Фудбал

Рекордот на Арсенал во ЛШ

Арсенал игра перфектна сезона или барем така личи до сега. Синоќа славеа 1:3 на тешкото гостување против Интер и стигнаа до 7 од 7, што им е рекорд во Лига на шампиони. Никогаш претходно не успеале да добијат 7 меча по ред во најелитното клупско натпреварување. Инаку гол разликата им 20:2. Во Премиер лига се први со +7 пред Сити и Астон Вила. Ветувачка сезона а?

Фантастичната акција која го одбележа мечот на Бернабеу

Реал Мадрид го декласираше Монако со 6:1 и е втор на табела во ЛШ со 15 бода, исто колку што има Баерн, кој вечерва игра против Унион Сен-Жил. Одиме со акцијата на мечот, која почна со петица на Камавинга, продолжи со прекрасен пас на прва на Ѓулер, па асистенција на Винисиус со надворешен фелш и гол на Мбапе.

На Елмас не му оди со голови, ама му ги мести на Мектоминеј

Елиф Елмас одново беше статер за Наполи, 12-ти пат по ред, на гости против Копенхаген во Лигата на шампионите. Домаќините во 35 минута добија црвен, но успеаа да останат непоразени со гол во 72-ра минута за 1:1. Наполитанците отворија во 39 минута со голот на Мектоминеј, повторно на асистенција на македонскиот репрезентативец.

Копенхаген со играч помалку го сопре Наполи, Бодо Глимт до сензација против Сити

Изненадувачки резултати во 7. коло од ЛШ. Спортинг го доби ПСЖ со гол во 90-та минута. Баер Леверкузен загуби од Олимпијакос, Тотенхем ја доби Борусија, а Бодо Глимт слави прва победа и тоа со три парчиња против Манчестер Сити. Елмас одигра 80 минути во Данска, а дербито на вечерта во Милано му припадна на Арсенал, кој е перфектен со 7 од 7.

Тренерот на Фенербахче направи тактика со шишиња, па дадоа гол

Фенербахче го прегрме тешкото гостување кај Аланијаспор и славеше 2-3 после пресврт. На тој натпревар младиот италијански тренер Доменико Тедеско на необичен начин му покажуваше тактички решенија на Марко Асенсио кој на времето играше за Реал Мадрид. И само една минута подоцна падна гол. Фенер чека титула во Турција цели 12 години а во моментов после 18 кола има 42 бода, само 1 помалку од првиот Галатасарај.

Страстниот пушач Маурицио Сари ги остава цигарите

Шеесет и седум годишниот легендарен тренер кој по втор пат во кариерата го води Лацио, а со поголем или помал успех ги тренираше уште и Јувентус, Челси, Наполи, Емполи, Перуџа, Верона и многу други италијански клубови, открил дека става крај на пушењето.

18-годишен Грк го даде најубавиот гол во Премиер лига

Брајтон губеше дома од Борнмут 0-1 но во судиското продолжение, во 90+1' минута од натпреварот нововлезениот Грк Харалампос Костулас кој на терен влезе во 77' минута, постигна страшно ефектен гол со ножички.

Циркузот со пешкирите и резервниот голман на Сенегал

Она што се случуваше во големото финале на Купот на Африкански нации меѓу Мароко и Сенегал уште долго ќе се раскажува како нешто што никаде и никогаш не било видено. Просто човек не може да поверува што сè имаше на тој натпревар кој на крај во продолженија го доби Сенегал 0-1 откако Мароко промаши пенал. А епизодата со пешкирот беше срамна.

Најбрзиот гол во историјата на Палермо

Фудбалерите на Палермо ја совладаа Специја со 1:0 во 20. коло од Серија Б. Голот падна во 1 минута и е најбрз гол во историјата на клубот. За само 10 секунди го дадоа.

Невидена драма во финале на Африкански Куп на нации

Репрезентацијата на Сенегал го совлада домаќинот Мароко 1:0 (0:0) во големото финале на 35. издание на Купот на Африкански нации. Натпреварот го следеше драма во финишот кога Сенегалците се повлекоа од терен па капитенот ги враќаше.

Фудбал во Канада на -8

Трева нема, ама битно желба за фудбал има. Да го видиме крајот.

Блесок на Миовски за Ренџерс со хет-трик

Македонскиот репрезентативец го одибра најдобриот меч за Глазгов Ренџерс. Постигна хет-трик во 1/16 финалето на Шкотскиот Куп против нисколигашот Анан Атлетик. Миовски даде два комада во првиот дел, во 12 и 32 минута, а во вториот дел стрелаше од пенал. Ренџерс победи 5:0. Бојан Миовски сезонава има 8 гола на сите натпреварувања.

Раул на македонски им се обраќа на Србите на тајм-аут

Србија направи сензација во 2. коло на Европското во ракомет. Го доби фаворитот Германија со 30:27. Раул Гонзалес не го заборава така лесно македонскиот јазик.

Го начекале Зидан на улици во Париз

Со сигурност најголемиот француски фудбалер во историјата, човекот кој им донесе светска шампионска титула со два гола во финале против Бразил, а се прослави како играч на Бордо, Јувентус и Реал Мадрид, Зинедин Зидан решил да прошета по париските улици. Го нападнале за да се сликаат, па дури и грубо и неубаво изгледа сè ова.

Петар и Павле, Марко и Дамјан, Ненад и Никола

Ракометот во Македонија е фамилијарна традиција. Цели семејства одат на натпревари, а страста и талентот за играње често пати се наследува од колено на колено. На пример кај Манаскови прв почна Пепи, а потоа продолжија неговите синови Дејан и Мартин.

Вардар, Порто, Баерн Минхен, Бенфика, тие се

Актуелниот есенски првак и најтрофеен фудбалски клуб во земјава, ФК Вардар е еден од осумте клуба во сите европски лиги кој се уште нема доживеано пораз во првенство. Црвено-црните ја одиграа есенва супер добро и под водство на новиот селектор Гоце Седлоски забележаа 13 победи и 3 нерешени без ниту еден пораз на 16 средби.

Во понеделникот требал да потпише во Тајланд, во средата стана џелат на Реал

Хефте Бетанкор, 32-годишниот фудбалер на шпански Албасете ја има можеби најневеројатната приказна на сезоната. Тој добивал награда за најдобар стрелец во грчка, австриска и романска лига но речиси никој не го знаел до средата вечер кога направи чудо и со два гола го исфрли големиот Реал Мадрид од Купот на Шпанија.

Неверојатното испраќање од навивачите на Албасете

Албасете синоќа ја забележа можеби најголемата победа во својата повеќе од 100-годишна историја. Второлигашот кој игра очајна сезона во Сегунда и се бори за опстанок, синоќа го совлада големиот Реал Мадрид 3-2 и го елиминираше од Купот на Кралот. Албасете игра на стадионот „Карлос Белмонте“ кој има капацитет од 17.500 гледачи, но има навивачи какви што би посакал секој клуб на светот.

Реал шести пат во ХХI век испаѓа од Кралски Куп од нисколигаш

„Го допревме дното сериозно“, изјави капитенот на Реал Мадрид, десниот бек Дани Карвахал после дебаклот во 1/8 финале на Куп на Кралот каде Реал прими 3 гола од второлигашот Албасете и испадна.

Врската меѓу Иниеста и Албасете

Кога Албасете беше на работ на исчезнување, Иниеста им помогна со 420.000 евра. Градскиот тренинг-центар се вика Ciudad Deportiva Andrés Iniesta во негова чест.

Измерена бучавата за време на пеналите на Мароко - Нигерија

Откако Сенегал предводен од сјајниот Садио Мане го совлада Египет и се планираше во големото финале на Африканскиот Куп на нации, истото подоцна синоќа го стори и Мароко но по далеку потежок пат, на пенали против Нигерија.

Кога ќе речат „Го седна на газ“

Африканскиот Куп на нации стигна до завршницата. Сенегал оди во финале после триумф над Египет со голот на Мане, а Мароко ја мина Нигерија на пенали. Одиме со еден кус сегмент од вторава средба. Абде Езалзули од Бетис буквално го легна на земја својот чувар.