно што го снајде.

100 гола на Хари Кејн во Бундеслига

Капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн стана првиот фудбалер во историјата на германскиот фудбал на кого за да стигне до 100 постигнати гола во Бундеслига му требале 98 натпревари. Гол-машината Кејн во убедливиот триумф од 7-0 над Унион Берлин даде два погодоци.

Барселона е потресно јака, сега убедливо ја згроми и Севиља на гости

Барселона продолжува да бележи историски моменти откако синоќа после пресврт ја совлада Севиља 1-3 со голеадата на Бразилецот Рафиња. Барса има 7/7 во Ла Лига со дури 31 постигнат гол! Како играат тешко некој периодов да ги сопре во Европа.

Спектакл на „Олимпико“ во Рим, Лаутаро со 2 гола го спаси Интер со Рома

Во дербито на колото во италијанската Серија А, Рома во 5. коло ремизираше со Интер 2:2 па на табелата сега имаат по 13 бода на врвот колку што има и Лацио. Романистите поведоа преку Ману Коне кој го фрли „Олимпико“ во еуфорија во 6' и 37' минута. Рома имаше убедливи 2-0 на полувреме. Но во вториот дел Лаутаро Мартинез израмни на 2-2 со голови во 46' и 79' минута.

Трабзон го прекрши Галатасарај 4-0, Салах правеше шоу

Само три дена откако Трабзонспор го назначи Германецот Томас Рајс за тренер, екипата го развали актуелниот шампион Галатасарај со 4-0 на домашен терен и му го нанесе првиот пораз во сезоната.